недела, 16 август 2009 г.

Јабука или Не

И во стилот животот пишуе романи, али у мојов случај најчесто вињети и кратки раскази, моето вчерашно пазарско искуство вели:


Идам ја на пазар, меѓудругото и да купам јаболка, по можност непрскани, за Гала (мојата ќерка, за неупатените). И се думам како да откријам дали на прашањето: ”Дали се прскани?” ќе ми дадат верен одговор. И ги глеам јабуките по тезги, и сите ми изгледаат ко самит на пионери у чест на Ким Јонг, совршени редови од клоновско застрашувачки индентични јаболка по форма, големина и боја. И знаев дека не се тие, од ко шо велат нашите и продолжив се до крајната тезга каде имаше едни така по разнолики примероци од бараниот вид.


“Јабукиве прскани ти се, дали знаеш да ми кажеш?” – прашав еден од тезгаџиите, кој ми одговори:

“Не беее, како прскани? Кај мене у двор сум ги раснел”

“Значи домашни ти се?” – го потпрашав.

“Aбеее, најдомашни, подомашни само у дневна да ти растат.”

“А сигурно ти се непрскани? , оти подобро да знам, за мало дете ми се да не направиме беља!” – полускептично додадов.

“Не бе каква беља. Беља! Каква прканица. Од дома ми се. Абе Есат сум го качувал горе да ги бере он правел беља. Есаааат дојди бе да му кажуваш на човек како си паѓал да види” – му подвикна на соработникот помлад од него, и најверојатно брат негов.

И ете ти трча Есат и му вика: “кажувај бе брзо Сабри оти имам проблјем со бостан и две жени”.

“Ајде покажувај му начовек каде си паѓал кога сум те праќал горе по јабуки, ајде”

“Абе еве овде” – покажувајќи кон и онака издрсканите потколеници, потврди Есат. “Еве тука сум се гребел”.

“Ете глједаш. А ти не веруваш! Прскани! Ајде колку ќе зимаш чорбаџи и ќе ти давам и една за по пут од мене да се свежиш. ”