Зошто оваа содржина (карусел) е несоодветна за нашиот плоштад ? Прво нашиот плоштад е најголемата фабрика под отворено небо во светот за произведување на национална историја. Некој би додал национално-културна, но ниту е културен начинот на прозиводство, нити пак културата е централен фокус на проектот. Зошто фабрика? Метафорично, заради тоа што за разлика од светот каде ратификацијата на историјата и нејзините значења (што сака да се каже, потенцира и слави преку актот на подигање споменик) се одвива геолошки и дисперзивно. Спомениците се јавуваат еден по еден на различни места, не сега, тука и (не дај боже) за секогаш. Потоа начинот на кој се изведува акцијата е типични фабрички (читај пазарно-капиталистички) , во етапи, со рокови и очекувања , и таргети за идна потрошувачка, не толку сегашна затоа што некои тука и сега ain’t buying the shit. Аналогијата не е најразработена, но чуствувам дека има потенцијал.
сабота, 20 април 2013 г.
Кога историјата стана забавна
Зошто оваа содржина (карусел) е несоодветна за нашиот плоштад ? Прво нашиот плоштад е најголемата фабрика под отворено небо во светот за произведување на национална историја. Некој би додал национално-културна, но ниту е културен начинот на прозиводство, нити пак културата е централен фокус на проектот. Зошто фабрика? Метафорично, заради тоа што за разлика од светот каде ратификацијата на историјата и нејзините значења (што сака да се каже, потенцира и слави преку актот на подигање споменик) се одвива геолошки и дисперзивно. Спомениците се јавуваат еден по еден на различни места, не сега, тука и (не дај боже) за секогаш. Потоа начинот на кој се изведува акцијата е типични фабрички (читај пазарно-капиталистички) , во етапи, со рокови и очекувања , и таргети за идна потрошувачка, не толку сегашна затоа што некои тука и сега ain’t buying the shit. Аналогијата не е најразработена, но чуствувам дека има потенцијал.
вторник, 12 март 2013 г.
Путер-модел, или човечноста на едноставниот избор.
Денгубење со 100 на саат
среда, 18 јули 2012 г.
Фински записи 1
сабота, 28 април 2012 г.
За музиката, смртта и слушањето
Завчера жена ми ме однесе на филхармонија. Искрено, ништо не разбрав, ама уживав. Е сеа, што тоа требаше да разберам ни сега не знам. А можеби , кој знае сум разбрал повеќе од што мислам, или....повеќе од другите. Така, да бев бар малку музички образуван или искусен ќе кажев нешто за изведбата, бравурата на делото,прецизноста на солистот и дндрмндр, ама ја неук, можам да ги споделам само следниве рендом обзервации.
Човек да се прашува со што тоа ние слушаме, со уво или ум? Кој како. Жена ми со сите тие
школовани концепти и саати поминати во ‘изучување’
музика и музичка пракса, ја со сета своја покварена искреност. Поентата ми е
дека за разлика од тескт и слика овде
бре (ако нема некоја проста варијација во висина, интензитет илисл, како што
беше случајот со тоа русинот) нити имаш
како нити со што да создадеш некоја прича. Дури и едноставен човек може да извлече
некаква приказна од Толстој или Шекспиор, секој гледа по нешто во Моне или
Пикасо, има боја= има буква= има прича. Овде ништо. Е сеа можда некој ќе ми
замери дека кај Рахмањинов има прича, само е раскажана полека , темелно, без
многу action modes and figures,
можда слично на Достоевски, али ја у стил на скопски Бетмен би одговорил: “Абе не им го разбирам
јазикот бе брат”. Жена
ми која ја сметам за една од подобрите педагози, се обиде да ми објасни дека
боите, и хармониите и акордите биле вакви или онакви, ама ако немате основно
познавање како мене, сето тоа звучи кинески, или ви звучи дека целото такво
уживање у музика се сведува на откривање , дешифрирање на нејзината математика
(ваков ситем, онаков акорд тралала). Да не мисите дека нешто не е во ред со
мене. Јас можам да разберам одредени парадокси (до душа повеќе ги чуствувам),
на пример можам да ја сватам и Шродингеровата мачка, иако е чуден тој мисловен
експеримент, можам да сватам дека Шведска е луда, но принципиелно праведна штом
е доследна на неотуѓивото право за фер судење дури и на монструм како Брејвик, ама овие проклети акорди, јок.
Сами пресуадате кој претерува. вторник, 10 мај 2011 г.
Трчање по инспирација
Веќе подолго време не сум шкртнал нешто, а за тоа мојата мрзеливост вели дека немало, или не нашла инспирација и се потпира на летаргичноста на окружувањето во кое, а како многу други народски дијагностичари и Неле К има утврдено дека: ништо не се случува...се е веќе видено и се е веќе чуено...од умот избегано...не може ни да се дува...ништо не се случува. Нека ми прости авторот за мојата мрзелива и некоректна парафраза , но лично многу ми се допаѓа можната симболика на забраната или недостапноста на дувачкото искуство и колку тоа збоува за не-случувањето. Накратко, дувањето е портал кон потпростор во кој барем има илузорни случувања (и сензации), тикет кон барем краткотрајна еуфорија. А во случај кога ‘реалноста’ (во случајов свет на досада, едноличност, безидејност и забрани) не нуди случувања (верувам станва збор нови и инспиративни, но и охрабрувачки и ветувачки), а воедно и не се дозволени и с(т)имулации, е тогаш стварно ништо не се случува.Како е ова поврзано со мојата нова муза-трчањето, епа верувам дека има врска со случувањето. После истрчани стотина киилометри сезонава, и се позачестено прашање: ‘За кој К?’ Полека ми дојде одговорот – тоа е случувањето, тоа е борба против сивилото и монотонијата, но и еден од ретките домени на човечката слобода и правдина.
Во тек на долгите(за кого како) часови на подготовка и особено во контекст на ултрамаратон, тркачот се соочува секој пат со монотонијата на редовниот чекор, срцебиењето и здивот. Да правите нешто подолго од 2 саати е успех сам по себе. А замислете тоа да не гледање филм, читање книга или слично, туку само едно , исто и во недоглед повторливо тк,тк,тк,тк,тк проследено со хгххх..гххххх,ххххаааххх... е за ова треба психа која може да издржи се.
Ваквата актив
ност (зборам за вистинско трчање, не пододнување со муабет) е време поминато само за себе (од тебе за тебе), не она што жените го нарекуваат ‘време за себе’ кога педикирско-естетските захфати врз телото им нудат чуство дека здобиената убавина ќе им донесе поголема самодоверба и животен ентузијазам. Не велам дека не треба тоа да го прават, само не е тоа тоа (........). Кога трчаш, целото време е твое, само за тебе, и нема никој друг, тоа не нешто што друг може да го доживее со тебе, нешто што друг може и треба да го види или осети, тоа е тоа – единственото случување во светот во тмоментот во кое се наоѓаш само ти. Момент кој е речиси во целосна твоја контрола, затоашто зависиш од фактори кои можеш да ги контролираш (како брзина на чекор, избор на опрема, време и место), или пак од фактори кои никој не може да ги контролира (временски услови). И без разлика дали е релаксирачки трк, тренинг, или трка, ти си сам на себе, ти си својот единствен противник, својата сопствена референца. Треба човек да е во најкомпромисен и пред се разумен договор со своите можности, борбата против анатомијата е залудна. Тоа го знам јас, и сите други, како и нашиот драг приајтел од Кенија кој вчера победи на маратонската трка по цена на мал ризик (за нијанса поголем напор од тогашната можност). Таквата трка со самиот себе е домен на слободата и фер плејот. Пред тебе се само поспремните, посилните и поискусните од тебе, за разлика од сивата наша реалност за која збори Неле. Тука нема ничиј вујко во Асоцијација, нема голман што несмасно примил гол, нема ...нема забрани освен анатомските, нема нечестивост, освен допинг кој е редок и нема корумпираност, оти кој е спремен во услови на мала материјлна поткрепа и ,мнооогу часови подготовка да се откаже од вистинското само-постигниување. Вчера имаше чика од 72 години кој трчаше маратон. Тој за мене не е подготвен да се откаже од животот, од натпреварот, од чуството. Зошто тоа би било поинаку за најспрмниот 30годишен шампион?
Ете за чиката (на мои 15 години би го викал дедооо) мотивот е чуството на живот, за мене...пааа убаво ми е понекогаш, ме прави задоволен, ми дава чуство на посветеност, редовност и успех....за разлика од се друго што правам, ...а ова што сега го пишувам е добро или лошо или здодевно или неинвентивно или ....ама таму мои драги има бројка, една единствена која нелицемерно и точно ми кажува се.
четврток, 11 февруари 2010 г.
ЦрвенКака 1
Незадоволни од постоечките наратолошки матрици,поточно од нивната идеолошка заснованост и неприроданата, вештачки создадена вонвременост, како и не фер третманот, поточно претставувањето на одредени ликови и нивните односи; а да не зборам за морално дидактичките вредностии и слично, ја и Гала решивне да си раскажеме прикаска по наш терк.
Прикаската је позна
та и во неа станува збор за девојче кое за малку ќе небе поради непослушноста кон својата мајка која е инаку мишн сендерот у оваа сказна со изричито матријархален дух и доминација на мадр-фигр и женски принципи и свашта, а уствари можеби станува збор за food-chain и обидот на еден кутар гладен лик да се вмеша у такоречи синџир на потрошња, а у ствари он си е само гладен лик, а трагичен е зашто тој е непланирана додатна алка во синџирот (го јаде јадачот). Приказната е воедно е и приказна за отсуството на фадерфигр. А знаеме дека цело е кога има се. Башка и приказнава е олд-фешнд. И така, главниот лик на приказната во доминантните приказнологии се вика Мома со црвен шешир, али слободно може да се вика и Жане, и Сузе и Примавера. и...
Си беше еднаш едно девојче кое мајка му еден ден му рекло дека треба да појде кај баба и која живеела таму даалеку на крајот од шумата, или Драчево ако милувате. Кој К бара една баба да живее така длабоко во шумата (АКА Драчево) никому не му е јасно, ама можда комуналните стапки на тоа место се пониски, кој знае. И така, мајката му рекла на девојчето:
Еве ја ти спакуев леб интегрален од жито лукс, маармалад од смокви ама од оној на Ге-Ем од Гевегелија, порано позната како Зора, пошто тој е единствениот што баба ти го сака, и едно парче путер од златниот олденбургер затоа што при собна температура најбрзо постигнува мачкователна состојба. Ете баш ова ти ќе и го однесеш на баба ти и по пат нема да застануваш да збориш со никого, дури ни со Кили.
Е сеа, зашто дејчево морало да носи кошница купена од пластичарите полна со омилени намирници за бабата во услови кога Хедис е секое ќоше, Тинекс никнуе на секој поголем пат, а Систи Бајк СТВАРНО фураат и по зима и по снег, за разлика од епски опеаните поштари, ич не е познато и јасно. Али ај.
И кинисало момево полека пешки, демек немало пари за автобуска карта или слично, и идело така право и малку лево и десно и кога ооооп, на сред пат и се опрчил еден постар елегантен; good looking, со манири на француски шавлјер од доцни 70ти, но без Џексонски нагони, господин, или порано познат како чичко. И и се обратил: “Гледам носиш кошничка полна со највкусносто најблаго слатко од смокви на светот. Сигурно ќе е за некој драг кој има високо префинет вкус, а дозволи ми да забележам и истиот се одликува со вонвремснска убавина судејќи по тебе како негов изданок”.
Зацрвенета и поцрвена од слатко од сушени вишни помешани со шумски јаготки, девојчето му одговори: “Ах господине, јас...јас. нависитна ви благодарам...ама и неможам да зборам со вас поради строгата домашна педагошка забrана да терам муабети со непознати”.
“Непознати!!!, ох девојче, па извини ја мојата дрскост. ....да се претставам...јас сум познат како ...Вукашин Лупевски”
“А смеам ли да прашам каде така натоварена со нутриционистички благодети си трганала?”
“Кај мојата баба”.
“И зошто ти и го носиш јадењето на баба ти? Зарем она сама не може до пазар со шик-каро пазар количка да се добутка? Не може ли сама да се грижи за себе? Беспомошна ли е? Инвалид ли е?” – подизбезумено праша.
Разочаран under false assumption, мислејќи дека бабата е или инвалид или у најмала рака неспособна да се грижи за себе, тој и у стилот на разочаран риболовец кој или лови во плитко или нема Дачија, со екстра цинизам додаде: “А зашто па толку далеку живее баба ти? Да не е социјален случај или е под сис за становање или?”
“Па мама вели дека ако ние се грижиме сега за баба таа ќе ни биде видливо благодарна кога ќе си замине. А живее таму цел живот. Па господине Лупе, има живот и подалеку од оваа наша улица.”
“А зошто живее сама, зарем не и треба друштво?” – со новоразгорена надеж и намера во очите праша тој.
“Па мама вика дека баба пати од ретка болест која се манифестира со нервни напади кога некој е во нејзино друштво подолго од 15 минути, ама јас мислам дека тоа е изговор и оти на баба стварно и треба друштво, ама најверојатно јас и мама не сме соодветното друштво. Можеби вие би можеле да бидете утеха за една стара осамена особа,” некако пренаивно и со пимповски сјај во очињата му возврати девојчето.
“Аха,” - значи не ќе да е физичка неспособност во себе помисли Лупе. Ќе да има тука нешто да се збрчи или залогаји помисли тој. “Добро тогаш, а каде точно живее?”
“Па на Петар Кубурски Ѓулето” – одоговори девојчето, “во драчево”.
“Ѓулето!?, па јас сум се опијанувал со пола поштари, се знам со скоро сите таксити и останатиот underdog slum, ама поима немам кај е тоа, и која е таа точно улица?”
“Па таа е главната кај градинката порано се викала Милка Планина и Наница или слично” – со видлива мака да се присети и со изговор ко да има полна уста жежок фрит одговори девојчето.
“Аааа, Планинц, сеа ми текна”. – задоволно одговори.
И така се разделија секој по својот пат, обострано глумајќи незанење за своите наредни чекори и истовремено сигурност дека наскоро пак ќе се сретнат.
недела, 16 август 2009 г.
Јабука или Не
Идам ја на пазар, меѓудругото и да купам јаболка, по можност непрскани, за Гала (мојата ќерка, за неупатените). И се думам како да откријам дали на прашањето: ”Дали се прскани?” ќе ми дадат верен одговор. И ги глеам јабуките по тезги, и сите ми изгледаат ко самит на пионери у чест на Ким Јонг, совршени редови од клоновско застрашувачки индентични јаболка по форма, големина и боја. И знаев дека не се тие, од ко шо велат нашите и продолжив се до крајната тезга каде имаше едни така по разнолики примероци од бараниот вид.“Јабукиве прскани ти се, дали знаеш да ми кажеш?” – прашав еден од тезгаџиите, кој ми одговори:
“Не беее, како прскани? Кај мене у двор сум ги раснел”
“Значи домашни ти се?” – го потпрашав.
“Aбеее, најдомашни, подомашни само у дневна да ти растат.”
“А сигурно ти се непрскани? , оти подобро да знам, за мало дете ми се да не направиме беља!” – полускептично додадов.
“Не бе каква беља. Беља! Каква прканица. Од дома ми се. Абе Есат сум го качувал горе да ги бере он правел беља. Есаааат дојди бе да му кажуваш на човек како си паѓал да види” – му подвикна на соработникот помлад од него, и најверојатно брат негов.
И ете ти трча Есат и му вика: “кажувај бе брзо Сабри оти имам проблјем со бостан и две жени”.
“Ајде покажувај му начовек каде си паѓал кога сум те праќал горе по јабуки, ајде”
“Абе еве овде” – покажувајќи кон и онака издрсканите потколеници, потврди Есат. “Еве тука сум се гребел”.
“Ете глједаш. А ти не веруваш! Прскани! Ајде колку ќе зимаш чорбаџи и ќе ти давам и една за по пут од мене да се свежиш. ”
вторник, 11 август 2009 г.
РомоКап
“А што ќе ми дадеш ти за пет денари?”
“Дадам?!?!” – како прв пат да го слуша зборот изговорен од туѓа уста, зачудено ми се обрати. “Па што треба да ти дадам?” – спремна да преговара за добивка ми возврати колебливо.
“Па на пример нешто за тие пари, како на пример приказна” – вториот свој адут го истресов. “ И ако е добра ќе ти дадам и 20 денари.
“ПРиииказна, што приказна” – подзбунето ми одговори.
“Па на пример приказна за девојчето Црвенкапа” – одоброволувачки предложив и и покажав 20 денари како почетен коцкарски влог.
Со подзината уста но поглед кој бара некој ментален текст таа почна:
“Си живееше Црвенкапа дома и татко и не и даваше да свири оти таа беше женско и мораше да работи по дома”
“Да работиии по дома?!?!?1” – тотално факинг непотготвен со смеење напнато пред експлозија ја прекинав. Но откако успеав да ја потсмирам нејзината збунетост и подповлеченост, поткрепени со 20 денари и мавтачки дополнителни 10, таа продолжи.
“Па она мораше да работи дома, да пере, чисти, праи ручек, да праи пари и многу си пееше и сите и викаа многу убаво пееш, и она си пееше и така”
“И?!?!?”
“И еден ден без да знае татко и она се пријави на Ромалеско-Европесно (ова е слаб обид да го пренесем она што ставрано ми беше кажано) и пееше у тој фестивал и си зема прва награда”
“Aaaaaaa” – со манијачно-адиктивно повишен глас се обратив во очекување на продужеток.
“И после пееше на БеТе-еР, и на свадби ја викаа и така ”
“Ииииии” – со преподадена глава и 20 денари истапив.
“И после она стана многу позната, и тој шо и правеше музика сакаше да ја жени и носи у Германија ама она неќеше и си остана дома ”
“И?!?!?”
“И така она стана најдобра певачка....у Шутка и свет.”
П. С. Ова беа навистина најдобро потрошените пари во последно време, до степен што за прв пат почуствував дека и парите се безвредни, но за девојчето кое ме воодушеви 100ината денари не беа ни доволни...кој знае дали некогаш ќе бидат. Но ако се затекнете на аголот кај (дури ми се гади дека треба да го спомнам) Мек Доналдс пред Веро во Тафталиџе, побарајте го овој мал карактер.
четврток, 30 јули 2009 г.
Koce Va a Paris
‘Чекај чекај, рано е за репорт, дај ти прво припреми ме таму за исцрпните и поучни средби и разговори со нивниот, после ќе пишуваш како си го поминал летото.”
“Добро, Царе” – послушно одговори полуприучениот преведувач кој јазикот на Лизаразу го беше научил од песните на Селин Дион.
И така, Коце се вдаде во нова начелно меѓуградско-терална средба. Во 5 часот по локално време пристигна на ајродромот Шарл де Зол каде ги пречека измеќарот на парискиот градоначалник, кој ги поздрави со целото француско госотољубие преточено во искрено циничната пре-окезена насмевка која велеше: “Шо кур не се земав со богатана Луси или не учев школо за да не мора да бидам сеа подвижна мапа за идиоти кои и во соба со еден агол би се загубиле.” Но и покрај тоа одговори онака френкољубезно: “bienvenue a Paris le centre de la lux, art, modrenite, romance et blablubleblubleebla sus ma bite-et lala.” - додавајќи нашироко насмевка поширока од бакнежот на Стевен Тејлер и Гоце наш заедно.“Шо вика, шовика?” – праша царот?
“Еми, ни вика добредојдовте и убаво да си поминете и да гасите светло у хотел коа спиете и да каснете од се понешто,” - со крајnи маки срочи преведувачот.
“Е ќе, ќе! Преведиму!”
“Nous allons, nous allons!”
“Mon dieu! Шубузумакугу ка нувасузу” (најверојанто со значење идете идиjоти по патот на будалите или слично), но повоторно со истата прегостољубива насмевка им возврати Пјер нивниот прв париски домаќин. “Alllons a la hotel Y demain chez mayor, OK?”
“Aааа ок, чекај” – прекина Коце, ја ќе му одговорам – “ОК, Но Проблем, Супер!, ОК?”
“OK, mon sdkshkhsdkfhsdhfk – помисли Пјер и во превод тоа значеше - Ќ порано примавме црци, арапи, жени со три цицки, корејки кои се преправаа во автентични сауна масажерки, руски-дедомразовци со брада од чист хорс, ама ова...”
Следното утро во приемната соба на Парискиот гредоначалник.
“Ooo mon chhere colleque de loupefutredie, bien vienu.”
“И на тебе колега тi благодарам” – се истрча царот.
“Царе ама мислам дека сакаше да ти каже и нешто друго”, подшепна преведувачот.
“Абе, неам ја нaмeрa да му дозволам на некој таму полуприучен, партиски поставен поттрчко да проговори прв на една ваква историска средба. Не доликува и тоа тие тоа.” – му подвикна авторитативно царот.
“Quellqen problem mon colleque” – учтиво но сеирчиски праша Парижанецот.
“No problem, just supstitute” – со леснотија како да владее нормандиски дијалект одговори Коце.
“Quel substitute, tu ne pas le mayer de skopje, tu es sus clone, Quoa?” – вознемирено праша триколорот.
“Ноу ноу, Ај шанже ми транслејтееер, ок?” – лисовидно се извлече незнаејќи Цaрот Коце.
“Aaaaa, change le translateur, Mais, se pas dificille! Pier pran nous le transomatique sarquosic 2010.” – му подвика учтиво на Пјер кој излезе од собата и се врати по неполи две минути носејќи една мала спарава налик шпиунски томкруз стајл слушалки , за кој кажа: “Voila, prandre en votre buchuk, et Vous compris tous”, или барем така му се чу на Коцета.
Коце во недвоумење ја стави справата на глава и диригиран од знакот на двајцата домаќини дувна во микрофонот, од кој се слушна едно Duuuuf, по што следеше негов зачуден изглед на кој домаќинот возврати: ‘Обично сите мислат дека се на тонска пораба на Бритни Спиерс и дувнуваат пред виситнски да проговорат.”
“!?!?!?!?!?!Ч?”- се стаписа Коце. “Од каде вие Македонски да...аааа, ииии, абе ова... ааа вие Французите ...”
Откако воспоставија комунаикација на течен северночирски дијалект со помош на електронскиот преведувач, а оној донесен и спонзориран од Скопие доби отказ за кој мислеше дека е слободен ден во Париз, седнаа на маса да скршат по некој сериозен муабет:
И колега Косе, што конкретно би ве интересирало во врска со менаџирањето на еден град метропола каков е Париз, а за каков верувам аспирира и Скопје?Ќ – прв го разби ледот Парижанецот.

“Ооо, па има тука ред, мислам низа прашања, еве да поченеме со еден многу сериозен проблем за Скопје – фекалана канализација, како...”
“Лесно, едноставно и елегантно – го прекина Мисје. Со мотивација на маргинализираните групи, кои најчесто се во период на исчекување на виза за претстој.”
“Како?” – забрадено зачуден промумла Коце.
“Како реков лесно. Истите пестициди, пардон индивидуи со статус кандидати-граѓани, ги мотивираме да се воздржуваат од исфрлање на својот сопствен био-отпад со тоа што им организираме еднодневни пикник-прошетки во внатрешноста каде тие доброволно го донираат отпадот во развој на земјоделието преку актот на испуштање на својот наталожен отпад во нашите ниви со градинарски и земјоделски култури, за што добиваат за возврат по еден багет-сендвич и француски сок, а оние поиздржливите, да не кажам полни со себе, добиваат и голема парична награда. Така што...”
“Чекајте, сакате де кажете дека багетиве ви се олкаи оти арапи ги...”
“Не, ние не гледаме на тоа така, едноставно ние сме едно предемократско општество кое дури е жртва на нефранцуксата неспособност, да речеме нашата широкоградост оди до таму да ние мотивираме и плаќаме одредни групи за она за кое е способен секој билошки исправен човек, куче па и мачка.”
“Аиии...Серем-ти-кукуруз-радна акција...Генијално.” – со воодушевуевње возврати Царот. “А шо со ова сообраќајов шефе? Мислам, мене на глава ми се качуваат оти сум исекол неколку дрвца за да ги изрелаксирам нервозните возачи у шпиц-време. А место за ново патче ни за лек. и ...”
“Па владата тоа го прави поелегантно со поскапување на цените на возилата, покачување на данокот за стари возила, не-издавање на дозвола секому, но ние работиме поинаку – со дислокација на цели населени места или изградба на обиколници, но најчсто со добро планирање и проектирање.”
“Абе, не дека ние не планираме, ама, знаеш многу планери, килав план. А ова со дислокација и обиколници, па многу скапо тоа.”
“Па, Париз, пријателе е скап град.” – буржоаски гордо му одговори Мисје Пари.
“Абе и Скопје е , ако доаѓаш од Босилово. – подзасрамено одговорил Царот. Него, а како го решавате проблемот со јавен градски превоз во услови кога имате и финансиски и човечки предизивк.”
“Искрено, таков предизвик не сме имале од бонапарта наваму, па во однос на финансискиот дел, постојат разни начини – самофинансирање, ко-инвестирање, концесии, а што се однесува до човечкиот не баш ве рабирам каков човечки предизвик?”
“Па, да речеме дека евентуалното метро или трамвај замислен и посакуван за Скопје не наоѓа на поддршка од сите општини.”“Тогаш изградете го во оние кои ја подржуваат идеата.” – одговори Парижанецот.
“Да, но тогаш проблем ќе биде финансирањето, пошто самите каси на општините не се доволни, ќе мора и од градската, а за таа нема да има согласност од другите, а на крајот и да биде, тогаш ќе има несогласување околу општините во кои ќе се гради и сообраќаја, како да се дели профитот, чии се чии ингеренции околу стопанисување, сообраќање, одржување итн.”
“Па тогаш, воведете алтернативен превоз, нешто како мини вовчиња како оние во забавните паркови, отворени лето, покриени зиме. Споро, ама евтино.”
“Е уште да имаше место на улиците за тоа добро ќе беше, кај нас едвај точаци се движат низ улиците.
“Тогаш, ете ти друг проект, изградба на локална фабрика за производствво на велосипеди. Дел ќе продавате дел ќе изнајмувате како градски рента-бајк. Бар за потопол период проблемот е полурешен.” – како човек кој има решение и за сида одговори месје.
“Да, ама скопјни баш и многу не се по точаци, а па после проблем е и како да се обезбедат, ќе ги крадат, оштетуваат,” - ко старо теткинско зановетало продолжи Коце.
“Абе колега Коце, а имате ли вие граѓанска и градска култура?”
“Ух, па не баш” - со засрамени очиња наведнати кон густата си брада одговори Коце.
“Па тоагш отворете школи, библиотеки и слично.”
“Школи имамe и премногу, а библитеките не ни се хит.”
“Па намалете го бројот на школи.”
“Не смееме, ќе не гаѓаат со зеленчук, а знаете колку зеленчукот е ем скап ем некој тешко се чисти.”
“Епа тогаш господ нека ви е на помош.” – со крајно-дипломатски сили одговори Пари.
“И ќе ни биде, годподине мејеер, оти планираме да изградиме црква на централниот градски плоштад, а може би и џамија.’
“Ооооо,” - со изненадување рече Месје и продолжи “па што не изградите и една синагога па да бидете комплетни, или може уште подобро, изградете еден ѕид на плачот во вашиот градски парк, па кога младите ќе ги раскинуваат своите бурни младешки врски, да имаат рамо шо се вели за плачење, a и ќе наплаќате влез 20 денари и палома 10денари, a ханзапластот може и гратис.” – веќе не можеше да издржи парижанецот.
“Ама, ве молам, ви ми се подбивате.” – подналутено врати Коце.“Добро, добро. Ајде сериозно. Како знам вашите канцеларии се во централниот градски парк каде се уште немате планирано да градите никаков храм, музеј или космодром, извинете за последново, - веќе при крај на својата сериозност прокометира Месје Мејер де Пари, - тогаш зошто не изгрдите еден базен на отворено, ем пари од посетители, ем екслузивна 150еес денарска фотка со градоначалник у купаќи ем вие ќе можете да си ги ладите главите кога ќе ви дојдат вакви идеи.” – надвор од секаква политичка коректност искоментира парижанецот.
“Ама вие навистина ми се ругате, ви се милам, па не дојдов јас...”
“Да, да, знам на размена на искуства, па да се вратиме на тоа, го смири месје. Што ние можеме да научиме од вас, што се разбира би било не само за доборото на Париз, но и прифатливо во нашите конкретни услови.”
“Па....да не го земате нашиот пример, на пример.” – проклето искрено одговори Коце.
“А добро, што тогаш вие научивте од нас, што би можеле да примените се разбира.”
Па...
