четврток, 11 декември 2008 г.

Поткопување

Другар ми Дончо е Археолог. Арно ама никогаш и не се потрудив да сватам што тоа значи. Долго време воден од своите неинтереси и предрасуди (па дури и сега) археологијата ја сметав за уште една историографска, документаристичка дисциплина, за пракса на ‘копање’ (но не и поткопување судејќи локално) со цел на реконструкција, реинтерпретација, потполнување и подизменување на “вистината”. Дрн дрн јариња. Толку е ископано, а Македонија пак е бивша и остало. Арно ама, за неспособноста , или пак досега малку направеното, во однос на промовирање на локалните наоди во светло на добивање политичка и економска наклонетост на светот кон нас, нема сега да говорам.

Интересот тука ќе го насочам кон самодговарање на прашањето што тоа археологијата прави, или не, и кои се некои од можните импликации и нужни ориентации на таквата пракса. Мојот светоглед ми налага на археологијата да погледнам како една специфична, донекаде сосировска семиотика (дијахрониско-синтагматска, која знакот го сематизира релационо со останатие, но истовремено и функционалистичка ради тоа што предметот-знак е до некаде и одреден и толкуван во однос на неговата функција.Исто времено археологијата е и идеолошка, и претставува мит на животот во потрага по својот почеток, зачеток, и тоа парадоксално преку знаците на својата смрт (мора да има гроб, нешто да се закопа за да има археологија, од друга страна таквата потрага е исто толку јалова колку и мисијата на археологијата ако застане само на таквата потрага).

Tаквата семиотика е заснована на археолошкиот пронајдок - артефакт, семиотички гледано-означител чие значење се обидува да се одгатне, контекстуслизира во рамки на не секогаш добро познат систем на останати, поврзани и неповрзани артефакти-означители. Појдовна точка во тоа е материјалноста на таквиот знак, на материјалот од кој е изработен, формата, дополнителните знаци присутни на него (пр. Одредени слики на вазна). Во рамки на опшатата археолошка тенденција – датирањето, истиот знак релационо се контекстуализира со останатите кои веќе се датирани, а со тоа и заробени во времето. Понекогаш веќе најдените се предпочетно толкување и претпоставка за она што може допрва да се открие, така што поетски гледано отстапките и случајностите не се дозволени.

Во ваквите документаристички рамки, најнагласен правец на толкување, како споменав, е функцијата на најдениот предмет-означител, функцијата и статусот на неговиот сопственик, неговата домицилна или увезена природа, одредни воено-економски врски помеѓу сопствениците и останатите и слично.

Она што мене ме збунува и ме остава во недоумица е што, и пред се колку, ваквата функционалистичко-домкуметаристичка семиотика на артефактот кажува за луѓето, нивните односи, чуства (човештвото во целина). Секако дека слика од фараонски кревет на кој некој го трти фараонот кажува за ентериерскиот вкус, половата припадност и сексулната ориентација на фараонот (ако земеме предвид дека вазно-сликарот не сакал да се позеза со фараонот) ама тоа многу не кажува за љубовта, старста, сексот. Од друга страна, не сум најсигурен дека страста на обичните луѓе била достојна тема за поетски израз.

Археологијата не нуди целовит и прифатлив одговор на прашањето: “Што точно ископаните предмети, и теориски и пред се практично, (ни) значат?. Или барем до таква претпоставка може да се дојде судејќи по нејзината локална тишина. Мене лично поинтересни прашања ми е се – како археологијата успева неповредена да го исклучи нематеријалното, она што не може да се закопа, па откопа? Што станува со незакопливото? Со нематеријално, па дури и немртво? Каде се тука вампирите, врколаците, народството? Дали со тоа што е фокусирана на материјалната култура го исклучува почовечкиот, или оној поинакучовечкиот дел од нас, а со што самата станува анти хумана? Но истовремено, таквиот стеснет интерес на археологијата го поставува и прашањето дали има воопшто нешто надвор, отаде материјалноста.

На крај на краиштата, дали некој ги прашал закопаните дали сакаат да бидат откопани? Дали откопувањето на свети гробови, на заедници кои верувале дека одат во вечниот задгробен живот, не е сквернавање? Но ми се чини дека откопувањето и не ги вознемирува мртвите толку колку живите. Како реков на почетокот, откритието на еден нов фараон се слејува во општо човечко знаење, достапно за сите, но најзначајно за оние кои најмногу политички и економски (политички како промена на книгата историска и ставот комшиско-светски, економски како туристичка примама) ќе профитираат. За жал, такво ‘вознемирување’, како реков поткопување, не гледам дека има кај нас, што пак до некаде ја доведува ‘копачката’ пракса под знак прашалник.

1 коментар:

Tako рече...

е ќе си самокоментирам, кој му ебе матер. што туку дојдов на помисла дека археологијата ќе умре кај и дае. во сегашно време има толку многу материјални сведоштва, што археологијата од иднината ќе се презатрупа со работа. од друга страна истите се тривијални до степен да не предизвикаат внимание. но поголема опасност се дигиталните сведиштва, записи и високо развини околности на комуникација, водење статистика и шпиунажа, што археологијата која сака да преживее треба да се сајберизира и копа по интернет или слично, а тоа го праи секое детенце на светот.
и би било интересно да се замисли помалку елитистички настроена ареологија (кон значајни пронајдоци) - на пример за 80 години некој археолог да најде хартија во која бил завиткан сендвич од 7ца, или камел или метропол. и врз основа на тоа да дојде до феноменално откритие за бизарните прехрамбени навики на минатиот век. истот така е кул да се најде и некој кондом на водно во постгруевски период каде кондомот е забранет. Иии, одлика на револуционер.