вторник, 11 август 2009 г.

РомоКап

Одејќи накај Веро по лична работа, од далеку ме пресретна онаа очајно-безработничка, социјално не-осигурлива и барателно непогешива фаца на малолтено Ромече, во случајов Ромка од 10ина години, со рака млитаво подадена нанапред, исценирано мрсулав поглед и конкретно, непогрешиво и единствено барање: “Господине, дај 5 денари”. Приближувајќи се не бев одлучен како да возвратам, дали како што вели мојата драга Г(ага)-ЃА: “дај ми ти прво десет па ќе ти дадам пет”. Oдеднаш подазстанав, и и се обратив:

“А што ќе ми дадеш ти за пет денари?”

“Дадам?!?!” – како прв пат да го слуша зборот изговорен од туѓа уста, зачудено ми се обрати. “Па што треба да ти дадам?” – спремна да преговара за добивка ми возврати колебливо.

“Па на пример нешто за тие пари, како на пример приказна” – вториот свој адут го истресов. “ И ако е добра ќе ти дадам и 20 денари.

“ПРиииказна, што приказна” – подзбунето ми одговори.

“Па на пример приказна за девојчето Црвенкапа” – одоброволувачки предложив и и покажав 20 денари како почетен коцкарски влог.

Со подзината уста но поглед кој бара некој ментален текст таа почна:

“Си живееше Црвенкапа дома и татко и не и даваше да свири оти таа беше женско и мораше да работи по дома”

“Да работиии по дома?!?!?1” – тотално факинг непотготвен со смеење напнато пред експлозија ја прекинав. Но откако успеав да ја потсмирам нејзината збунетост и подповлеченост, поткрепени со 20 денари и мавтачки дополнителни 10, таа продолжи.

“Па она мораше да работи дома, да пере, чисти, праи ручек, да праи пари и многу си пееше и сите и викаа многу убаво пееш, и она си пееше и така”

“И?!?!?”

“И еден ден без да знае татко и она се пријави на Ромалеско-Европесно (ова е слаб обид да го пренесем она што ставрано ми беше кажано) и пееше у тој фестивал и си зема прва награда”

“Aaaaaaa” – со манијачно-адиктивно повишен глас се обратив во очекување на продужеток.

“И после пееше на БеТе-еР, и на свадби ја викаа и така ”

“Ииииии” – со преподадена глава и 20 денари истапив.

“И после она стана многу позната, и тој шо и правеше музика сакаше да ја жени и носи у Германија ама она неќеше и си остана дома ”

“И?!?!?”

“И така она стана најдобра певачка....у Шутка и свет.”


П. С. Ова беа навистина најдобро потрошените пари во последно време, до степен што за прв пат почуствував дека и парите се безвредни, но за девојчето кое ме воодушеви 100ината денари не беа ни доволни...кој знае дали некогаш ќе бидат. Но ако се затекнете на аголот кај (дури ми се гади дека треба да го спомнам) Мек Доналдс пред Веро во Тафталиџе, побарајте го овој мал карактер.

1 коментар:

dzaMski рече...

која приказна, одлично. се насмеав поштено. да и веди приказната повеќе од 100.
браво за пристапот и комуникацијата со тој карактер ме воодушеви.
поздрав!