четврток, 30 јули 2009 г.
Koce Va a Paris
‘Чекај чекај, рано е за репорт, дај ти прво припреми ме таму за исцрпните и поучни средби и разговори со нивниот, после ќе пишуваш како си го поминал летото.”
“Добро, Царе” – послушно одговори полуприучениот преведувач кој јазикот на Лизаразу го беше научил од песните на Селин Дион.
И така, Коце се вдаде во нова начелно меѓуградско-терална средба. Во 5 часот по локално време пристигна на ајродромот Шарл де Зол каде ги пречека измеќарот на парискиот градоначалник, кој ги поздрави со целото француско госотољубие преточено во искрено циничната пре-окезена насмевка која велеше: “Шо кур не се земав со богатана Луси или не учев школо за да не мора да бидам сеа подвижна мапа за идиоти кои и во соба со еден агол би се загубиле.” Но и покрај тоа одговори онака френкољубезно: “bienvenue a Paris le centre de la lux, art, modrenite, romance et blablubleblubleebla sus ma bite-et lala.” - додавајќи нашироко насмевка поширока од бакнежот на Стевен Тејлер и Гоце наш заедно.
“Шо вика, шовика?” – праша царот?
“Еми, ни вика добредојдовте и убаво да си поминете и да гасите светло у хотел коа спиете и да каснете од се понешто,” - со крајnи маки срочи преведувачот.
“Е ќе, ќе! Преведиму!”
“Nous allons, nous allons!”
“Mon dieu! Шубузумакугу ка нувасузу” (најверојанто со значење идете идиjоти по патот на будалите или слично), но повоторно со истата прегостољубива насмевка им возврати Пјер нивниот прв париски домаќин. “Alllons a la hotel Y demain chez mayor, OK?”
“Aааа ок, чекај” – прекина Коце, ја ќе му одговорам – “ОК, Но Проблем, Супер!, ОК?”
“OK, mon sdkshkhsdkfhsdhfk – помисли Пјер и во превод тоа значеше - Ќ порано примавме црци, арапи, жени со три цицки, корејки кои се преправаа во автентични сауна масажерки, руски-дедомразовци со брада од чист хорс, ама ова...”
Следното утро во приемната соба на Парискиот гредоначалник.
“Ooo mon chhere colleque de loupefutredie, bien vienu.”
“И на тебе колега тi благодарам” – се истрча царот.
“Царе ама мислам дека сакаше да ти каже и нешто друго”, подшепна преведувачот.
“Абе, неам ја нaмeрa да му дозволам на некој таму полуприучен, партиски поставен поттрчко да проговори прв на една ваква историска средба. Не доликува и тоа тие тоа.” – му подвикна авторитативно царот.
“Quellqen problem mon colleque” – учтиво но сеирчиски праша Парижанецот.
“No problem, just supstitute” – со леснотија како да владее нормандиски дијалект одговори Коце.
“Quel substitute, tu ne pas le mayer de skopje, tu es sus clone, Quoa?” – вознемирено праша триколорот.
“Ноу ноу, Ај шанже ми транслејтееер, ок?” – лисовидно се извлече незнаејќи Цaрот Коце.
“Aaaaa, change le translateur, Mais, se pas dificille! Pier pran nous le transomatique sarquosic 2010.” – му подвика учтиво на Пјер кој излезе од собата и се врати по неполи две минути носејќи една мала спарава налик шпиунски томкруз стајл слушалки , за кој кажа: “Voila, prandre en votre buchuk, et Vous compris tous”, или барем така му се чу на Коцета.
Коце во недвоумење ја стави справата на глава и диригиран од знакот на двајцата домаќини дувна во микрофонот, од кој се слушна едно Duuuuf, по што следеше негов зачуден изглед на кој домаќинот возврати: ‘Обично сите мислат дека се на тонска пораба на Бритни Спиерс и дувнуваат пред виситнски да проговорат.”
“!?!?!?!?!?!Ч?”- се стаписа Коце. “Од каде вие Македонски да...аааа, ииии, абе ова... ааа вие Французите ...”
Откако воспоставија комунаикација на течен северночирски дијалект со помош на електронскиот преведувач, а оној донесен и спонзориран од Скопие доби отказ за кој мислеше дека е слободен ден во Париз, седнаа на маса да скршат по некој сериозен муабет:
И колега Косе, што конкретно би ве интересирало во врска со менаџирањето на еден град метропола каков е Париз, а за каков верувам аспирира и Скопје?Ќ – прв го разби ледот Парижанецот.
“Ооо, па има тука ред, мислам низа прашања, еве да поченеме со еден многу сериозен проблем за Скопје – фекалана канализација, како...”
“Лесно, едноставно и елегантно – го прекина Мисје. Со мотивација на маргинализираните групи, кои најчесто се во период на исчекување на виза за претстој.”
“Како?” – забрадено зачуден промумла Коце.
“Како реков лесно. Истите пестициди, пардон индивидуи со статус кандидати-граѓани, ги мотивираме да се воздржуваат од исфрлање на својот сопствен био-отпад со тоа што им организираме еднодневни пикник-прошетки во внатрешноста каде тие доброволно го донираат отпадот во развој на земјоделието преку актот на испуштање на својот наталожен отпад во нашите ниви со градинарски и земјоделски култури, за што добиваат за возврат по еден багет-сендвич и француски сок, а оние поиздржливите, да не кажам полни со себе, добиваат и голема парична награда. Така што...”
“Чекајте, сакате де кажете дека багетиве ви се олкаи оти арапи ги...”
“Не, ние не гледаме на тоа така, едноставно ние сме едно предемократско општество кое дури е жртва на нефранцуксата неспособност, да речеме нашата широкоградост оди до таму да ние мотивираме и плаќаме одредни групи за она за кое е способен секој билошки исправен човек, куче па и мачка.”
“Аиии...Серем-ти-кукуруз-радна акција...Генијално.” – со воодушевуевње возврати Царот. “А шо со ова сообраќајов шефе? Мислам, мене на глава ми се качуваат оти сум исекол неколку дрвца за да ги изрелаксирам нервозните возачи у шпиц-време. А место за ново патче ни за лек. и ...”
“Па владата тоа го прави поелегантно со поскапување на цените на возилата, покачување на данокот за стари возила, не-издавање на дозвола секому, но ние работиме поинаку – со дислокација на цели населени места или изградба на обиколници, но најчсто со добро планирање и проектирање.”
“Абе, не дека ние не планираме, ама, знаеш многу планери, килав план. А ова со дислокација и обиколници, па многу скапо тоа.”
“Па, Париз, пријателе е скап град.” – буржоаски гордо му одговори Мисје Пари.
“Абе и Скопје е , ако доаѓаш од Босилово. – подзасрамено одговорил Царот. Него, а како го решавате проблемот со јавен градски превоз во услови кога имате и финансиски и човечки предизивк.”
“Искрено, таков предизвик не сме имале од бонапарта наваму, па во однос на финансискиот дел, постојат разни начини – самофинансирање, ко-инвестирање, концесии, а што се однесува до човечкиот не баш ве рабирам каков човечки предизвик?”
“Па, да речеме дека евентуалното метро или трамвај замислен и посакуван за Скопје не наоѓа на поддршка од сите општини.”
“Тогаш изградете го во оние кои ја подржуваат идеата.” – одговори Парижанецот.
“Да, но тогаш проблем ќе биде финансирањето, пошто самите каси на општините не се доволни, ќе мора и од градската, а за таа нема да има согласност од другите, а на крајот и да биде, тогаш ќе има несогласување околу општините во кои ќе се гради и сообраќаја, како да се дели профитот, чии се чии ингеренции околу стопанисување, сообраќање, одржување итн.”
“Па тогаш, воведете алтернативен превоз, нешто како мини вовчиња како оние во забавните паркови, отворени лето, покриени зиме. Споро, ама евтино.”
“Е уште да имаше место на улиците за тоа добро ќе беше, кај нас едвај точаци се движат низ улиците.
“Тогаш, ете ти друг проект, изградба на локална фабрика за производствво на велосипеди. Дел ќе продавате дел ќе изнајмувате како градски рента-бајк. Бар за потопол период проблемот е полурешен.” – како човек кој има решение и за сида одговори месје.
“Да, ама скопјни баш и многу не се по точаци, а па после проблем е и како да се обезбедат, ќе ги крадат, оштетуваат,” - ко старо теткинско зановетало продолжи Коце.
“Абе колега Коце, а имате ли вие граѓанска и градска култура?”
“Ух, па не баш” - со засрамени очиња наведнати кон густата си брада одговори Коце.
“Па тоагш отворете школи, библиотеки и слично.”
“Школи имамe и премногу, а библитеките не ни се хит.”
“Па намалете го бројот на школи.”
“Не смееме, ќе не гаѓаат со зеленчук, а знаете колку зеленчукот е ем скап ем некој тешко се чисти.”
“Епа тогаш господ нека ви е на помош.” – со крајно-дипломатски сили одговори Пари.
“И ќе ни биде, годподине мејеер, оти планираме да изградиме црква на централниот градски плоштад, а може би и џамија.’
“Ооооо,” - со изненадување рече Месје и продолжи “па што не изградите и една синагога па да бидете комплетни, или може уште подобро, изградете еден ѕид на плачот во вашиот градски парк, па кога младите ќе ги раскинуваат своите бурни младешки врски, да имаат рамо шо се вели за плачење, a и ќе наплаќате влез 20 денари и палома 10денари, a ханзапластот може и гратис.” – веќе не можеше да издржи парижанецот.
“Ама, ве молам, ви ми се подбивате.” – подналутено врати Коце.
“Добро, добро. Ајде сериозно. Како знам вашите канцеларии се во централниот градски парк каде се уште немате планирано да градите никаков храм, музеј или космодром, извинете за последново, - веќе при крај на својата сериозност прокометира Месје Мејер де Пари, - тогаш зошто не изгрдите еден базен на отворено, ем пари од посетители, ем екслузивна 150еес денарска фотка со градоначалник у купаќи ем вие ќе можете да си ги ладите главите кога ќе ви дојдат вакви идеи.” – надвор од секаква политичка коректност искоментира парижанецот.
“Ама вие навистина ми се ругате, ви се милам, па не дојдов јас...”
“Да, да, знам на размена на искуства, па да се вратиме на тоа, го смири месје. Што ние можеме да научиме од вас, што се разбира би било не само за доборото на Париз, но и прифатливо во нашите конкретни услови.”
“Па....да не го земате нашиот пример, на пример.” – проклето искрено одговори Коце.
“А добро, што тогаш вие научивте од нас, што би можеле да примените се разбира.”
Па...
недела, 26 јули 2009 г.
Царот Гратцки 3
Си било еднаш едно девојче, толку мало и слабо, што редовно пoтфрлало на систематски контроли, и било толку машкобањасто што не успало ни у филм на Манчевски да влезе, ама толку ѕвикерасто што само книгите не и вретеле грб. И растело тоа, послушно и тивко, одвереме навреме влегувајќи во конфликт со машките деца-задевачи на девојчињата и узурпатори на игралиштето - со цел да ги одбрани премолчените и загрозени граѓански права на своите соврснички. И така и и се родило чуството за демократија, праведност и дндрмндр.
10ина години пред таа да стане мома, у смила на билошко созревање на нејзиниот организам и полова подготвеност за репродукција преку месечното исфрлање на јајцеклетките ако тоа е можно без партнер...или со други ЕУженственизборови- пред да стане биополово зрела, а полнонепривлечна, во истиот град живеело и едно бучкоглаво дете со руса коса и нејасни знаци за постоење на некаков жив сиволик оргнизам под неа. И истово ова дете, несакано од својата средина, меѓудругото и поради постојаното илеџење за време на фудбалска утакмица и општо упатени и несериозно сватени закани од типот : Ќе видите јас коа ќе пораснам, ќе видите.!
“Чекај, чекај!” – остро прекинал го Царот. Па немам бе ја 100 години време да ја слушам твојава приказна у рил-тајм. Мислам дај прејди на главното, не ме интересира мене која книга Рада ја добила за завршено трето одделение со одличен успех и културно понашање.
“Добро, добро”, рекол Боро и продолжил.
И така, еден ден, како и многуте претходно, се вратила Рада уморна од работа и капната и измрцварена шо некои копиљаци нити ги интересира нешто нити рабираат нешто, нит се разбираат од равенка со две непознати, нити пак знаат да си ги измерат а си ги праат застрашувачки големи ма муабет без потврда од нејзините егзактни инструменти.И така заспала бела рада (сама оти фамилијата и била на одмор во Велгошти) без да извади шминката од проста причина што не ја ни ставила тоа, претходното и сите наредни утра. И спиела толку цврсто што не ни осетила кога во собата влетал еден Вага Бонд кој ја втрапил во црно-блиндирано комбе со заштитниот знак на неговото животно дело – големо, шарено, од делови направено С. Не С како сихопат. Туку С како сељак, и С како ...па ќе видиме понатаму. И ја грабил овој арамијава бела рада без никој комшија да усети, и викне некого напомош на грабнувачот да му помогни ако ништо друго. И се вдал бег Бондо во непознат правец.
И така, по некое време се разбудила Рада со непријатно чуство на болен сврбеж во зглобовите, како првиот пат кога ја врзаа вакцина да и стават, со истегнати раце и филмски прекрстени нозе врзани на глужд. И се врти да види кај е, ама ништо од она што го здогледува не и е познато. Доборо не баш се, можда полиците од икеа на ѕидот и евентуално гарнитурата Ани на која лежи врзана, ама не е сигурна кој е сопственикот нивен. И се пули наоколу да види дали има некој кога слуша како некој мрда зад нејзината глава. Со дел од око здогледува фигура од која се пури чад од цигара. Фигурата вели: “Ах конечно сами”.
Гласот некако и делува познато, ама онака несрдечно, непријатно како некој кој го знае, ама не лично и кој не би ни сакала да го запознае. Кога гласот повторно вели:
“Конечно. Целта е исполента.”
ШTO!? Си помислува рада, не не можно, зарем. “Извинте, а кој сте вие и какви мотиви подлежат на овој варварски акт на грабнување и врзување?”
“Јас Радо сум твојата судбина” – уверливо како алфа мажјак и одговоара гласот.
“Чекај, чекај, не е ваљда.” – со недоумица како оној единствен пат кога не ги научи сите 100 лекции за завршното полугодишно испитување одговории таа.
“Је, је”, вели гласот следен од суратот кој се надвиснува над нејзината глава.
“Драгане црни, што тоа правиш, малициозна единко?” – со сигурност и неверување рече Рада.
“Што правам? Дојдов да си го земам својот трофеј.” – не баш сигурно како помал коалиционен партнер одговори тој.
“Каков бре трофеј, ловецу кукавички?” – напаѓачки како у најдобриот сдсм период испука Рада.
“Таков, вистински, за кој мечтаев долго, работев напорно, во мојот случај подлизурковски, и сега е мој. Само мој.” – како неотесан виленик од цртаните и реплицираше.
“Кој бре трофеј, јаду еден?” – преавторитативно но и брижливо како учителка која става кец го прaша.
“ТИ! Шеќеру!”
“Ја!!?!?! Трофеј!? Па не сум ти бре ја објект подложен на освојување , добивање или предавање! Како бре може така фалусоидно незрело да се однесуваш, ти неотесана балканса шовонистичка свињо.” – опремена со сиот психоналитички вокабулар му одговори Рада.
“А не е предавање, чесно и договорно те заработив.” – си си призна чесниот пронаоѓач.
“Како бре договорно? Кој тоа мене ме “договори” и предаде?” – женски подлутено му возврати.
“Па и Баце и Кољо.”- одговори со сигурност како тоа да беше единствената реченица на туѓ јазик што ја знае.
“Не биди смешен.” – со поднаведнати очи на крајна недоверба му возврати. – “Тој твојот логопетски недоквакан војвода може се да си мисли, ама Бране мој никад не би ме предал.”
“Сигурна си?” – праша и во тој момент и го доближи лаптпот кој стоеше на масата пред неа и цело време беше свртен со грб кон неа. “Еве погледни сама.”
На мониторот имаше отворен видео фајл кој го проследи со подотворена уста, а на кој одеше кадар од баханалиската соба на СДСМ седиштето, подоборо позната меѓу попризнатитите членови како Соба на вистианата и самопронаоѓањето, во која се одигруваше следнава сцена – Баце седнат на централниот балдахин, со колан пуштен до земја и без никакава врато-обврска им се обраќа на помладите челниви-следбеници: Шема, Гордан, Емилијан и танана: “Дечки сеа, коа се прочистивме од ова пичурајкиве и жеништава, можеме бе да ја фатиме работата онака од почеток за муда, ме разбирате. Без цилемиле, пичкарење или вака не требало. “
“Ова не е вистина” – ладнокрвно уверена прошепоти таа. “Прво ти си познат монтажер, второ вчера му седев на баце у скут за претседничко милување и ми кажа дека сум највитална алка - слушна алака - и трето шо ќе сум ти ја воопшто???”
“Секс шеќеру!” – со очи полни београдски силикони одговори.
“ШОООо?!?! Сеекс!? МА што ти е тебе фалусу еден недоквакан.. Абе ти немаш три чисти у глаа!”
“Не, те имам тебе у глаа, а наскоро и ти мене ќе ме имаш у себе”– крајно сељачки додаде.
“Абе ти ... и зошто јас? Па ене ти ја Ивона”
“А не Шеќеру, Ивона ми е шваљерка. Знаеш, тоа ти е секоја друга жена за која сакаш секој да знае. Дрскоста и распиштвото ти се сеа на цена душо моја пионерска. Мене ми треба Ивона за луѓето да не ме заборават, да ме зборат, да сум секогаш у фокус. Кур мој сваќаш ти нешто. Ај вака, жена ти треба за да те сметаат за нормален, прифатилв, шваљерка е за да си популарен, ин. Фокус на внимание. Публицитет бејби, не знам дали можеш да разбереш. Еве ти пример. Драган Антовски е фин дечко, до некаде. Ама кој го збори бе!? Нема шваљерка, за што ќе го зборат? А башка сум ебел ја се од вардара до триглава, освен цура со пуна-глава. И затоа ти си ми врвот на достигнувањето, ијам се – жена, шваљерка, курви, ама нема секс, драж, знаеш. Тио си ми Радо како да кажам ВРВ – на сексоактуелизација.”
“Чекај, чекај, не ме мафтај” - извика царот – “па не ме еби у здрав мозок, кој би сакал да ја онади Радмила бе” – подналутено викна царот.
“Пааа., прво само Латас е доволно луд за тоа. Второ сигурно не би го опнал Заев, шо ќе помислат луѓето - ама грозен middle-east gay porn. Или пак не и би го на онаа превртенана и превртлива Битолчанка. А и кој ќе го знае, на крај може на судниот ден ќе сака да се пофалил дека ја ебал социал демокртијата у здрав разум.” - се извади Боро.
“Е прав си тука, типот е луд” – се согласи Царот. “Туку ај продолжи.”
“Одвратен си Драгане одвратен! – извика таа – јас врв на твоите желби. Боже ти си болен – како жртва која не е свесна дека не е во позиција ни да напаѓа ни да преговара извика.
“Одвратно дигнат. Повеќе дигнат него одваратен у моментов. Него Радо, дај да прејдеме на работа” – сељачки заводливо и потфрли.
“РАБОТА!?! КАКАВА БРЕ РАБОТА ПЕРВЕРЗИО ЕДНА!? “– како никогаш до тогаш се развика.
“Па сигурно нема да пишуеме устав, гуско една. – пресаркасрично одговори, доближувајќи се до неа со полураскопчан патент. Еве вака ќе направиме ти сега како послушна ученичка во католичко школо за жени во северна Германија ќе ја ставиш таа бела нежна рака во оваа темна пештера каде спие змијата и...”
”Чекај царе, Врааатиии се, да го слушнеш крајот.” – извика Боро низ полуотворната врата низ која како гром од металска тетоважа истрча Царот. Одеднаш во собата се втурнаа и царскиот аскер на безбедноста и оние четири жандарми кои го чекаа да го спроведат на ислушување по пријавата од Ива, и секретарката на Царот за и таа да види шо се случува, онака ради реда.
Откако сите го сардисаа, а Боро се најде во центар без излез, за првпат во животот ИСКРЕНО помисли Шо кур напраив?. Не требаше долго да почека за да го открие одговорот. На вратата се појави царот се уште бришејќи ја устата и шприцајќи си mouth-refreshener. Откако заврши му се обрати:
“Добро бе Боро, знам дека неки луѓе јадат грав со мармалад, други пушат и прдат исто вереме, и дека не се е споиво, и сватив дека само во приказни некои работи се споиви, ама можеше бре да ги ставиш во кино, Рада на пат кон веце да му падне во скут на Латас, да ги споиш у болница како примаат заедно вакцина против свински грип пошто Латас е свиња, а Рада јадела вешалица, или нешто слично, ама не очекував вакво политички невкусно и некоректно порно.” – растревожено, но коректно се развика Царот.
“Ами Царе, јас само сакав...”- пропелтечи Боро.
“Абе, знам шо си сакал и сваќам оти задачата била тешка, и затоа сум спремен и да ти простам што ми је разори утробава, и што ме подучи дека ако ногата не влева во кондура немој по секоја цена да ја клаваш. И затоа , а заота што си и толку храбар и прехрабар, тука пред сите изјавувам оти зет ќе те сторам.”
По бранот восклици и народни годувања, царот продолжи:
“Лели си олкав мајстор, можиш ли и за раката на најмилиот ми внук ПарЗе една задача да опраиш?”
“Да пробам Царе”, скромно и задоволно одговорил Боро.
“Еми, коса да ми сториш шо велиш?”
“Велам, до сега заработив прекршочни, и велам млад сум за мозочен.”
“Хахаха!” - Се поднасмеа Царот колку брадата и намргодниот сурат му дозволуваа, и го потчукна Боро по рамо и рече:
“Гледам дека ова е само почеток на еден долг апашлук од кој некој ќе го извлече подебелиот крај.”
“Ако тоа е задникот на Концесија, јас сум за” – полунасмано одговори Боро.