недела, 16 август 2009 г.

Јабука или Не

И во стилот животот пишуе романи, али у мојов случај најчесто вињети и кратки раскази, моето вчерашно пазарско искуство вели:


Идам ја на пазар, меѓудругото и да купам јаболка, по можност непрскани, за Гала (мојата ќерка, за неупатените). И се думам како да откријам дали на прашањето: ”Дали се прскани?” ќе ми дадат верен одговор. И ги глеам јабуките по тезги, и сите ми изгледаат ко самит на пионери у чест на Ким Јонг, совршени редови од клоновско застрашувачки индентични јаболка по форма, големина и боја. И знаев дека не се тие, од ко шо велат нашите и продолжив се до крајната тезга каде имаше едни така по разнолики примероци од бараниот вид.


“Јабукиве прскани ти се, дали знаеш да ми кажеш?” – прашав еден од тезгаџиите, кој ми одговори:

“Не беее, како прскани? Кај мене у двор сум ги раснел”

“Значи домашни ти се?” – го потпрашав.

“Aбеее, најдомашни, подомашни само у дневна да ти растат.”

“А сигурно ти се непрскани? , оти подобро да знам, за мало дете ми се да не направиме беља!” – полускептично додадов.

“Не бе каква беља. Беља! Каква прканица. Од дома ми се. Абе Есат сум го качувал горе да ги бере он правел беља. Есаааат дојди бе да му кажуваш на човек како си паѓал да види” – му подвикна на соработникот помлад од него, и најверојатно брат негов.

И ете ти трча Есат и му вика: “кажувај бе брзо Сабри оти имам проблјем со бостан и две жени”.

“Ајде покажувај му начовек каде си паѓал кога сум те праќал горе по јабуки, ајде”

“Абе еве овде” – покажувајќи кон и онака издрсканите потколеници, потврди Есат. “Еве тука сум се гребел”.

“Ете глједаш. А ти не веруваш! Прскани! Ајде колку ќе зимаш чорбаџи и ќе ти давам и една за по пут од мене да се свежиш. ”

вторник, 11 август 2009 г.

РомоКап

Одејќи накај Веро по лична работа, од далеку ме пресретна онаа очајно-безработничка, социјално не-осигурлива и барателно непогешива фаца на малолтено Ромече, во случајов Ромка од 10ина години, со рака млитаво подадена нанапред, исценирано мрсулав поглед и конкретно, непогрешиво и единствено барање: “Господине, дај 5 денари”. Приближувајќи се не бев одлучен како да возвратам, дали како што вели мојата драга Г(ага)-ЃА: “дај ми ти прво десет па ќе ти дадам пет”. Oдеднаш подазстанав, и и се обратив:

“А што ќе ми дадеш ти за пет денари?”

“Дадам?!?!” – како прв пат да го слуша зборот изговорен од туѓа уста, зачудено ми се обрати. “Па што треба да ти дадам?” – спремна да преговара за добивка ми возврати колебливо.

“Па на пример нешто за тие пари, како на пример приказна” – вториот свој адут го истресов. “ И ако е добра ќе ти дадам и 20 денари.

“ПРиииказна, што приказна” – подзбунето ми одговори.

“Па на пример приказна за девојчето Црвенкапа” – одоброволувачки предложив и и покажав 20 денари како почетен коцкарски влог.

Со подзината уста но поглед кој бара некој ментален текст таа почна:

“Си живееше Црвенкапа дома и татко и не и даваше да свири оти таа беше женско и мораше да работи по дома”

“Да работиии по дома?!?!?1” – тотално факинг непотготвен со смеење напнато пред експлозија ја прекинав. Но откако успеав да ја потсмирам нејзината збунетост и подповлеченост, поткрепени со 20 денари и мавтачки дополнителни 10, таа продолжи.

“Па она мораше да работи дома, да пере, чисти, праи ручек, да праи пари и многу си пееше и сите и викаа многу убаво пееш, и она си пееше и така”

“И?!?!?”

“И еден ден без да знае татко и она се пријави на Ромалеско-Европесно (ова е слаб обид да го пренесем она што ставрано ми беше кажано) и пееше у тој фестивал и си зема прва награда”

“Aaaaaaa” – со манијачно-адиктивно повишен глас се обратив во очекување на продужеток.

“И после пееше на БеТе-еР, и на свадби ја викаа и така ”

“Ииииии” – со преподадена глава и 20 денари истапив.

“И после она стана многу позната, и тој шо и правеше музика сакаше да ја жени и носи у Германија ама она неќеше и си остана дома ”

“И?!?!?”

“И така она стана најдобра певачка....у Шутка и свет.”


П. С. Ова беа навистина најдобро потрошените пари во последно време, до степен што за прв пат почуствував дека и парите се безвредни, но за девојчето кое ме воодушеви 100ината денари не беа ни доволни...кој знае дали некогаш ќе бидат. Но ако се затекнете на аголот кај (дури ми се гади дека треба да го спомнам) Мек Доналдс пред Веро во Тафталиџе, побарајте го овој мал карактер.

четврток, 30 јули 2009 г.

Koce Va a Paris

Un mid-de-ete-jour, le mayor d’un petit geografiquement et politiquement non-signisficant village, Koce le Roi, va a un visit profesionnel et damage colaterale a le citat magnifique de le cuidad de luz- Paris.

‘Чекај чекај, рано е за репорт, дај ти прво припреми ме таму за исцрпните и поучни средби и разговори со нивниот, после ќе пишуваш како си го поминал летото.”

“Добро, Царе” – послушно одговори полуприучениот преведувач кој јазикот на Лизаразу го беше научил од песните на Селин Дион.

И така, Коце се вдаде во нова начелно меѓуградско-терална средба. Во 5 часот по локално време пристигна на ајродромот Шарл де Зол каде ги пречека измеќарот на парискиот градоначалник, кој ги поздрави со целото француско госотољубие преточено во искрено циничната пре-окезена насмевка која велеше: “Шо кур не се земав со богатана Луси или не учев школо за да не мора да бидам сеа подвижна мапа за идиоти кои и во соба со еден агол би се загубиле.” Но и покрај тоа одговори онака френкољубезно: “bienvenue a Paris le centre de la lux, art, modrenite, romance et blablubleblubleebla sus ma bite-et lala.” - додавајќи нашироко насмевка поширока од бакнежот на Стевен Тејлер и Гоце наш заедно.

“Шо вика, шовика?” – праша царот?

“Еми, ни вика добредојдовте и убаво да си поминете и да гасите светло у хотел коа спиете и да каснете од се понешто,” - со крајnи маки срочи преведувачот.

“Е ќе, ќе! Преведиму!”

“Nous allons, nous allons!”

“Mon dieu! Шубузумакугу ка нувасузу” (најверојанто со значење идете идиjоти по патот на будалите или слично), но повоторно со истата прегостољубива насмевка им возврати Пјер нивниот прв париски домаќин. “Alllons a la hotel Y demain chez mayor, OK?”

“Aааа ок, чекај” – прекина Коце, ја ќе му одговорам – “ОК, Но Проблем, Супер!, ОК?”

“OK, mon sdkshkhsdkfhsdhfk – помисли Пјер и во превод тоа значеше - Ќ порано примавме црци, арапи, жени со три цицки, корејки кои се преправаа во автентични сауна масажерки, руски-дедомразовци со брада од чист хорс, ама ова...”

Следното утро во приемната соба на Парискиот гредоначалник.

“Ooo mon chhere colleque de loupefutredie, bien vienu.”

“И на тебе колега тi благодарам” – се истрча царот.

“Царе ама мислам дека сакаше да ти каже и нешто друго”, подшепна преведувачот.

“Абе, неам ја нaмeрa да му дозволам на некој таму полуприучен, партиски поставен поттрчко да проговори прв на една ваква историска средба. Не доликува и тоа тие тоа.” – му подвикна авторитативно царот.

“Quellqen problem mon colleque” – учтиво но сеирчиски праша Парижанецот.

“No problem, just supstitute” – со леснотија како да владее нормандиски дијалект одговори Коце.

“Quel substitute, tu ne pas le mayer de skopje, tu es sus clone, Quoa?” – вознемирено праша триколорот.

“Ноу ноу, Ај шанже ми транслејтееер, ок?” – лисовидно се извлече незнаејќи Цaрот Коце.

“Aaaaa, change le translateur, Mais, se pas dificille! Pier pran nous le transomatique sarquosic 2010.” – му подвика учтиво на Пјер кој излезе од собата и се врати по неполи две минути носејќи една мала спарава налик шпиунски томкруз стајл слушалки , за кој кажа: “Voila, prandre en votre buchuk, et Vous compris tous”, или барем така му се чу на Коцета.

Коце во недвоумење ја стави справата на глава и диригиран од знакот на двајцата домаќини дувна во микрофонот, од кој се слушна едно Duuuuf, по што следеше негов зачуден изглед на кој домаќинот возврати: ‘Обично сите мислат дека се на тонска пораба на Бритни Спиерс и дувнуваат пред виситнски да проговорат.”

“!?!?!?!?!?!Ч?”- се стаписа Коце. “Од каде вие Македонски да...аааа, ииии, абе ова... ааа вие Французите ...”

Откако воспоставија комунаикација на течен северночирски дијалект со помош на електронскиот преведувач, а оној донесен и спонзориран од Скопие доби отказ за кој мислеше дека е слободен ден во Париз, седнаа на маса да скршат по некој сериозен муабет:

И колега Косе, што конкретно би ве интересирало во врска со менаџирањето на еден град метропола каков е Париз, а за каков верувам аспирира и Скопје?Ќ – прв го разби ледот Парижанецот.

“Ооо, па има тука ред, мислам низа прашања, еве да поченеме со еден многу сериозен проблем за Скопје – фекалана канализација, како...”

“Лесно, едноставно и елегантно – го прекина Мисје. Со мотивација на маргинализираните групи, кои најчесто се во период на исчекување на виза за претстој.”

“Како?” – забрадено зачуден промумла Коце.

“Како реков лесно. Истите пестициди, пардон индивидуи со статус кандидати-граѓани, ги мотивираме да се воздржуваат од исфрлање на својот сопствен био-отпад со тоа што им организираме еднодневни пикник-прошетки во внатрешноста каде тие доброволно го донираат отпадот во развој на земјоделието преку актот на испуштање на својот наталожен отпад во нашите ниви со градинарски и земјоделски култури, за што добиваат за возврат по еден багет-сендвич и француски сок, а оние поиздржливите, да не кажам полни со себе, добиваат и голема парична награда. Така што...”

“Чекајте, сакате де кажете дека багетиве ви се олкаи оти арапи ги...”

“Не, ние не гледаме на тоа така, едноставно ние сме едно предемократско општество кое дури е жртва на нефранцуксата неспособност, да речеме нашата широкоградост оди до таму да ние мотивираме и плаќаме одредни групи за она за кое е способен секој билошки исправен човек, куче па и мачка.”

“Аиии...Серем-ти-кукуруз-радна акција...Генијално.” – со воодушевуевње возврати Царот. “А шо со ова сообраќајов шефе? Мислам, мене на глава ми се качуваат оти сум исекол неколку дрвца за да ги изрелаксирам нервозните возачи у шпиц-време. А место за ново патче ни за лек. и ...”

“Па владата тоа го прави поелегантно со поскапување на цените на возилата, покачување на данокот за стари возила, не-издавање на дозвола секому, но ние работиме поинаку – со дислокација на цели населени места или изградба на обиколници, но најчсто со добро планирање и проектирање.”

“Абе, не дека ние не планираме, ама, знаеш многу планери, килав план. А ова со дислокација и обиколници, па многу скапо тоа.”

“Па, Париз, пријателе е скап град.” – буржоаски гордо му одговори Мисје Пари.

“Абе и Скопје е , ако доаѓаш од Босилово. – подзасрамено одговорил Царот. Него, а како го решавате проблемот со јавен градски превоз во услови кога имате и финансиски и човечки предизивк.”

“Искрено, таков предизвик не сме имале од бонапарта наваму, па во однос на финансискиот дел, постојат разни начини – самофинансирање, ко-инвестирање, концесии, а што се однесува до човечкиот не баш ве рабирам каков човечки предизвик?”

“Па, да речеме дека евентуалното метро или трамвај замислен и посакуван за Скопје не наоѓа на поддршка од сите општини.”

“Тогаш изградете го во оние кои ја подржуваат идеата.” – одговори Парижанецот.

“Да, но тогаш проблем ќе биде финансирањето, пошто самите каси на општините не се доволни, ќе мора и од градската, а за таа нема да има согласност од другите, а на крајот и да биде, тогаш ќе има несогласување околу општините во кои ќе се гради и сообраќаја, како да се дели профитот, чии се чии ингеренции околу стопанисување, сообраќање, одржување итн.”

“Па тогаш, воведете алтернативен превоз, нешто како мини вовчиња како оние во забавните паркови, отворени лето, покриени зиме. Споро, ама евтино.”

“Е уште да имаше место на улиците за тоа добро ќе беше, кај нас едвај точаци се движат низ улиците.

“Тогаш, ете ти друг проект, изградба на локална фабрика за производствво на велосипеди. Дел ќе продавате дел ќе изнајмувате како градски рента-бајк. Бар за потопол период проблемот е полурешен.” – како човек кој има решение и за сида одговори месје.

“Да, ама скопјни баш и многу не се по точаци, а па после проблем е и како да се обезбедат, ќе ги крадат, оштетуваат,” - ко старо теткинско зановетало продолжи Коце.

“Абе колега Коце, а имате ли вие граѓанска и градска култура?”

“Ух, па не баш” - со засрамени очиња наведнати кон густата си брада одговори Коце.

“Па тоагш отворете школи, библиотеки и слично.”

“Школи имамe и премногу, а библитеките не ни се хит.”

“Па намалете го бројот на школи.”

“Не смееме, ќе не гаѓаат со зеленчук, а знаете колку зеленчукот е ем скап ем некој тешко се чисти.”

“Епа тогаш господ нека ви е на помош.” – со крајно-дипломатски сили одговори Пари.

“И ќе ни биде, годподине мејеер, оти планираме да изградиме црква на централниот градски плоштад, а може би и џамија.’

“Ооооо,” - со изненадување рече Месје и продолжи “па што не изградите и една синагога па да бидете комплетни, или може уште подобро, изградете еден ѕид на плачот во вашиот градски парк, па кога младите ќе ги раскинуваат своите бурни младешки врски, да имаат рамо шо се вели за плачење, a и ќе наплаќате влез 20 денари и палома 10денари, a ханзапластот може и гратис.” – веќе не можеше да издржи парижанецот.

“Ама, ве молам, ви ми се подбивате.” – подналутено врати Коце.

“Добро, добро. Ајде сериозно. Како знам вашите канцеларии се во централниот градски парк каде се уште немате планирано да градите никаков храм, музеј или космодром, извинете за последново, - веќе при крај на својата сериозност прокометира Месје Мејер де Пари, - тогаш зошто не изгрдите еден базен на отворено, ем пари од посетители, ем екслузивна 150еес денарска фотка со градоначалник у купаќи ем вие ќе можете да си ги ладите главите кога ќе ви дојдат вакви идеи.” – надвор од секаква политичка коректност искоментира парижанецот.

“Ама вие навистина ми се ругате, ви се милам, па не дојдов јас...”

“Да, да, знам на размена на искуства, па да се вратиме на тоа, го смири месје. Што ние можеме да научиме од вас, што се разбира би било не само за доборото на Париз, но и прифатливо во нашите конкретни услови.”

“Па....да не го земате нашиот пример, на пример.” – проклето искрено одговори Коце.

“А добро, што тогаш вие научивте од нас, што би можеле да примените се разбира.”

Па...

недела, 26 јули 2009 г.

Царот Гратцки 3

Минатиот пат Боро успеа да го разлади царот со преладна бира и да има муда да и се јави на Ива (воопшто) и да ја разбуди од нежен сон во кој таа доминира со светот облечена во кожен латекс костим застраната покрај Вели Рамо) и бессрамно да ја праша за толку световна работа како што е цената на бурекот во Чаир, за сега да е исправен пред последниот предизвик – да ги спои Латас и Шеќеринска, и тоа восвојата приказна која почнува вака:


Си било еднаш едно девојче, толку мало и слабо, што редовно пoтфрлало на систематски контроли, и било толку машкобањасто што не успало ни у филм на Манчевски да влезе, ама толку ѕвикерасто што само книгите не и вретеле грб. И растело тоа, послушно и тивко, одвереме навреме влегувајќи во конфликт со машките деца-задевачи на девојчињата и узурпатори на игралиштето - со цел да ги одбрани премолчените и загрозени граѓански права на своите соврснички. И така и и се родило чуството за демократија, праведност и дндрмндр.



10ина години пред таа да стане мома, у смила на билошко созревање на нејзиниот организам и полова подготвеност за репродукција преку месечното исфрлање на јајцеклетките ако тоа е можно без партнер...или со други ЕУженственизборови- пред да стане биополово зрела, а полнонепривлечна, во истиот град живеело и едно бучкоглаво дете со руса коса и нејасни знаци за постоење на некаков жив сиволик оргнизам под неа. И истово ова дете, несакано од својата средина, меѓудругото и поради постојаното илеџење за време на фудбалска утакмица и општо упатени и несериозно сватени закани од типот : Ќе видите јас коа ќе пораснам, ќе видите.!


Чекај, чекај! – остро прекинал го Царот. Па немам бе ја 100 години време да ја слушам твојава приказна у рил-тајм. Мислам дај прејди на главното, не ме интересира мене која книга Рада ја добила за завршено трето одделение со одличен успех и културно понашање.


Добро, добро, рекол Боро и продолжил.


И така, еден ден, како и многуте претходно, се вратила Рада уморна од работа и капната и измрцварена шо некои копиљаци нити ги интересира нешто нити рабираат нешто, нит се разбираат од равенка со две непознати, нити пак знаат да си ги измерат а си ги праат застрашувачки големи ма муабет без потврда од нејзините егзактни инструменти.И така заспала бела рада (сама оти фамилијата и била на одмор во Велгошти) без да извади шминката од проста причина што не ја ни ставила тоа, претходното и сите наредни утра. И спиела толку цврсто што не ни осетила кога во собата влетал еден Вага Бонд кој ја втрапил во црно-блиндирано комбе со заштитниот знак на неговото животно дело – големо, шарено, од делови направено С. Не С како сихопат. Туку С како сељак, и С како ...па ќе видиме понатаму. И ја грабил овој арамијава бела рада без никој комшија да усети, и викне некого напомош на грабнувачот да му помогни ако ништо друго. И се вдал бег Бондо во непознат правец.


И така, по некое време се разбудила Рада со непријатно чуство на болен сврбеж во зглобовите, како првиот пат кога ја врзаа вакцина да и стават, со истегнати раце и филмски прекрстени нозе врзани на глужд. И се врти да види кај е, ама ништо од она што го здогледува не и е познато. Доборо не баш се, можда полиците од икеа на ѕидот и евентуално гарнитурата Ани на која лежи врзана, ама не е сигурна кој е сопственикот нивен. И се пули наоколу да види дали има некој кога слуша како некој мрда зад нејзината глава. Со дел од око здогледува фигура од која се пури чад од цигара. Фигурата вели: Ах конечно сами.


Гласот некако и делува познато, ама онака несрдечно, непријатно како некој кој го знае, ама не лично и кој не би ни сакала да го запознае. Кога гласот повторно вели:

Конечно. Целта е исполента.


ШTO!? Си помислува рада, не не можно, зарем. Извинте, а кој сте вие и какви мотиви подлежат на овој варварски акт на грабнување и врзување?

Јас Радо сум твојата судбина – уверливо како алфа мажјак и одговоара гласот.


Чекај, чекај, не е ваљда. – со недоумица како оној единствен пат кога не ги научи сите 100 лекции за завршното полугодишно испитување одговории таа.

Је, је, вели гласот следен од суратот кој се надвиснува над нејзината глава.


Драгане црни, што тоа правиш, малициозна единко? – со сигурност и неверување рече Рада.

Што правам? Дојдов да си го земам својот трофеј. – не баш сигурно како помал коалиционен партнер одговори тој.


Каков бре трофеј, ловецу кукавички? – напаѓачки како у најдобриот сдсм период испука Рада.

Таков, вистински, за кој мечтаев долго, работев напорно, во мојот случај подлизурковски, и сега е мој. Само мој. – како неотесан виленик од цртаните и реплицираше.

Кој бре трофеј, јаду еден?” – преавторитативно но и брижливо како учителка која става кец го прaша.


ТИ! Шеќеру!


Ја!!?!?! Трофеј!? Па не сум ти бре ја објект подложен на освојување , добивање или предавање! Како бре може така фалусоидно незрело да се однесуваш, ти неотесана балканса шовонистичка свињо. – опремена со сиот психоналитички вокабулар му одговори Рада.

А не е предавање, чесно и договорно те заработив. – си си призна чесниот пронаоѓач.


Како бре договорно? Кој тоа мене ме договори и предаде?” – женски подлутено му возврати.

Па и Баце и Кољо.- одговори со сигурност како тоа да беше единствената реченица на туѓ јазик што ја знае.


Не биди смешен.” – со поднаведнати очи на крајна недоверба му возврати. – “Тој твојот логопетски недоквакан војвода може се да си мисли, ама Бране мој никад не би ме предал.

Сигурна си?” – праша и во тој момент и го доближи лаптпот кој стоеше на масата пред неа и цело време беше свртен со грб кон неа. Еве погледни сама.


На мониторот имаше отворен видео фајл кој го проследи со подотворена уста, а на кој одеше кадар од баханалиската соба на СДСМ седиштето, подоборо позната меѓу попризнатитите членови како Соба на вистианата и самопронаоѓањето, во која се одигруваше следнава сцена – Баце седнат на централниот балдахин, со колан пуштен до земја и без никакава врато-обврска им се обраќа на помладите челниви-следбеници: Шема, Гордан, Емилијан и танана: Дечки сеа, коа се прочистивме од ова пичурајкиве и жеништава, можеме бе да ја фатиме работата онака од почеток за муда, ме разбирате. Без цилемиле, пичкарење или вака не требало.


Ова не е вистина – ладнокрвно уверена прошепоти таа. Прво ти си познат монтажер, второ вчера му седев на баце у скут за претседничко милување и ми кажа дека сум највитална алка - слушна алака - и трето шо ќе сум ти ја воопшто???


Секс шеќеру! – со очи полни београдски силикони одговори.


ШОООо?!?! Сеекс!? МА што ти е тебе фалусу еден недоквакан.. Абе ти немаш три чисти у глаа!

Не, те имам тебе у глаа, а наскоро и ти мене ќе ме имаш у себе– крајно сељачки додаде.

Абе ти ... и зошто јас? Па ене ти ја Ивона


А не Шеќеру, Ивона ми е шваљерка. Знаеш, тоа ти е секоја друга жена за која сакаш секој да знае. Дрскоста и распиштвото ти се сеа на цена душо моја пионерска. Мене ми треба Ивона за луѓето да не ме заборават, да ме зборат, да сум секогаш у фокус. Кур мој сваќаш ти нешто. Ај вака, жена ти треба за да те сметаат за нормален, прифатилв, шваљерка е за да си популарен, ин. Фокус на внимание. Публицитет бејби, не знам дали можеш да разбереш. Еве ти пример. Драган Антовски е фин дечко, до некаде. Ама кој го збори бе!? Нема шваљерка, за што ќе го зборат? А башка сум ебел ја се од вардара до триглава, освен цура со пуна-глава. И затоа ти си ми врвот на достигнувањето, ијам се – жена, шваљерка, курви, ама нема секс, драж, знаеш. Тио си ми Радо како да кажам ВРВ – на сексоактуелизација.


Чекај, чекај, не ме мафтај - извика царот – па не ме еби у здрав мозок, кој би сакал да ја онади Радмила бе – подналутено викна царот.


Пааа., прво само Латас е доволно луд за тоа. Второ сигурно не би го опнал Заев, шо ќе помислат луѓето - ама грозен middle-east gay porn. Или пак не и би го на онаа превртенана и превртлива Битолчанка. А и кој ќе го знае, на крај може на судниот ден ќе сака да се пофалил дека ја ебал социал демокртијата у здрав разум. - се извади Боро.


Е прав си тука, типот е луд – се согласи Царот. Туку ај продолжи.


Одвратен си Драгане одвратен! – извика таа – јас врв на твоите желби. Боже ти си болен – како жртва која не е свесна дека не е во позиција ни да напаѓа ни да преговара извика.

Одвратно дигнат. Повеќе дигнат него одваратен у моментов. Него Радо, дај да прејдеме на работа – сељачки заводливо и потфрли.


РАБОТА!?! КАКАВА БРЕ РАБОТА ПЕРВЕРЗИО ЕДНА!? – како никогаш до тогаш се развика.

Па сигурно нема да пишуеме устав, гуско една. – пресаркасрично одговори, доближувајќи се до неа со полураскопчан патент. Еве вака ќе направиме ти сега како послушна ученичка во католичко школо за жени во северна Германија ќе ја ставиш таа бела нежна рака во оваа темна пештера каде спие змијата и...


Чекај царе, Врааатиии се, да го слушнеш крајот. – извика Боро низ полуотворната врата низ која како гром од металска тетоважа истрча Царот. Одеднаш во собата се втурнаа и царскиот аскер на безбедноста и оние четири жандарми кои го чекаа да го спроведат на ислушување по пријавата од Ива, и секретарката на Царот за и таа да види шо се случува, онака ради реда.


Откако сите го сардисаа, а Боро се најде во центар без излез, за првпат во животот ИСКРЕНО помисли Шо кур напраив?. Не требаше долго да почека за да го открие одговорот. На вратата се појави царот се уште бришејќи ја устата и шприцајќи си mouth-refreshener. Откако заврши му се обрати:


Добро бе Боро, знам дека неки луѓе јадат грав со мармалад, други пушат и прдат исто вереме, и дека не се е споиво, и сватив дека само во приказни некои работи се споиви, ама можеше бре да ги ставиш во кино, Рада на пат кон веце да му падне во скут на Латас, да ги споиш у болница како примаат заедно вакцина против свински грип пошто Латас е свиња, а Рада јадела вешалица, или нешто слично, ама не очекував вакво политички невкусно и некоректно порно. – растревожено, но коректно се развика Царот.


Ами Царе, јас само сакав...- пропелтечи Боро.


Абе, знам шо си сакал и сваќам оти задачата била тешка, и затоа сум спремен и да ти простам што ми је разори утробава, и што ме подучи дека ако ногата не влева во кондура немој по секоја цена да ја клаваш. И затоа , а заота што си и толку храбар и прехрабар, тука пред сите изјавувам оти зет ќе те сторам.


По бранот восклици и народни годувања, царот продолжи:

Лели си олкав мајстор, можиш ли и за раката на најмилиот ми внук ПарЗе една задача да опраиш?

Да пробам Царе, скромно и задоволно одговорил Боро.


Еми, коса да ми сториш шо велиш?

Велам, до сега заработив прекршочни, и велам млад сум за мозочен.


Хахаха!” - Се поднасмеа Царот колку брадата и намргодниот сурат му дозволуваа, и го потчукна Боро по рамо и рече:

Гледам дека ова е само почеток на еден долг апашлук од кој некој ќе го извлече подебелиот крај.

Ако тоа е задникот на Концесија, јас сум за – полунасмано одговори Боро.


вторник, 21 јули 2009 г.

Царот Гратцки

Царот Гратцки 2

(од минатиот пат) И така Боро ја почнал својата приказна:

Пред пет дена од редакцијата на А1 го добив бројот на госпоѓицата Биљана Секуловска, и како што вели условот, чекав да дојде 3 часот по полноќ за да и се јавам и да ја прашам “колку бурекот у Чаир”. И дојде моментот, се јавувам јас, во страв и незнаење што ќе се случи, кога од таму слушам како некој крева и со зарипнат, но врколачки животворен, глас вели:

“Вељко ако за ова не даваш 500 евра, утре на глаа ќе ти ја качам!”.

Се збунив ја и викам: “Ама госпоѓице Секуловска, тука не е Вељко, тука е Боро.”

“Кој бе Боро, Рамизу ни еден идиотски!” - се слушна од другата страна.

“Боро Тракторот” – тивко реков јас, “госпоѓице Секуловска” – уште посмирено како искарано дете продолжив.

“Ти мене најде да ме ребрачиш у ниедно време, мајмун низаеден? Сакаш да ти фукнам прекршочна и затвор да лежиш? Тоа ли сакаш? Знаеш ли кое време е? Шо се заебаваш бе ти?” – како од цевка на најсовремен руски воен тенк испуца мојата соговорничка.

“Знам госпоѓице, ама имам една многу важна и тајна информација која само со вас можам да ја поделам, па ако мислите дека се заебавам, слободно пријавете ме. А ако се сомневате дека јас не сум за оној за кој се претставувам, слободно проверете го и тоа. Ќе ве почекам.” – видливо вознемирен и полусигурен одговорив.

“Биди на линија, мајмун еден, само да проверам, ако не си тој за кој се велиш, мамата ти ја расплакав, разбра?!” – пиемесовски надркано ми одговори и ја прекина врската.

И си реков себе си: Шо праиш бе Боро, мамлаз еден, па занеш ли со кого се чепкаш? Не само што нема да ти јави него ќе ти тропне на врата и ќе те јаде дел по дел ко дете шо јаде чоколаден кекс-сендвич, двоејќи ги кексите прво и лижејќи ја средината потоа. А меѓу два залака ќе ти се смее ко најненаситна хиена. Ама јеби га, Петка си е Петка. “

И така наоблачен, не гледам ни шанса за сонце, макар и на пишлив мајонез од Прилеп, кога ете ти после две неполни минути ми се јавува госпоѓицата Секуловска и помалку растревожено, но сè уште агресивно, ми вика:

“Слушај копиљ, ако ти не си Боро Тракторот, приватен автопревозник од Пинтија со адреса на живеење Бихаќка 10, ЕМБ 1607967450966, крвна група АБ позитив, син на Перо Комбајн и Мара, сопруг на Милка, татко на Јасмина четвртоодделенка во ОУ Рајко Жинзифов која седи во втора клупа средна редица – ти ебав матер! И што е толку итно и битно што не може да почека до утре, зевзек ниеден каналпетковски?”

“Пааа, имам една информација која би можела да Ве заинтересира, а утре заминувам рано на пат, па можеби нема да можам неколку денаа да...иии да не е касно потоа, мислам некој друг да не излезе прв иии...а од друга страна таму кај одам можно е пак да ја видам истата слика, па ако имам и помош, поткрепа знаете, би можел...знаете јас сам не можам ни да кажам ни дааа...”

“Каква пре слика пимпек еден?” – ко учителка која се спрема да му стави кец на глупо дете ми одговори таа.
“Па, слика и прилика со оној попон со посивената брада.” – здткано реков.
“Кој бе? Кирил?” – ко топ спремна ме праша.
“Не, оној младион.”
“Пимент?” – со полузачуден глас набрзина додаде.
“Мислам дека така се вика.”
“И што со него?” – индиферентно ми префрли.
“Па он е малку застранет, знаете.”
“Шо? Педер?!” – подзаинтересирано праша.
“Не. Тоа е оној другион со модерните џизми.”
“Чекај бе, не лупај сеа, кажи ми јасно, ми збориш за поп-педер или шо?”
“Не! за поп-издајник!” – отсечно кажав.
“Не дупи, а ја мислев дека им е тоа middle-name.” – саркастично ми одговори.

“Не, сериозно, зборам за поп кој тајно се среќава со политичари од други земји.”

“Ииии?”

“И, не знам што муабетат, ама според тоа кога и каде се среќаваат, не сакаат никој да знае за нив. Или бар мислат дека никој не знае. И мене тоа на арно не ми мириса.”

“А ти као знаеш се, нели?” – уште посркастично, но овој пат и провокативно ми дофрли.

“Па, јас госпоѓице Секуловска, знаете работам како превозник и често патувам, и не можам да си дозволам да спијам ни во мотел, па мора да се снаоѓам по секакви, извинете на збор вукојебини, знаете. А истите се толку богу-иза-леџа шо таму и трева да расте и талибанци да се кријат никој ни ги знае ни умее, знете.” – посамоуверено и одговорив.

“Добро, добро, ај продолжи. И не ме викај така - госпоѓица Секуловска, за сите над вас сум јас Ива.”

“Па вака, јас имам и некои слики од мобилен ама најдобро да ви ги дадам лично и ви раскажам се во четиири очи. Знаете, телефони, прислушкување, сведоци тнртммнтр, и така натаму.”

“И ти би ми ги дал онака, од чиста мира, ко демек ти си некој добар дух, некоја ебана прескромна добра вила самовила која само помислата дека помогнала во зачувувањето на македонската политичка стабилност и безбедност и е доволна, нели?” – наеднаш повторно спопикантски ми одговори.

“Па, нее, не дека ја сум цвеќе за мирисање. Мислам очекувам мала награда, ама ништо прегламурозно од тоа да сум творец на веста на годината.” – во сличен стил и одговорив.

“Колку бе брат?” – без стотинка размислување ме праша.
“Пааа, 500 евра би свршилe работа.”

"Чек, чек чек! Ти мене ме дупиш или шо?! – видно вознемирен со истанчено трпение како банкарски работник за момент ме прекина Царот Коце. Нешо ти сакаш да си забавен или?"

"Имајте трпение само уште минута Царе да ме дослушате, па после оценете сам." – реков јас и продолжив со она што тогаш Ива ми го кажа:

“Добро! Кога и каде сакаш да се сретнеме. И има да ми кажеш се, немој само да си ме заебал оти лета глава.” – преладно како бос од Њу Џерси ми преложи госпоѓицата Секуловска.

“Па да се сретнеме на некое место каде никој не би не познал.” – неуверливо предложив.
“НИКОЈ Не би ме познал!?! – извика Ива – па ти си луд!!!”


“Верувајте ми! Или барем слушнете го предлогот.”
“Каде?” – испукаа таа.
“Ајде во Чаир, кај Џамијата, во бурекџилницата каде што бурекот чини 50 денари.”

“Како!? Како, како, како, какоооо!? КАаадеее!?” – започна Секуловското цунами завртувајќи само еден мал скромен полукруг во радиус од милион километри.

“Паааа, во онааа бурекџилница каде штоооо бурекот е пееска?!” – како жртва која знае дека сигурната смрт и е само почеток на маките пропелтечив.

“ШТОООООО!?!, МОЛААМ! Ти ли бе мајмун мене најде да ме репчиш копиле едно! Поп-моп, Слики, Бурек за 50 денари?! МА ќе ти ебам матер ја све по список?!” – загрме како судниот ден, наци диктатор во еуфорија и разулавена и прељубена скопјанка заедно.

“Ама зошто?” – крајно некоректно и невино прашав.

“ЗОШТООООО! ЗаШшштооооо! Е затоа што ќе видиш, - постхумно смирено ми одговори – оти сум голтала ја и поголеми риби од тебе, мајмун ни еден. Бурек за 50 денари!!!У цел Чаир нема поскап бурек од 40, маму ти ебем, па дури и оној сараевскион. А ти прашуј зошто сеа коа ќе ти имбам матер до јаја. Само почекај.”


“ХАХАХАХА! Добра приказна, нема што, Ива, поп-педер. Ејјј махер си – со солзи во очите проговори царот Коце - Само што не ти верувам.”

“Но имам доказ.” – рекол Боро.
“Доказ, каков доказ?”

Во тој момент, Боро го одвитка едното згужвано парче хартија и го подаде кон царот:

“Еве царе, Прекршочна пријава и покана за суд од Биљана Секуловска лично.”

Го пофатил пусулот царот зачуден и рекол:

“Аиии!!! Абе ти стварно.”
“Стврно, стварно, ами како” – рекол Боро.
“Види, види. -рекол царот. Ем луд ем храбар. Аууу! Машала. Добро, ами што е со третата задача?” – со подвиткана веѓа и десен дел од усната прорекол царот.
Во тој момент, Боро извадил уште едно стуткано парче хартија.
“Е шо?!? Ќе ми извадиш уште по една пријава од Шеќерка и Латас?” - pотсмешливо рекол царот.

“Не честитит царе. Ова е нивниот спој.” – рекол Боро.
“Спој? Каков спој.” – со крајна зачуденост прашал царот.

“Еми царе, знаеш, думав јас за деловите што треба да се спојат. И белки не се лесно споиви. Знаеш Царе, не е тоа ко сол и вода па едно во друго да се стопи, нити ко масло и вода, едно да не се меша во друго, ами барем во исти ѕидови се. Ами дури и Елтон Џон и Парис Хилтон, или ако милувате Куба и Америка се поспоиви од Латас и Шерека. И како ми се чини ова е единствениот начин.”

“Кој бре начин?” - kажал царот и во тој момент почанал да го одвиткува стутканото топче хартија, и на првата страна најгоре со ракопис полош од просечно прваче, прочитал:

(Вaљда) Убавицата и Сељакот
а под тоа пишувало - приказна од Боро Трактор.

“Ваљда?!?!” – рекол царот зачуден.
“Па ваљда Царе, оти ако нејзе ја кажам за убавица, шо останува за Анџелина Џоли?”
“Прав си – се согласил царот. Ами приказна?! шо е сеа со ова приказна” – доадал Коце.
“Епа царе, како реков, се чини тоа е единствениот начин. Иии ако имате уште малку трпение ќе ви ја прочитем, ако милувате.” – повторно треперливо несигурно одговорил Боро.
“Хммм!!!”, се задункал царот и рекол: “Еми ај почни, ама ако не ме бендисува ќе ти летне главата и онака.”
Подголтнувајќи, Боро ја почнал својата приказна
:

(крај на вториот дел)

Царот Гратцки

Царот гратцки 1

Си бил еднаш еден Цар со име Коце Грацки. И бил тој цар на сите улици, булевари, пазари и јавни површини, со кои стопанисувал само тој. Ама ги имал тооолку многу , што неможел сам да ги работи и морал некои од нив другому да даде да ги води, раководи и плодотвори. И ги сакал Коце сите свои поседи како сопствени чеда. Ги сакал сите скоро подеднакво, ама најмногу од се ја сакал најмалата си ќерка со име Ко(н)цесија Петка. Но дошло време и нејзината рака на тендер херојски да ја даде.

И објавил Коце, царот гратцки, оти ќе ја дава раката на неговата најмала и најдрага ќерка. А јунакот шо мисли дека може да ја има ќе треба првин да исполни неколку услови. Прво, на царот Коце да му донесе бира, ама не било каква ами како што сам царот велел: “бира ладна-ладна, така ладна шо ко ќе ја фатам да ми жежи, ама убаво да ми е”. Потоа, втората задача била уште потешка - во 3 саатот од полноќ да ја дознае цената на бурекот во Чаир, и то лично и персонално од Биљана (А1, а сите факинг) Секуловска. И третата, чунки најтешка, да ги спои Латас и Шеќеринска.

И врвеле така јунаци градски, полуградски и малоградски, и некој не успеал да ја исполни ниту првата задача, оти штом ќе се обиделе бира на царот да му донесат, патот од кооперацијата до неговата канцелариска престолнина бил доволен бирата да се потстопли и на царот гадно да му биди. Дури самиот цар се откажал од вербата дека грч-ладна бира ќе пие, а камо ли дека некој достоен јунак за ќерка си ќе најде.

Арно ама, еден ден во канцеларијата на царот градски, влетало едно големо, незграпно момче со приградски изглед: со позајмен, преиспеглан костим кој најверојатно го носи прв пат, со коса која за прв пат се запознала со запците на чешелот, и со мирис на сапун кој се стопил од правта на неговата секојдневна физичка работа. Во едната рака носел два неугледно превиткани, од пот полунатопени листови хартија, кои по влегувањето ги бутнал во џебот. На самиот влез во канцеларијата момчето се свртело и рекло:

“Дајте ме само 15 минути и ќе видите дека вистина зборам и дека ќе се вратам. “

И ете ти го Боро Трактор, очи в очи, со царот градски, кој го прашал:

“Кој си бре ти?”

Пружил Боро рака кон царот градски, и рекол:

“Дозволете ми да Ви се претставам, честити царе урабана легендо. Јас сум Боро Трактор, приватен автопревозник и вешт манипулант со сите превозни средства од познатите категории, и дојден сум тука да ја добијам дозволата за вашата ќерка Концесија.”

Го погледнал Коце низбрадно, и со потсмев го прашал:

“А како планираш тоа да го направиш кога ниеден од условите немаш исполнето?”

“Царе мој - рекол Боро - ми се чини оти јас сите ги имам веќе исполнето, но дозволете да ви докажам,” - му рекол и му подал една цигара од позлатена табакера со впечатлива гравура која велела “За Коце, царот градски”. Пофатил Коце да се послужи со цигара, а уште не ја ни доближил до устата кога Боро извадил упаљач со цел да му ја запали и направил едно “штраaааaнк” и од упаљачот бликнал толку голем пламен што не ја запалил само цигарата, ами троа раката царева ја подазпекол. И рикнал царот, што од болка што од шок, бајаги подналутен, со глас од кој глави сами паѓаат:

“Што стори бре сељачино безглава?!”

А Боро, со своите 196 сантиметри кроткост и 110 кила покорност и скромност, смирено му рекол:

“Па ете, го исполнив првиот услов.”

“Кој прв услов бре, мајмун низаеден?” – се развикал царот.

Во тој момент, Боро посегнал во својот набабрен десен џеб од костимот и во зажежената рака царска бапнал една ладна лименка пиво, и потем го прашал царот:

“Како пивото, царе?”

Подналутен, насамарен и зачуден, царот одговорил:

“Е жежи, ама убаво ми е.”

Потоа се насмевнал царот, и рекол:

“Мудро го ова изведе, но што со другите два услови?”

Охрабрен Боро, земал столче, седнал карши царот и рекол:
“Ако ми дадете 5 минути, ќе Ви докажам дека и тие сум ги исполнил.”

Со неверување, климнал царот со глава и рекол: “Еми ај да чујам.”

И така Боро ја почнал својата приказна:

(крај на првиот дел)

недела, 12 јули 2009 г.

Quo Vadis Academone?

Првичниот наслов требаше да биде: “Да ја свртиме другата страна”, но се исплашив дали листот воопшто има две страни.

(И како и секогаш во мој случај, текстот е постар од датумот на објава, ради мрзеливост, не друго).

Одамна ме бендиса идеата за тестирање на оценувањето во средно образование, а особено што идејата за оценување на оценувачот одамна е болна точка и во (по)високото образование. А во рамки на ваквата иницијатива која би можела да биде по-опфатна (и на грб на високото образование), би можла да се развие и оваа конкретна подиницијатива - да се сврти и другиот лист на високо-образовната диплома (не само како финале на самиот процес) и да се појасни што точно е стекнато и како – што значи титулата , како е добиена, со кој квалитет, - а не само што и кој ја здобил. (на пример – Перо Стојаноски, дипломиран инжинер). То ест, да се направи обид за квалитативно подобрување, оценување и над се издеференцирано изразување на способноста и знаењето кои ги постигнал кандидатот, а за кои дипломата е доказ. Да се излезе од формалниот опис и навлезе во квалитативна ревизија и израз на стекнатото звање.

Еден сет на можни начини да се постигне ова, а се однесува на дипломата и процесот на нејзино здобивање, би биле: ревизија на титулите (поточно процесот на нивно стекнување – цел на одредени нефункционални служби ), војна со плагијатот (кој можеби тешко, но не е невозможно да се докаже), нотарски заверена изјава за веродостојноста на авторството, ghost authorship-от како и останатите форми на плагијат да сe решаваат со полагање испит на кој би се поставувале 100тици прашања поврзани со процесот на работа и самата содржина на студиите и завршниот труд (читање, разбирање, соодветна употреба на извори, рефернцирање итн.), па потоа да се даде и оцена од тип: МА категорија 2, (категорија се однесува на видот на трудот подолу објаснет.), и индивидуална оцена во рамки на категорија, од 0-5 да речеме. Сите од кои ќе се функцаионализираат подоцна во однос на степен на прифатливост од одредена институција.

Категорија се однесува на различниот вид на работа, кој ем ја обусловува, ем објаснува специфичност на самиот процес, ем до некаде ја определува она што се вели истражувачко-научна вредност и тежина. Со други зборови, не може истражувања од типот на: “Техники на производство на шупелката во Македонија во Полошкиот регион”, (ај оваа до некаде е музоко-лошка) или “Изведба на сонатата Мачорот у чизми у Г-*ур, со додаток - опис на техника на движење на прсти” , “Mонетарната политика на средните претпријтија и анализа на годишните завршни сметки со сатистика и сликички”, “Генетски модифициран ќебап”, но и “Фемолменологијата на политичкиот наратив” да бидат сместувани во иста кошница и истоветно третирани. Е таквата разлика треба да се истакне.

Поточно, сево ова сумирано, изработка на механизам за оценување и категоризација на квалитот и видот на академцката работа. Арно ама си сватив во овие помисли дека ја сум доообро натрипан за да го очекувам ова. Од друга страна стравот и револтот ми се реални. Еден од нив е законот кој предвидува сите вработени во високообразовни институции до 2012 да се стекнат со титула доктор, Ова ме плаши дека ќе предизвика (уште по)масовно штанцање на хартии од вредност-дипломи.

Ова ме доведе до прашањето што е, што претставува титулата, звањето (МА или Д-р, побитните работи се пишуваат поскромно, нели? ) Односно да се викаш или да бидеш ***. Што тогаш значи да си формално (по)високообразуван? Дали звањето е гарант за обрзованост? Секако дека не. Дали значи дека си по умен, не! По eligible за работа, ма дај. Или поработоспособен. Подобра личност?

Некаде прочитав дека елитизацијата и достапноста секогаш ќе постојат, но во зависност од потребите ќе ја менуваат својата форма и поставеност. Така, во минатото образованието воопошто, па потоа и високото образование биле тешко достапни, сега тоа се работните места, достапни за избраните. Со ова образованието е направено незначајно, obsolete.

И ова се случува во состојба на тотлана квантификација на образовниот пазар. Образованието е одамна комодитет, но во сегашна состојба тој е безвреден. (има она што би се нарекло face value[1], површна, формална вредност – станува само материјална ознака, акустичен призвук без не само содржајно означено, но и со нејасно, со невредно означено, форма без референт, без значење. Или можеби апстрактна ознака која е нејасен восклик, извик и здив на “помалку образованите”. Луѓето го изискуваат таквиот означител (зборам за титула, диплома) оти така некој рекол, оти како велат младите “без него си никој и ништо”. Комодитет кој е безмалку празен, безличен, ако се земат предвид мотивите за добивање на епитетот (нејасни императиви на денешното живеење), но и предвид споменатата достапност (секој може до него, а што попристапно е помалку вредно). На ова се надоврзува и или матната или непостоечка контрола на пристапто (нема гејткипери, секој може да образува секого за се). Институции премногу, не се знае кој учи кој фучи. Истите располагаат со кадри од различен квалитет. Барањата (поточно условите) за стекнување се речиси изедначени со платежни барања. Уплати, па клати.

А што е со луѓето кои немаат знање и звање(ко ќе бре њих даа зове), а имаат повеќе акл и спосбност од прозваните, то ест оние кои тоа го прават од наведените императивни причини да станат некој и нешто и утопија дека со тоа ќе се подобри нивното општо и конкретно ниво на познавање и можности, но и општата благосостојба (идеолошпка заблуда од најстрашен вид). И поради таквите барања, таквите студираат нешта кои ем не им се поќеиф, ем не се во дослух со професијата, ем искрено и за К не ги бидува, само затоа што се покомодитетни.

(Да, имам став дека образованиоте треба да се елитизира, но пред се и осодржајни со значење и поинаква функционалност, и биде недостапно.)

Но сето ова не треба да зачудува особено што иде од земја во која инжинерите се најбољи египтолози, комшијата знае подобро за твојот добробит, законите се слеваат од ведро небо, а по улиците тече млеко наместо валкана вода.

Најпосле самото образование е преценето и е само начин изнуден да се дојде до диплома, workability, чија вредност и прифатливост не е определена од дидактички стандарди, туку од работодавецот. (на некој начин дипломата е пара-комодитет, форма во апстрактен систем на вредности определени од оние кои тргуваат со истите а во кој важи и фразата Your diploma is not good here за оној што го одбиваат (моето лично искуство е поврзано со тесно градост и лични интереси) но и иронично и за оној кој го примаат, пошто тој е eligible на начин на кој дипломата е иррелевантна и помалку редундантна осбено во однос на нејзината содржина. (народки кажано – тој е примен со поинаков документ)

И на крај од краиштата, итн, итн. никого не заболе, а МАестрата се котат. И покрај толку многу мајстори, па кој је бре калфа у државава? Кој е “робот”, како мајсторот би бил можел да го оствари потполно признат својот идентитет на мајстор. Вака у случајов нема ни една марионета како претставата би имала и смисла и интерес.

На крај, што па ја зборам, кога не можам да разберам дека за упис во образовна институција во државава треба желба и за по некаде и тора кеш. ЈА, кој прва генерација полагаше приемен у средно, прва генерација на драстично видоизменет приемен за факултет. Што има ја да им пречам на младите кои горат од желба да се титулираат.

И така, одговорот на прашањето содржано во насловот е: “У пичку матер, оти само пропаста има една страна”.


[1] Иако се повеќе мислем дека станува збор за exchange value со таа разлика што се менуваат муда за бубрези