За можеби прв пат не сум во состјоба да ја контолирам својата мисла и да го исполирам нејзиниот израз, но ова мора да го кажам онака како го чуствувам. Прво, како млад користев утрински прдеж од прч како замена за поопасни халуцигени сретства, потоа фати шап и лигавка и влаата ми забрани приод кон моите роговни дилери. Потоа, почнав да пушам, ама влаата се повеќе ми го стеснуваше кругот во кој можев да го испуштам димот на мојата се понезадоволна душа. Па си скрстив пат кон пивце за живце, и таман пазарот почна да расте и да се либерализира, имавме троа поваќе од две македонски пива и неколку неуспешни мочки, и ете ти. Нема пјевања по 7 саати. Е преку к.. ми е, нит сум неодговорен, нити припадник на заедници на кои им е забранет ферментиран пијалак, нити болен. А страв ми е дури и само да се обидам да цирнам во идниднате каде:
- Стоби флипс (може и Соко Штарк) се лишени од еден од своите најбољи другови – ѕидарско, покрај сокче за децата.
- После серија баскет натпревари, се мава бар по едно заедно со коментар на играта.
- Ве покануваат на “донеси сам” журка, а вие мора да си го носите од вчера. Уште полошо, квантитативниот проток на идеи, мингл и алкохол е непредвидлив на такви и било кој вид динамични журки. На кого ли ќе му се јавувате во никое време? Чиј подрум ќе биде мета?
- Ааааа! Како само боли агонијата на шешбешот у паркче, у троа пооладено летно приквечериа, без тоа ладно. Ах, колку ли нетечен и горк ќе е потсмевливиот коментар кон моменто послабиот играч без тој горко-сладок вкус. Има ли посамозаљубен и арогантен коментар од еден ждриг?
- Оневозможено, ма блокирано, стопирано, саботирано формирањето на дел од младалашка, особено поундергроуд, суб култура. Или со други зборој – Јебемти Панк, кад није (бар једном) Дранк!
- Иднина во која нема “ми текна да скокнам по едно”. Каде нема ненајавени, И услужени гости. Каде спонтаноста е само сеќавање. Каде нема ми прдна да зеам скара од Петка, Љуц или некој друг кило скараџија, ама по пут и некое винце.
- Уште пострашно, иднина која ги фаворизира поимоќните со актот на ограничување на пристапот кон голтка по 19 часот. Така, единствениот “извор” по тоа време се локалите кои тро, четвороструко наплатуваат, а каде досега праксата беше да мавнеме на клупа по некое (ради уштеда), па да шмукаме едно у кафиќ цела вечер. Што би рекол славниот братучет на другар ми Ѓоко: “Тотално уништување на работничката класа”.
- И впрочем од што ќе живеат некои кепенчиња?
Верувам дека уште мнооогу апокалиптични слики може да се евоцираат. Се надевам дека поентата ми ја свативте. Промена на еден толку познат начин на живот за која си ја дозволувам да ја кажам следнава аналогија:
Malboroman си паљат тутун на зајдисонце, Bruce Lee вежбат Кунг-Фу, а Митре си пуцкета палецо од ладното му усте на ѕидарското (which is never more).
Само ме плаши дали оваа промена е на арно или не. Дали ќе има девијантни, контра однесувања, или само ќе изумре едно нешто толку балканско, што дури и инаетот изгледаше како да изумира.
П.С. Се надевам дека оваа тема ќе проциркулира, ќе биде предизвикувана, обликувана, спорена итн, она што ме плаши шо ова идиотиве можеби се сериозни.
П.П.С. Ми текна и една смешна (верувам) аналогија на една нам добро позната реторика на негирање на очигледното која се краси со изјави од типот: “Не сум јас на таа слика”, “Не сум бил таму”, “Он не ни знае што е оружја”, итн, која би гласела “Ова не е пиво во мојата рака, тоа е пиво во мојот стомак кое сеуште не го знае тоа”. (барем последнава е похрабра и искрена).