Од немукает решив да почнам да си пишувам рецензии ем како ментална ем како јазична вежба. И така изборот падна прво па машко, на ми се чини еден од двата, документарни филмови на Кустурица – Марадона. Пошто очекував дека ќе биде биографски документарец, така и ќе го коментирам.
Генерална замерка за документрецот е дека Кустурица не во целост успева да претстави комплексно и пред се целосно изграден лик. Го претставува како божество, обожувано не само во својата земја. Како страшно талентиран и посветен фудбалер, за што говорат и многуте снимки од некои од неговите највеличествени голови и неколкуте изјави на Марадона од своето детство и младост. Во целата приказна на успехот не е изоствен и митот за Rags to Riches. Го претставува и како татко, но само низ призма на неговата битка со дрогата. Се чини дека најинтересен, барем за Кустурица, е политичкиот контекст во кој го сместува Марадона, од една страна неговата поддршка на Кастро и пријателите, од друга стрна политичката димензија на победата против Англија 1986, само неполни две години по Фолкландскиот конфликт. Но од друга страна пак, го прикажува како следбеник, а не револуционер, водач. Марадона пренесува општи анти-американски ставови, а Кустурица како да не се труди да му овозможи елборација на ставот, ако тој воопшто ја има.
Конкретна пак замерка е она што би се рекло натурање. Дали во недостаток на инспирација или идеи, Кустурица на моменти дури и очајно се обидува да ја универзализира приказната на Марадона, за кој и самиот вели дека слободно може да биде лик во некои од неговите филмови како Татко на службено патување, Се Сеќаваш ли Доли Бел и Црна мачка бел мачор. И тоа го прави на повеќе од доволно наврати уфрлувајќи, контекстуализирајќи сцени од споменатите филмови. Друг вид на упад што го прави Костурица е само-уфрлање во приказната. И тоа не само со тоа што го носи Марадона во Белград, го запознава со својата фамилија, повторно во обид на универзализација на приказната (за сиромаштија, жртвеност итн), но и преку претерувањето во повикот на Диего кон неговата мајка, која починува по некој ден, како вели Кустурица, со гласот на Марадона како последен спомен и опроштај од овој свет.
Сепак, она што иронично за мене е и најдобрата и најлошата страна, на документарецот се личните опаски, забелешки, аналогии на Кустурица кои колку што му давата извесна ‘тежина’ на документарецот, истовремено го оддалечуваат од целта да се ицрта еден човечки портерт. На крајот, сепак тоа е гледиште на Кустурица, не на Марадона. Али ипак, мене нај допадлив ми е коментарот во барот-светилиште во кој како вели Кутутрица се рушат темелите на психоанализата и психологијата. Луцидно кустуровски, но за жал не и Диеговски.
И за крај, како лично највпечатлив момент, кој морам самољубиво да признаам и го претпоставив веднаш по слушањето на траката, средбата на Марадона со La Vida es una Tombola и Ману Чао. За емоциите пресудете си сами.
Се на се, документарец кој би требало да се види, но доколку очекувате како мене да го видите она најмарадонското во Марадона, она со кое он не е Пеле или било кој друг, поточно приказната на човекот херој, приказна за успон и пад, на како би кажал Кустурица Бог, кој истовремено си е себеси и демон, а затоа и човек, тогаш овој приказ нема во целост да го задоволи таквото очекување. Нити пак ќе ве задоволи доколку очекувате потполно изграден социо-психолошки профил. И како само за крај, со секој нов проект на Кустурица ми се наметнува прашањето дали можеби самиот не станал “изгледан”, и бајат во сопствената поетика.
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Нема коментари:
Објави коментар