петок, 9 јануари 2009

Божјата рака

Од немукает решив да почнам да си пишувам рецензии ем како ментална ем како јазична вежба. И така изборот падна прво па машко, на ми се чини еден од двата, документарни филмови на Кустурица – Марадона. Пошто очекував дека ќе биде биографски документарец, така и ќе го коментирам.

Генерална замерка за документрецот е дека Кустурица не во целост успева да претстави комплексно и пред се целосно изграден лик. Го претставува како божество, обожувано не само во својата земја. Како страшно талентиран и посветен фудбалер, за што говорат и многуте снимки од некои од неговите највеличествени голови и неколкуте изјави на Марадона од своето детство и младост. Во целата приказна на успехот не е изоствен и митот за Rags to Riches. Го претставува и како татко, но само низ призма на неговата битка со дрогата. Се чини дека најинтересен, барем за Кустурица, е политичкиот контекст во кој го сместува Марадона, од една страна неговата поддршка на Кастро и пријателите, од друга стрна политичката димензија на победата против Англија 1986, само неполни две години по Фолкландскиот конфликт. Но од друга страна пак, го прикажува како следбеник, а не револуционер, водач. Марадона пренесува општи анти-американски ставови, а Кустурица како да не се труди да му овозможи елборација на ставот, ако тој воопшто ја има.

Конкретна пак замерка е она што би се рекло натурање. Дали во недостаток на инспирација или идеи, Кустурица на моменти дури и очајно се обидува да ја универзализира приказната на Марадона, за кој и самиот вели дека слободно може да биде лик во некои од неговите филмови како Татко на службено патување, Се Сеќаваш ли Доли Бел и Црна мачка бел мачор. И тоа го прави на повеќе од доволно наврати уфрлувајќи, контекстуализирајќи сцени од споменатите филмови. Друг вид на упад што го прави Костурица е само-уфрлање во приказната. И тоа не само со тоа што го носи Марадона во Белград, го запознава со својата фамилија, повторно во обид на универзализација на приказната (за сиромаштија, жртвеност итн), но и преку претерувањето во повикот на Диего кон неговата мајка, која починува по некој ден, како вели Кустурица, со гласот на Марадона како последен спомен и опроштај од овој свет.

Сепак, она што иронично за мене е и најдобрата и најлошата страна, на документарецот се личните опаски, забелешки, аналогии на Кустурица кои колку што му давата извесна ‘тежина’ на документарецот, истовремено го оддалечуваат од целта да се ицрта еден човечки портерт. На крајот, сепак тоа е гледиште на Кустурица, не на Марадона. Али ипак, мене нај допадлив ми е коментарот во барот-светилиште во кој како вели Кутутрица се рушат темелите на психоанализата и психологијата. Луцидно кустуровски, но за жал не и Диеговски.

И за крај, како лично највпечатлив момент, кој морам самољубиво да признаам и го претпоставив веднаш по слушањето на траката, средбата на Марадона со La Vida es una Tombola и Ману Чао. За емоциите пресудете си сами.

Се на се, документарец кој би требало да се види, но доколку очекувате како мене да го видите она најмарадонското во Марадона, она со кое он не е Пеле или било кој друг, поточно приказната на човекот херој, приказна за успон и пад, на како би кажал Кустурица Бог, кој истовремено си е себеси и демон, а затоа и човек, тогаш овој приказ нема во целост да го задоволи таквото очекување. Нити пак ќе ве задоволи доколку очекувате потполно изграден социо-психолошки профил. И како само за крај, со секој нов проект на Кустурица ми се наметнува прашањето дали можеби самиот не станал “изгледан”, и бајат во сопствената поетика.

среда, 7 јануари 2009

Засега барам само одговор,



подоцна и ност ако треба.

Драги секретеријату за легислатвни прашања и уште подраги сограѓани,

Ја, поради чуствувата на огорченост и пред се збунетост од прекуноќните закони на оваа 6-месечна влада (кутрата си е троа постара ама се испосеруе ко месече), барам полусродна душа која може да ми подобјасни оти:

Не се продава пиво после 7, а кафанине полни до бескрај, згора на што копиљаци испод прозор уште ми вреват до немајкаде, до 2 или некош 3 пополноќ, со и без алкохол. Еве, син ми пред еден месец рече оти пеење ќе одел да гледа, а ќор пијан ми се врати, не ни виде кај дошол.

Ја и жена ми си имаме мака. Ја на кожа, она на стомак. Еми шо да праиме кога за секоја една павловиќева и линекс треба на лекар да се појде. Оти не може ко порано, кај аптекраот и толку. Сеа иди ми дојди ми за секое сврбење и затнуење. Па не бараме ни вазелин ни антибиотици.

Ни ова со лобирњево не ми е јасно. Владата не го забрани, ама го стори под толкава контрола што на лобист-поединц (ко трговец поединец) и не му се исплати да се чепка. Башка шо и Он је Македонија, нели.

А и ова со кесиве. Чунки ќе почнеме да живееме во почист, помалку кесест и пластичен свет. Ама како е можно тоа со минихартиени кеси без дршки и истите оние кеси од вчера што сега се продаваат симболично по 2-3 денари. Па зар екологијата и животната средина се симболични простори на нашето посоење?
Нејсе.

Ама што со ова “прај деца – државата ќе ти плати”. Да им се помогне на немошните е човечност, ама и тоа има граници. Јас се согласувам да им се подаде рака на сиромашки фамилии што немаат многу, ама имаат, едно две златни дечиња, ама кој К** и самите прават 3, 4, 5 ... ако немаат за тоа сретства. Башка бре стварно преку таквото нашите пари кои ни ги земаат во секаков вид – данок, осигурување, премии – да се арчат за некој си сперм-донатор. Да не збориме за неженството и абортусот.

Па и еден ред други навидум бенигни закони како веронаука во школо, па то бре го нема не у Београд него у познији средни вјек. Башка навидум имало избор, но само и само ако има повеќе заинтересирани. Па не е ова курс по германски јазик у приватно школо.

Или со пушењето. Пуши надвор, па пуши малку внатре, надвор, па внатре. Ма или ич или брич – во иста меана две подмеани, една за пушење, друга за непушење.
Или пак оној тотално оптиконски закон за пријавување, АКА кодошење. Ако работодавецот не го пријави работникот, тогаш работникот е должен да го пријави работодавецот за непријавување, во спротивно ќе биде казнет. Од кого? И двамата се разбира.

Мене околу овие и ред други ме секираат неколку работи. Прво, неконзистентноста во спроведување. По села и мали населени места ем се шитка бира ем се “ебено” работи и по полноќ. Башка шо комшијата ми кажа како видел една парламнентарна група во бифето на кино Фросина како си пушат на неозначени места. Ама пострашно ми е да замислам ваква (несфатлива и збунувачка бар замене) легислатива на локално ниво. Замислете:

Во нашите, зборам скопски оти од тука и сум, лични карти да стои – Македонец, Скопјанец. Да се знае секогаш точно од кај сме, ем да им докажеме на Охриѓани кој им праи намногу профит во кафани и по полициски ‘рутински” контроли. Башка адут плус кај Грците.

Да се казнува секој Скопјанец кој или во животот свој нема да извика: “Секс со Битолчанки”, или ќе подржува прволигаш кој не спаѓа во неговата општина. Чаирчанец да навива за Цементарница. Ауу! Недопустиво.

Да се ослободи од годишни даноци секој Скопјанец шо ќе донесе невеста нескопјанка да му измеќари. Во спротивно, казна. Нескопски зет е исто така недопустиво. Факин Матер-и-раат Брате.

Секој Скопјанец кој се сексал на Водно, а при тоа не извикал: “Скопје, радост ти ќе бидеш!” и истовремено не користел кондом да се казни со 300 евра и 3 месеци затвор пореади опасност од ширење нерасположение и преносиви болести.

Во сите скопски градинки и основни школи задолжително да се изучува скопската древна и модерна историја. Надворешните непријатели како Пиколомини (поради ватереност), Глигоров (поради штипјаност) и внатрешните како Костовски (поради неверојатен недостаток на многу нешта) треба да се осудат. Додека вистинските мали луѓе-герои и луѓе градски-бележници како: Саво, Кире, Љубе лигавиот, Џексонот, Бошко, Џанадарот, Стоилко и други, треба да се величаат и слават.

Како стимул и развој на локалната економија - специјални платежни картички со кои сите докажани Скопјани ќе имаат попуст при купувањето на локалните, а сепак национални брендови, како Дестан-ќебап, Боза од Апче, Скопско, Дал Мет пица и останати.

Еднаш месечно, Скопјани нема да смеат да ги шетаат своите миленици од тип куче, со што ќе се сочуваат бар малкуте тревните површини од риењето на нивните шепи и реата од нивниот измет. Тој ден, сопствениците ќе мора да ги трпат кучешките срања по дома.

Но она што мене најмногу ме плаши не е самата ваква ноќна мора, ами стравотиците од хоророт невиден на јавето. И затоа прашувам, и засега само барам одговор на прашањето дали е можно ова да не биде јаве? Дали е можно сограѓаните ни наши мнозински да бидат пак прелажани (идијоти) и да го изберат патакот кој ќе го назначи гратското пиле. Не сум јас ни за ружи и ѕвезди (и тија се отепани на други начини), ами сум си за себе, сите, се.

Ваш,

Ристо Симоновски
Непрокопсан и неуспан граѓанец.

вторник, 6 јануари 2009

Едно Лето


На фоткава може јасно да се види едно мало (по мое лично мислење слатко како рум коцка или мачмалоу) девојче, неколку коли, тревник, бандера, објект во позадина, и дел од друг повисок објект.

Она што не може барем директно да се види, но претпостави е дека е рано лето и тоа лето во осумдесетите или рани деведесетти. Лето во кое нема мерцедеси, аудија, беемвеа. Лето на едноставни мали фиќенца, застави, по некоја буба и помалку смог. Лето на едноставноста.


Оваа фотографија, како и многуте други, се одсликува со одредена двојност, поточно дволичност. Навидум изгледа како да е верна на она што го прикажува, но во суштина тоа никогаш не е. Секогаш, на секоја фотографија се гледа само површината на предметите на кои паднала светлината, но речиси никогаш не се гледаат сеќавањата и чуствата за тие луѓе, тие нешта, тоа време. (Или барем тоа е прелично.)

Па така, и на оваа фотографија, се гледа гаража, но не и дека се играло фудбал на одбиени во неа, и се правеле опасни лизгалици и по некоја скршеница. И иако не се гледа ама како, да барем за некого, во воздухот чмае мирисот на времето кога фудбал се играше надвор, насекаде, во секое време, и немаше Фифи-мифи. А да имаше, не беа поинтересни од вистинскиот.

И не се гледа дека малото слатко девојче имаше само едноставни играчки, и дека објектот во позадина е Центро кој во таа, претходните и некои од годините што следеа и нудеше единствен путер со уште поединствен леб и едноставна салама завиткана во рециклирана хартија, без никој да се грижи дали сето тоа е по хасап или касап.

Но најбитно ова е фотка, која е единствена и уникатна. Која не може да се фотошопира, која не е само една од дигиталната серија на куп слични, но истовремено безлични.

Ова е невиниот поглед на едно девојче од едно невино време кое се обидувам да го видам и надвор од фотографијата. Поглед на девојче кое и денес е искрено, но не гледа невино кон светот. Поглед кој никогаш нема повторно да се случи, затоа што засекогаш останал и ќе остане ист.

Ова девојче за секогаш ќе гледа вака оти ова е погледот на загубениот рај. Ако тој постои. Кога во детли би раскажал што точно буди оваа фотка во мене би било преболно. Оти ова е поглед од едно време на едноставност и среќа за кое не знаев дека е среќа, затоа што ја живеев.


Ова можеби е плачливата носталгија на мојот поглед.