четврток, 11 февруари 2010 г.

ЦрвенКака 1

Незадоволни од постоечките наратолошки матрици,поточно од нивната идеолошка заснованост и неприроданата, вештачки создадена вонвременост, како и не фер третманот, поточно претставувањето на одредени ликови и нивните односи; а да не зборам за морално дидактичките вредностии и слично, ја и Гала решивне да си раскажеме прикаска по наш терк.

Прикаската је позната и во неа станува збор за девојче кое за малку ќе небе поради непослушноста кон својата мајка која е инаку мишн сендерот у оваа сказна со изричито матријархален дух и доминација на мадр-фигр и женски принципи и свашта, а уствари можеби станува збор за food-chain и обидот на еден кутар гладен лик да се вмеша у такоречи синџир на потрошња, а у ствари он си е само гладен лик, а трагичен е зашто тој е непланирана додатна алка во синџирот (го јаде јадачот). Приказната е воедно е и приказна за отсуството на фадерфигр. А знаеме дека цело е кога има се. Башка и приказнава е олд-фешнд. И така, главниот лик на приказната во доминантните приказнологии се вика Мома со црвен шешир, али слободно може да се вика и Жане, и Сузе и Примавера. и...


Си беше еднаш едно девојче кое мајка му еден ден му рекло дека треба да појде кај баба и која живеела таму даалеку на крајот од шумата, или Драчево ако милувате. Кој К бара една баба да живее така длабоко во шумата (АКА Драчево) никому не му е јасно, ама можда комуналните стапки на тоа место се пониски, кој знае. И така, мајката му рекла на девојчето:

Еве ја ти спакуев леб интегрален од жито лукс, маармалад од смокви ама од оној на Ге-Ем од Гевегелија, порано позната како Зора, пошто тој е единствениот што баба ти го сака, и едно парче путер од златниот олденбургер затоа што при собна температура најбрзо постигнува мачкователна состојба. Ете баш ова ти ќе и го однесеш на баба ти и по пат нема да застануваш да збориш со никого, дури ни со Кили.

Е сеа, зашто дејчево морало да носи кошница купена од пластичарите полна со омилени намирници за бабата во услови кога Хедис е секое ќоше, Тинекс никнуе на секој поголем пат, а Систи Бајк СТВАРНО фураат и по зима и по снег, за разлика од епски опеаните поштари, ич не е познато и јасно. Али ај.

И кинисало момево полека пешки, демек немало пари за автобуска карта или слично, и идело така право и малку лево и десно и кога ооооп, на сред пат и се опрчил еден постар елегантен; good looking, со манири на француски шавлјер од доцни 70ти, но без Џексонски нагони, господин, или порано познат како чичко. И и се обратил: Гледам носиш кошничка полна со највкусносто најблаго слатко од смокви на светот. Сигурно ќе е за некој драг кој има високо префинет вкус, а дозволи ми да забележам и истиот се одликува со вонвремснска убавина судејќи по тебе како негов изданок.

Зацрвенета и поцрвена од слатко од сушени вишни помешани со шумски јаготки, девојчето му одговори: Ах господине, јас...јас. нависитна ви благодарам...ама и неможам да зборам со вас поради строгата домашна педагошка забrана да терам муабети со непознати.

Непознати!!!, ох девојче, па извини ја мојата дрскост. ....да се претставам...јас сум познат како ...Вукашин Лупевски

А смеам ли да прашам каде така натоварена со нутриционистички благодети си трганала?

Кај мојата баба.

И зошто ти и го носиш јадењето на баба ти? Зарем она сама не може до пазар со шик-каро пазар количка да се добутка? Не може ли сама да се грижи за себе? Беспомошна ли е? Инвалид ли е?– подизбезумено праша.

Разочаран under false assumption, мислејќи дека бабата е или инвалид или у најмала рака неспособна да се грижи за себе, тој и у стилот на разочаран риболовец кој или лови во плитко или нема Дачија, со екстра цинизам додаде: А зашто па толку далеку живее баба ти? Да не е социјален случај или е под сис за становање или?

Па мама вели дека ако ние се грижиме сега за баба таа ќе ни биде видливо благодарна кога ќе си замине. А живее таму цел живот. Па господине Лупе, има живот и подалеку од оваа наша улица.

А зошто живее сама, зарем не и треба друштво? – со новоразгорена надеж и намера во очите праша тој.

Па мама вика дека баба пати од ретка болест која се манифестира со нервни напади кога некој е во нејзино друштво подолго од 15 минути, ама јас мислам дека тоа е изговор и оти на баба стварно и треба друштво, ама најверојатно јас и мама не сме соодветното друштво. Можеби вие би можеле да бидете утеха за една стара осамена особа,некако пренаивно и со пимповски сјај во очињата му возврати девојчето.

Аха, - значи не ќе да е физичка неспособност во себе помисли Лупе. Ќе да има тука нешто да се збрчи или залогаји помисли тој. Добро тогаш, а каде точно живее?

Па на Петар Кубурски Ѓулето – одоговори девојчето, во драчево.

Ѓулето!?, па јас сум се опијанувал со пола поштари, се знам со скоро сите таксити и останатиот underdog slum, ама поима немам кај е тоа, и која е таа точно улица?

Па таа е главната кај градинката порано се викала Милка Планина и Наница или слично – со видлива мака да се присети и со изговор ко да има полна уста жежок фрит одговори девојчето.

Аааа, Планинц, сеа ми текна.задоволно одговори.

И така се разделија секој по својот пат, обострано глумајќи незанење за своите наредни чекори и истовремено сигурност дека наскоро пак ќе се сретнат.