Ако тој ден зaгинев враќајќи се од работа, медиумите за тоа најверојатно би известувале вака:
СЛОБОДА ВО СПРОТИВЕН ПРАВЕЦ
Или Asinarius in Fabula
Денеска некаде околу 16 часот и 30 минути на автопатот од Тетово кон Скопје се случи можеби една од најбизарните сообраќајни несреќи. Возилото марка голф 1 (кец) управувано од 38 годичниот И.М. (а во кое имало уште четири патници), движејќи се со брзина од 120 километри на час, се судри сo разјарено магаре кое според исказите на очевидците разулавено галопирало во спротивен правец, движејќи се во истата сообраќајна лента како и возилото.
По деталната полициска истрага се утврди идентитетот, но не и мотивот, на животното предизвикувач на несреќата. Се работи за магаре, поточно магарицата по име Живка, во сопственост на К.Ш. (54), од село Гургурница и кое последен пат било забележано во селскиот атар половина час пред немилиот настан.
Според исказот на сопствникот се работи за магарица која по својата природа била доста питома и послушна, но знаела и самата понекогаш да заталка по околните ливади, притоа секогаш наоѓајќи го патот кон дома. Од таму и неговата зачуденост кога ни сподели дека: “јa не знам зашто она бегала кога цел живот сум ја чувал ко свое дете, сум ја ранел, галел, све”. Истотo мислење го споделија и некои од локалните мештани кои изјавија: “Абе она била многу мила магарица. Сви смо је волели. Сви. Никогаш не е правела бељи, да иде у туѓ двор или слично”.
Иако доминантно, сепак ова не е единственото мислење што го понудија селаните. Еден од нив, кој сакаше да остане анинимен, а важи како последниот сведок кој ја видел магарицата како споулавено истрчува надвор од селото, ни се довери: “Ја лично незнам, ама се говори дека животињата била често пати и тепана и злоупотребена од страна на газда. И дека он намерно ја терал да работи тешко оти нејќела да му раѓа. Уствари не можела. И затова он ја казнувал, а коњите не ги терал на тешко. И коњите и фаќале сеир. Не знам, може му се наљутила магарица”.
Последни кои ја виделе магарицата се преживеаните патници кои шокантните мигови ги опишаа на следниов начин: “Се се случи многу брзо. Одеднаш се појави магарето, возачот немаше време најдобро да реагира и се удри во него. Најчудно беше што самото магаре изгледаше како воопшто да не се плаши од смртта. Имаше чуден израз на лицето како да не му е гајле за ништо, и поглед насочен некаде далеку зад видливите ридови” – изјави Г.Ф (42) кој во тоа време се враќал од работа.
За одговор на прашањето дали се работи за малтретирано и навредено животно кое своеволно решило да избега од таквите неподносливи услови на живеење поминувајќи ги последните мигови од животот слободно, неприсилено, движејќи се по пат кој за прв и последен пат го избрала самата (за жал во спротивна насока), или пак се работи за човечка нехуманост и негрижа која довела до таков немил исход, му се обративме на г-дин. Анамушкоски, висок референт на МВР, а воедно и експерт во областа на вончовечка комуникација и ветеринарна психологија, кој ни објасни:
“Видете, како што сите ние знаеме животните не само што се способни за комуникација меѓу себе, но и самите реагираат, пред се емотивно, на однесувањето кон нив од страна на луѓето. Со што самиот акт на бегство на животното може да се протолкува како резултат на подолготраен, свиреп однос кон него, период во кој животното живеело во постојан страв – емоција која нормално се јавува и кај животните. Она што зачудува е изборот на патека за бегство. Во нормални услови, животинскиот инстинкт би ја навел магарицата на сосема поинакво, повнимателно однесување. Но, тука или станува збор за психичко нарушување на животното кое довело да суицидална интенциозност или пак до тешки телесно повреди кои довеле до неразумно однесување кај магарицата и дезинтаграција на чувството за опасност. Многу малку е веројатно дека некој ја натерал магарицата на таквиот акт”.
Како и да е прашањето на одговорност за сообраќајната несреќа останува нерешено што имплицира на тоа дека жртвите не само што нема да знаат каде, но нема да можат ни како, да ја задоволат својата правда и да го остварат државно и правно грантираното право за безбедност и сигурност на своите животи. Во меѓувреме најгорештото прашање останува да биде: “Каде е магарето во приказната?”
Истрагата е во тек.
6 коментари:
Локалниве медиуми никогаш не би обработиле толку добро некој настан :)
Еве докази: Возач на комби удрил во магаре - Време
Настрадал од магаре со дрва
фала, ќе имам на ум во следната ми новинска кариера. :))). мене искрено ме (само)бендиса мојава приказна токму заради тоа што е приказна која се гребе на не толку прикажувачки жанр. како да е благодарам
не ме сфаќај погрешно, сторијата ти е одлична :)
напротив, најверојатно нашето меѓусебно непознанство, а со тоа и нашите смисли за погрешност, грев, шприцер, гирици, мухабет, хумор итн. се испречиле како комуникациски пречки. Па, предлог? Амандман или идеме од почеток на озаконување?
Повторно благодарам на пофалителниот коментар и се надевам дека овој пат не ја "оплескав".
Hahaha. Skoro i zaboraviv na ovoj nastan. Bas se iznasmeav (lugjevo pocnaa cudno da me gledaat od strana vo bibliotekava)
Btw, vozacot vozese vozilo GOLF 2 :D
Pozdrav i blogot e extra
@igor: fala i na kompliment i na preciziranje na markata. inaku pred nekoj den te pomisliv kako ti e preku okeanot. ako ne gresham.
Објави коментар