Улици, ноќи, алкохол
и малку голотија
Првата ноќ имав прилика да прошетам низ градот кој има многу
чуден инфрасртруктурен релјеф. Улиците навидум
изгледаат прави, но сообраќајот не само
што не се одвива праволински повеќе од 100 метри , туку делува и чудно. Некако геометриски непредвидливо, без никаков патерн
, идеш 30 метри право, па одденаш лево, па горее, па доле. Една улица не се надоврзува или спојува со
друга под диктумот на математиката и нацртаната геометрија,туку под
диктумот на затеканата релјефна
структура. Полсе цела помината недела сваќам дека Хелсинки е изграден на
брдовит, карпест терен, некој вид речно каскадно тло, и од таму и таквата
разиграна површина. Она што не го сваќам е зошто овдешниве власти не си увезат
Кинези, Црнци, Балканци, онакви зарументи деца, селјачиња со црно под нокти, и
да фатат тоа копачот и да го напават градот рамен ко тепсија за зелник. Нејсне,
не им дошло до тоа, или можда самиоит терен е ко рошава тинајџерска кожа чие
поткопување ќе донесе повеќе проблеми отколку решенија.
Најголемата енигма пред да дојдам финското летно деноноќие,
делува само на почеток чудно ради тоа што е ново, докај 11 , 11 ипол навечер е ден со мнооогу долго
приквечерие, а тогаш околу 23Ч30 настапува самрак, полека се стемнива се до 12
ипол, еден, ама не е тоа некој тотален, одлучен и дефинитивен мрак, мрак во кој
можеш да се сопнеш и да останеш без новчаник, или без невиност туку некако е
налик на продолжено приквечерие. Возбудливо е што на едната страна, мислам дека
на југ, иако еден пријател вели исток, е
темничко, речиси како кај нас, а на север/запад е онака приквечерински светло,
а меѓу тие две нијанси сме ние, потојано растегнати меѓу двете, како да сме
заглавни меѓу нив. Колку да одиш и се
доближуваш кон едното или другото, никако не можеш да ја достичеш ни едната
нити другата екстрема, како да си неповратно заглавен меѓу двете. Симпатично. Што се однесува до изгрејсонцето, нити
тоа не енекој нагласен климатски акт. Два саати е некеко приквечериснки (од
полноќ до кај два) , а после тоа почнува да се разденува, процес кој трае
неколку саати, и праскозорје нити има, нити изграјсонце, барем не онакво какво
ние знаеме – една бурна, кратка и тенка бариера меѓу ноќта и денот. Сето тоа е
толку постепено и бавно, што целат магија на раѓање на денот е само замислив
дизниев трик.
Назад кон темата финска ноќ. Пред
поаѓање мислев дека тоа ќе биде реален проблем за мојот сон, се уверив дека
уморот и возбудата од денот се доволни иницијатори на сонот , дусри и во една
посветла ноќна варијанта. А ако тоа не пали, вотка е ссекогаш едно од решенијата.
На истава тема, алкохол и тоа во форма на порок –
алкохолизам – е прилично присутен во Финска. Денес, недела 15 јули бев на базен
и во 9 саат наутро видов млади дечки, тооотлно начукани. Ај да беше 12, па ќе
си речеш прерано замезиле, или е 6 сабајле па довршуваат, ама 9-10 наутро ми е
најсумптоматичниот алкопериод од денот.
Домаќините ми потврдија дека алкохолизмот е голем фински социјален
проблем, ама она што ме зачуди е нивното инсистирање дека другата е речиси
отсутна од хелсиншката субкултура. Јеби га , у земја со најголема стапка на
самоубиства во европа уште и кое апче им фали.
Неповрзано, но овој репорт би го заврчил со темата на однос
кон човековата голотија. Нели тргнав на базен да одам? Тука голотијата одамна не е табу, однос кој се рефлектира и на
механичката сексуалност за која ќе раскажам подоцна. И така, цел базен, машки
оддел се шеташе гол, пред мене, без никакво меѓусебно ѕверење, така што после
минута ми дојде толку приордно што можев да раговарам со лужето без да ми се
пафта сликата на нивниот свиснат патлок у глава. Секшуал либерејшен?