четврток, 14 август 2008

Платено драпање

Епа кога тргнало, тргнало. Случка по случка. Ама оваа е кратка и во неа учествуваат 52 тестиси, ако добро пребројав. Накратко, денес јас и уште 25ина момчиња бевме платени за нешто што ем претставува културно табу ем вообичаено е неплатена активност - драпање мадиња. СЕРИОЗНО! Благодарение на еден мноогу драг другар, денес учествував во сниманње на видео во кое сите беа братски еднакви ја имаа улогата да си ги чешаат јајцата. Ех што ти е уметност!

Слобода во спротивен правец

Еве една постара случка, поточно од 13 мај 2008.

Ако тој ден зaгинев враќајќи се од работа, медиумите за тоа најверојатно би известувале вака:

СЛОБОДА ВО СПРОТИВЕН ПРАВЕЦ

Или Asinarius in Fabula

Денеска некаде околу 16 часот и 30 минути на автопатот од Тетово кон Скопје се случи можеби една од најбизарните сообраќајни несреќи. Возилото марка голф 1 (кец) управувано од 38 годичниот И.М. (а во кое имало уште четири патници), движејќи се со брзина од 120 километри на час, се судри сo разјарено магаре кое според исказите на очевидците разулавено галопирало во спротивен правец, движејќи се во истата сообраќајна лента како и возилото.

По деталната полициска истрага се утврди идентитетот, но не и мотивот, на животното предизвикувач на несреќата. Се работи за магаре, поточно магарицата по име Живка, во сопственост на К.Ш. (54), од село Гургурница и кое последен пат било забележано во селскиот атар половина час пред немилиот настан.

Според исказот на сопствникот се работи за магарица која по својата природа била доста питома и послушна, но знаела и самата понекогаш да заталка по околните ливади, притоа секогаш наоѓајќи го патот кон дома. Од таму и неговата зачуденост кога ни сподели дека: јa не знам зашто она бегала кога цел живот сум ја чувал ко свое дете, сум ја ранел, галел, све. Истотo мислење го споделија и некои од локалните мештани кои изјавија: Абе она била многу мила магарица. Сви смо је волели. Сви. Никогаш не е правела бељи, да иде у туѓ двор или слично.

Иако доминантно, сепак ова не е единственото мислење што го понудија селаните. Еден од нив, кој сакаше да остане анинимен, а важи како последниот сведок кој ја видел магарицата како споулавено истрчува надвор од селото, ни се довери: Ја лично незнам, ама се говори дека животињата била често пати и тепана и злоупотребена од страна на газда. И дека он намерно ја терал да работи тешко оти нејќела да му раѓа. Уствари не можела. И затова он ја казнувал, а коњите не ги терал на тешко. И коњите и фаќале сеир. Не знам, може му се наљутила магарица.

Последни кои ја виделе магарицата се преживеаните патници кои шокантните мигови ги опишаа на следниов начин: Се се случи многу брзо. Одеднаш се појави магарето, возачот немаше време најдобро да реагира и се удри во него. Најчудно беше што самото магаре изгледаше како воопшто да не се плаши од смртта. Имаше чуден израз на лицето како да не му е гајле за ништо, и поглед насочен некаде далеку зад видливите ридови – изјави Г.Ф (42) кој во тоа време се враќал од работа.

За одговор на прашањето дали се работи за малтретирано и навредено животно кое своеволно решило да избега од таквите неподносливи услови на живеење поминувајќи ги последните мигови од животот слободно, неприсилено, движејќи се по пат кој за прв и последен пат го избрала самата (за жал во спротивна насока), или пак се работи за човечка нехуманост и негрижа која довела до таков немил исход, му се обративме на г-дин. Анамушкоски, висок референт на МВР, а воедно и експерт во областа на вончовечка комуникација и ветеринарна психологија, кој ни објасни:

Видете, како што сите ние знаеме животните не само што се способни за комуникација меѓу себе, но и самите реагираат, пред се емотивно, на однесувањето кон нив од страна на луѓето. Со што самиот акт на бегство на животното може да се протолкува како резултат на подолготраен, свиреп однос кон него, период во кој животното живеело во постојан страв – емоција која нормално се јавува и кај животните. Она што зачудува е изборот на патека за бегство. Во нормални услови, животинскиот инстинкт би ја навел магарицата на сосема поинакво, повнимателно однесување. Но, тука или станува збор за психичко нарушување на животното кое довело да суицидална интенциозност или пак до тешки телесно повреди кои довеле до неразумно однесување кај магарицата и дезинтаграција на чувството за опасност. Многу малку е веројатно дека некој ја натерал магарицата на таквиот акт.

Како и да е прашањето на одговорност за сообраќајната несреќа останува нерешено што имплицира на тоа дека жртвите не само што нема да знаат каде, но нема да можат ни како, да ја задоволат својата правда и да го остварат државно и правно грантираното право за безбедност и сигурност на своите животи. Во меѓувреме најгорештото прашање останува да биде: Каде е магарето во приказната?

Истрагата е во тек.

Маргинални срања

Во склоп на вчерашниот ни преопшт муабет со другар ми Виктор за тоа дека најдобрата сказна, расказ е оној кој ќе се случи, и никогаш оној кој ќе се раскаже (што пак е само уште еден начин да се каже познатото начело Живот пише романе, кое според мене некогаш го прави далеку подобро, понеповторливо и нераскажливо од луѓето), сакам да споделам една случка. Но за која мало навраќање на една приказна во голема мера ќе ви го објасни мојот прием на случката.

Приказната за која станува збор е раскажана од главниот лик во филмот Smoke[1], кој е писател (заборавив кој глумец). А колку грубо се сеќавам, приказната е за руски десидент кој војната ја поминал затворен (беше или во визба или во поткровје) криејќи се од што би се рекло непријателот[2]. Времето го поминувал пишувајќи го, како верувал, своето капитално ремек дело. Но дошло момент кога му снемало ризли, па почнал да го пуши своето дело. До крај. Личноста, како вели приказната е големиот М. Бактин.

Е сеа, мал вовед во случката моја. Оние што добро ме знаат, се запознати со фактот дека често одам на Водно, а подобро запознатитие знаат и дека работам на својата магистерска теза која не ретко ја редактирам на истата планина. Така беше и денес, си напраив копии од одредена квота страни и - на пат. Стасав, средактирав и расположено тргнав назад. Ама само 100-тина метри. Стегнуење серка. А палома потрошена.

Мислам дека сами може да го изнајдете инструментот на газозабришуење. Труд е труд, ама зорт си е зорт. Комичен е моментот кога се напнувате читајќи, а потоа страна од вашиот труд е де на пат кон вас, како би повториле и запаметиле дел од белешките кои неповратно ќе отидат во гомна, де кон задникот. И така неколку пати. Серете и повтарате.

Ама има голема разлика. - Бактин ја испушил единствената му копија, го уништил” капиталното му срање, додека јас само копиите од моето маргинално срање.

Инаку, да не ме сватите поинаку, јас имам само огромна почит кон него, и благодарност. И како во еден наврат реков, Бактин, тоа не е човек, тоа е руски евреј. Мојата конотација на руски е образование, строгост, традиција, култура. Евреј е креативност, луцидност, индивидуалност. Сите во најсовршен баланс кај него.



[1] Инаку сценариото е на Пол Остер, ако не сте го читале, thumbs up!!!

[2] Пошто не баш е точно дека Германците биле непријателот, тоа може да се и самите Руси.

Дизајн и ентериер

Како и секое кафуле, и во ова моево, за дизајнот и ентериерот, масите, чаршафите, изборот на чашите, дезенот на ѕидовите што сеуште ги немам, изборот на чиниите, поставеноста на масите и останатото се погрижи жена ми. А јас како и секој добар кафанџија ќе бидам задолжен за кујна.
Толку.