ДА, ги сакам, се еден од моите омилени бендови, ако ништо друго барем најслушаните во последнава пола година. Ама кој К???
Вчера, според најавата, со полно срце очекување да повторно уживам, и со внатрешен конфликт дека ем треба да се делам од домашните (мојата фамилија во исчекување) ем во неможност да ги споделам моментите со нив отидов на концерт на Фолтин во Хавана Клуб. Старт најавен за 23 часот. Неможам да заобиколувам и бидам дипломатичен, затоа:
Кој К!!! се замислуваат па да почнат со 100 и пет ебени минути задоцнување. Јас разбирам дека треба да се подгрее атмосферата, ама не и да се прегрее и можеби олади. Па искрено не сум тинејџер за да ми биде сеедно како ми е изгубено времето, оти за многу од нив (тинејџери) одењето дома не е опција. Нити пак разбирам, или бар ми е јасно, дека некој факинг менаџер со присила толку многу го одложува почетокот како би заработил повеќе. Па имај ебено малку разбирање и достоинство да почнеш бар “поскоро”.
Искрено, еден штотуку запознат пријатен човек ја предложи идеата да во знак на протест и бојкот сите го напуштат концертот. Здрава идеа нема што. Ама и не баш остварлива во нашите околности каде: “Ти ли ќе ми кажеш” и/или “Е добро де, ќе почнат. Што почнало на време.” или “Си платив карта” и слични зомбиевски реакции ќе задават секаква разумна иницијатива.
Од друга страна, не ме боли картата и нејзината симболична цена колку начинот на кој сум преебан и најмногу незнаејќи од кого: а) непрофесионалноста на бендот или б) лакомоста и нискоградоста на менаџерот на просторот. Затоа од нашите идни мудреци, владеачи да не речам, посакувам да воведат казни од типот:
10 000 илајади евра казна за орагнизаторот на настан кој задоцнил повеќе од 15 минути со почетокот. Секоја наредна минута 1000 евра.
Забрана за настап на било каков бенд, артист, или сличен далаверџија во зависност од пречекреноста: a) 15-30 минути задоцнување - 2 години забрана за јавен настап, б) 30-45 – 5 години и така натаму.
И над се забрана за влез на посетители после 15 минути од закажаниот почеток, за оние што сакаат да влезат – дупла, тродупла и така натаму карта.
ДА! Станува збор за радикален став и пред се за став поврзан со време, и Тоа Туѓо! И редно време е да почнеме истото да го цениме, оти со тоа покажуваме и докажуваме и многу повеќе од почит.
Инаку, пораката на Х-ебена Клубот е нешто као: “Напреден клуб за напредни луѓе”. Абе ајде. Да ти го ебам и копи рајтерот и менаџерот. Мрш! УПМ!
П.С. јас се извинувам на сите поради мојата недипломатичност, неисфилтрираност и не-еуфемистичност освен на бендот кој ме разочара и клубот кој се надевам ќе се затвори во блиска иднина. (ова е втор пат како сум гостин, а првиот пат мина само со 40минутно задоцнување).
П.П.С. И има простор за многу други замерки, но најмногу на смека на овците кои едноставно или не им е грижа за ова или уште полошо не го препознаваат проблемот.
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
5 коментари:
Знаев дека има некоја причина зошто не ми се свиѓаат Фолтин :) Добро, признавам дека несвиѓањето потекнува од настапот на Таксират (не ми текнува точно кој, ама беше оној кај што свиреа Destruction и Едо Маајка).
Жал ми е што си се разочарал толку. Мој совет: Почни да слушаш метал - оние концерти/свирки што ги има не доцнат повеќе од 10-20 минути :)
фала на совет. :))) Бар ме расположи. а каде да најдам шо би се рекло социјален календар на метал настани?
Па на http://mkmetal.info/ разбира се :)
Jas imam ideno na nekolku koncerti od Foltin. Se sekavam ednas vo MKC deka kasnea dobri 30-40min.
Znam za sto zboris, mene safra me fakja taka na koncerti, a kasnjenja ima skoro segde u MK na koncertite, ama ne do toa nivo.
Ej Tako. sea bas se zakazani za nastap pred filmot Cash and Marry, na 24. juli pa bas me interesira, mada se mi se cini nekako deka ke pocnat i PRED vreme tuka! Inace, nikad ne gi ni zaslusav, nekako epten vo bosh vreme mi se pojavija. Pozdrav druze. (od Keti)
Објави коментар