Како е ова поврзано со мојата нова муза-трчањето, епа верувам дека има врска со случувањето. После истрчани стотина киилометри сезонава, и се позачестено прашање: ‘За кој К?’ Полека ми дојде одговорот – тоа е случувањето, тоа е борба против сивилото и монотонијата, но и еден од ретките домени на човечката слобода и правдина.
Во тек на долгите(за кого како) часови на подготовка и особено во контекст на ултрамаратон, тркачот се соочува секој пат со монотонијата на редовниот чекор, срцебиењето и здивот. Да правите нешто подолго од 2 саати е успех сам по себе. А замислете тоа да не гледање филм, читање книга или слично, туку само едно , исто и во недоглед повторливо тк,тк,тк,тк,тк проследено со хгххх..гххххх,ххххаааххх... е за ова треба психа која може да издржи се.
Ваквата активност (зборам за вистинско трчање, не пододнување со муабет) е време поминато само за себе (од тебе за тебе), не она што жените го нарекуваат ‘време за себе’ кога педикирско-естетските захфати врз телото им нудат чуство дека здобиената убавина ќе им донесе поголема самодоверба и животен ентузијазам. Не велам дека не треба тоа да го прават, само не е тоа тоа (........). Кога трчаш, целото време е твое, само за тебе, и нема никој друг, тоа не нешто што друг може да го доживее со тебе, нешто што друг може и треба да го види или осети, тоа е тоа – единственото случување во светот во тмоментот во кое се наоѓаш само ти. Момент кој е речиси во целосна твоја контрола, затоашто зависиш од фактори кои можеш да ги контролираш (како брзина на чекор, избор на опрема, време и место), или пак од фактори кои никој не може да ги контролира (временски услови). И без разлика дали е релаксирачки трк, тренинг, или трка, ти си сам на себе, ти си својот единствен противник, својата сопствена референца. Треба човек да е во најкомпромисен и пред се разумен договор со своите можности, борбата против анатомијата е залудна. Тоа го знам јас, и сите други, како и нашиот драг приајтел од Кенија кој вчера победи на маратонската трка по цена на мал ризик (за нијанса поголем напор од тогашната можност). Таквата трка со самиот себе е домен на слободата и фер плејот. Пред тебе се само поспремните, посилните и поискусните од тебе, за разлика од сивата наша реалност за која збори Неле. Тука нема ничиј вујко во Асоцијација, нема голман што несмасно примил гол, нема ...нема забрани освен анатомските, нема нечестивост, освен допинг кој е редок и нема корумпираност, оти кој е спремен во услови на мала материјлна поткрепа и ,мнооогу часови подготовка да се откаже од вистинското само-постигниување. Вчера имаше чика од 72 години кој трчаше маратон. Тој за мене не е подготвен да се откаже од животот, од натпреварот, од чуството. Зошто тоа би било поинаку за најспрмниот 30годишен шампион?
Ете за чиката (на мои 15 години би го викал дедооо) мотивот е чуството на живот, за мене...пааа убаво ми е понекогаш, ме прави задоволен, ми дава чуство на посветеност, редовност и успех....за разлика од се друго што правам, ...а ова што сега го пишувам е добро или лошо или здодевно или неинвентивно или ....ама таму мои драги има бројка, една единствена која нелицемерно и точно ми кажува се.
Нема коментари:
Објави коментар