Неодамна, како што и споделив со некој од вас (http://www.facebook.com/appcenter/candycrush?fb_source=dialog_permission#!/aleksandar.takovski/posts/10151767886144606)
, повторно се фанцинирав од феноменот на неправење ништо, денгубење, и целосно зајабување на умствентиот капацитет.
Сега веќе пообмислено го поставувам
прашањето во пообемен , дури и дрзок контекст.
Дали начинот на живот наречен денгубење не е значаен дел и прорпатна причина на нашата социполитичка
кризна ситуација?
Секое утро во автобус од 40 патници во кој се возам, 37 не
прават ништо, и тоа го прават во
две форми. Едната е тотално пасивна (спиење, зјаење низ прозор со
поглед некаде дааааалеку над хоризонтот
во некои конкретни добитни и пред се wishfull thinking комбинации и шеми од типот “Aбе да може да се согласи шефот...ај 50 ќе дадам за колата, 50
за децана....и некако ќе ја наредам....”). И вториот тип на неправење ништо е обично
од страна на најчесто жени (немам сексистички намери во идентификација на познатиот
факт дека жените се поговорливи наутро, и преку ден и отаде денот) и тоа жени
кои наутро како и секогаш се расположени да низ долг, кружен, сезнајковски и политичкин крајно не-ефективен начин ја дискутираат и оправаат ситуацијата наша насушна.
Е токму овие жени и оние поспани сопатници кои значаен дел од животот го поминале во
автобус.
Е сеа, ве молам
внимателно проследете ја следнава ја следнава математика: 15 години секој
ден се возат со автобус, 3-4 саати на ден од скопје до гостивар и назад, што
соодветствува со неверојтани една ипол до две години, или ако сакате 500 денови
поминати во патување, или пак 12000 саати поминати во дремака, муабет, и
денгубење. 12 000 саати исполнети со ехо
на лични интереси и сезонски муабет-трендови (денешниот ручек, болеста на блискиот, годинешниот одмор, ) актуелни
настани и пропратни општествени ставовои (избори, еврозвизии, кризи, скандали)
, 12 000 саати исполнетои си израз на незадоволство, несогласување, чаршиска
критика и постојано чуство на огорченост, на неправење ништо. А на истиве карактери, одморот од три недели на лето, со ист дневен распоред и предисцениран провод им е краток. А замислете, некои од овие мажи и женички се
учителки, админситративки, докторки, судиии. Учителки кои , во дух на позатата “круша под криуѓа паѓа”, а “учителката ни е втора мајка” , не можат да родат нити
златен делишес нити асли дете голомеше, ами само исто такви, пасивни, не злонамерни,
но сепак мрчаторки и мрчатори кои како и нивните учители се склони
својот ‘Know it all’ став да го изразат на
секој начин освен ефективниот преку активност и спротиставување. Така, истите
овие цинични патници на кои не им одговоара цената на струјата после 5 саат
идат дома да му ја залегнат, а не да протестиаат пред Регулатотррна. Така нивното
мудрување против неправдата е само тема да го скртат 2 часовното патување. И на карај пак излегуваат на избори и го
даваат нивниот и онака нем глас за целиот безгласен хор на промени, дела и
подобра иднина.
Е сеа, јас може претерувам што синдромот societal ill го гледам во за некого
неповзрана манифестација на вакво денгубење, но некако ми делува дека таквата
пасивност, таквата индиферентност, има и те како врска со образованието, како
формално така и неформално. Оти ако на образованиот човек, особено во вакво
интересно време му е здодевно, тогаш нешто труе од се некаде. Иако нискиот квалитиет на образовнанието и неговата
пазарна комодификација е дел од проблемот, тоа не треба да ги обскуражи оние
кои сакаат да се самошколуваат, или барем преку и онака бедното образование да
ја стекат навиката за читање. Рака на срце, дневните весници и не се баш
најпордуктивно-едукатиовната литература,
ама чисто се сомневам дека ликовите на моите сопатници го цедат потенцијалот на
интернетот, па што сметките поради даунлоадот
им се се преголеми. Ма јок, можам дрско да се кладам дека најголем
сајбер успех им е фејсбук профилот.
На крај на краиштата,
нити може да има здраво општество нити некава извесна иднина кога онаа така
наречана средна класа (веќе ги набројав неколкуте профили), две од
десет работни години поминуваат во денгубење, очајување, и постојана критика
....на крај на краиштата една проичитана книга нема да го смени светот, но
денот ќе го направи поподнослив, интересен и вреден да се повтори. На крај на краиштата, реакцијата на многумина
би била: “Што можам јас
да сменам ако и го прифатам овој крајно левичарски совет на Тако?”. Епа Тако смета дека за
почеток помалку мрчење, и помалку време поминато и во слушање и говорење...
Епа мајсторе, ја сеа
слегувам.
Нема коментари:
Објави коментар