Денес инспириран од
посетата кај мојот стоматолог, повторно се навратив на идеата наречена путер
модел на пазарното и човечкото општество воопшто. Мојот путер модел вели дека порано, во
толку кудениот социјализам кога мајка ми ќе ме испратеше по путер имаше еден
единствен путер, кој го купуваа сите, и селани и граѓани и сиромашни и не толку
сиромашни (богати и буржазија немаше, нејзина замена беа државните директори,
секретари и слични). Ние тогаш не бевме маркет сегменти, туку муштерии на кои
им се праваше муабет, путерот не беше нашиот класен маркер туку нашата
задоволена потреба. Го кудат социјализмот
оти на сметка на задоволени материјални потреби ги запоставуваше или пак вешто
постиснуваше другите, политички потреби. Но во денешно време, дури е полошо, пазарот
и политиката се здружија и ни ебаа мајката онака еноставно како еиднствениот
путер од 80-тите. ПАзарот и политиката имаат многу заеднички нешта - и двете
создаваат вештачки потреби за да ги задоволат, и се разбира профитраат на
сметка на задоволената потреба, и тоа без
разлика дали потребата-понудата е нова при пејд услуга или нов амандман. Нема
многу разлика, луѓето и на двата пазари (пазарот на материјални добра и оној на
политички добра и услуги) се само маркет сегменти кои се убедуваат дека
понуденотот е најдобротто за нив, се друго е штетно, расипано и неквалитетно. И
дават пазари функционират благодарение на кризни моменти , и принцови на бели
коњи кои знаат, умеат или барем имаат чесна намера да ја решат кризата, но не
како во бјаката еднаш за секогаш, ами од денес до утре.
Ништо од ова што говорам не е ново, секако дека многу го
имаат кажано и уочено претходно, ама мојата мраза не ми налага да се замарам со
цитирање истомсилиеници.
И беше се така едноставно, онака меланхолично како иде овој
евергрин (обратете внимание само на повторливоста на носталгичното ехо):
Ама сега, сега никој од нас нема ни време ни волја за игра ,
сега сите ние вака го конзумираме простиот избор на путерот:
Некој си Јануар, со додавки од Март 2013
Нема коментари:
Објави коментар