среда, 18 јули 2012

Фински записи 1

Улици, ноќи, алкохол и малку голотија

Првата ноќ имав прилика да прошетам низ градот кој има многу чуден инфрасртруктурен релјеф.  Улиците навидум изгледаат прави,  но сообраќајот не само што не се одвива праволински повеќе од 100 метри , туку делува и чудно. Некако  геометриски непредвидливо, без никаков патерн , идеш 30 метри право, па одденаш лево, па горее, па доле.  Една улица не се надоврзува или спојува со друга под диктумот на математиката и нацртаната геометрија,туку под диктумот  на затеканата релјефна структура. Полсе цела помината недела сваќам дека Хелсинки е изграден на брдовит, карпест терен, некој вид речно каскадно тло, и од таму и таквата разиграна површина. Она што не го сваќам е зошто овдешниве власти не си увезат Кинези, Црнци, Балканци, онакви зарументи деца, селјачиња со црно под нокти, и да фатат тоа копачот и да го напават градот рамен ко тепсија за зелник. Нејсне, не им дошло до тоа, или можда самиоит терен е ко рошава тинајџерска кожа чие поткопување ќе донесе повеќе проблеми отколку решенија.


Најголемата енигма пред да дојдам финското летно деноноќие, делува само на почеток чудно ради тоа што е ново,   докај  11 , 11 ипол навечер е ден со мнооогу долго приквечерие, а тогаш околу 23Ч30 настапува самрак, полека се стемнива се до 12 ипол, еден, ама не е тоа некој тотален, одлучен и дефинитивен мрак, мрак во кој можеш да се сопнеш и да останеш без новчаник, или без невиност туку некако е налик на продолжено приквечерие. Возбудливо е што на едната страна, мислам дека на југ,  иако еден пријател вели исток, е темничко, речиси како кај нас, а на север/запад е онака приквечерински светло, а меѓу тие две нијанси сме ние, потојано растегнати меѓу двете, како да сме заглавни меѓу нив. Колку  да одиш и се доближуваш кон едното или другото, никако не можеш да ја достичеш ни едната нити другата екстрема, како да си неповратно заглавен меѓу двете.  Симпатично. Што се однесува до изгрејсонцето, нити тоа не енекој нагласен климатски акт. Два саати е некеко приквечериснки (од полноќ до кај два) , а после тоа почнува да се разденува, процес кој трае неколку саати, и праскозорје нити има, нити изграјсонце, барем не онакво какво ние знаеме – една бурна, кратка и тенка бариера меѓу ноќта и денот. Сето тоа е толку постепено и бавно, што целат магија на раѓање на денот е само замислив дизниев трик.

Назад кон темата финска ноќ.  Пред поаѓање мислев дека тоа ќе биде реален проблем за мојот сон, се уверив дека уморот и возбудата од денот се доволни иницијатори на сонот , дусри и во една посветла ноќна варијанта. А ако тоа не пали, вотка е ссекогаш едно од решенијата.

На истава тема, алкохол и тоа во форма на порок – алкохолизам – е прилично присутен во Финска. Денес, недела 15 јули бев на базен и во 9 саат наутро видов млади дечки, тооотлно начукани. Ај да беше 12, па ќе си речеш прерано замезиле, или е 6 сабајле па довршуваат, ама 9-10 наутро ми е најсумптоматичниот алкопериод од денот.  Домаќините ми потврдија дека алкохолизмот е голем фински социјален проблем, ама она што ме зачуди е нивното инсистирање дека другата е речиси отсутна од хелсиншката субкултура. Јеби га , у земја со најголема стапка на самоубиства во европа уште и кое апче им фали.

Неповрзано, но овој репорт би го заврчил со темата на однос кон човековата голотија. Нели тргнав на базен да одам? Тука голотијата  одамна  не е табу, однос кој се рефлектира и на механичката сексуалност за која ќе раскажам подоцна. И така, цел базен, машки оддел се шеташе гол, пред мене, без никакво меѓусебно ѕверење, така што после минута ми дојде толку приордно што можев да раговарам со лужето без да ми се пафта сликата на нивниот свиснат патлок у глава. Секшуал либерејшен?




сабота, 28 април 2012

За музиката, смртта и слушањето


Завчера жена ми ме однесе на филхармонија. Искрено, ништо не разбрав, ама уживав. Е сеа, што тоа требаше да разберам ни сега не знам. А можеби , кој знае сум разбрал повеќе од што мислам, или....повеќе од другите.  Така, да бев бар малку музички образуван или искусен ќе кажев нешто за изведбата, бравурата на делото,прецизноста на солистот и дндрмндр, ама ја неук, можам да ги споделам само следниве рендом обзервации.

Прв во очи ми падна тапанарот. Поточно  како односот на инволвираност на одредените инструменти и соодветниот пејчек е доказ дека про-капиталистичкото вреување плата по заслуга финкционира. Имено, ја бев подготвен да се шокирам ако дознаам дека бацињата од поселeдниот ред (ударачите) зимаат иста плата ко и оние од преден – вилоинисти. Тој тапанџијата само три пати мавна по тапанот и ТОЛКУ. Па побогу, ја бев поактивен учесник, а не сум вработен у филхармонија. Жена ми вика дека делото не било такво, ко за ударни. А моето прескромно искуство ми вели дека у филхармонија и повеќето не се такви. Моето убедување е дека дечкото ја утнал работата и дека поштено би се напотил и паричка заработил ако иде у плех ансамбл, или техно кавер бенд. Вака нити пари зима за три удари, нити па талент може да покаже.

Диригент. Тоа ти било најнебулозна позиција.  Прво, во текот на цела изведба, речиси никој не му обраќаше внимание, освен 2-3-јца на 2-3 пати. А он демек најбитен , влијателен и почитуван. Човек да се прашуе шо тоа он работи коа дечкиве си бркаат работа и без него. Ме чуди како он со толку малку видливо директно влијание е најголем мадер-ју ноу уот у бендот. Ем луѓето вежбале, ем си имаат тетратче пред себе, и шо ќе им е сеа и мафтало. Али валјда тоа е центарлизираноста на 3ападно-европската мисла, мора да има пастир во стадото музиканти. Али од друга страна свака част на бицепсите, то мафтање 2 саати со десна рука , мене ме здоболе што го гледав. Hand job parexcellence.

Него мука ми е пошто ја и неможам да го чујам, разберам делото. Малтене сум глув. Мене тие парчиња ми се непознати, немам став, исто ми е дали ги свити Петко, Јурген или Мицуко, и дали диригира Панче илуи Тимоти. Ако звучи фино, ме задиркуе, просто.

Еве доказ дека разбирањето и искуството може да ви помогне во прифаќање и допаѓање, ама може и да одмогне.  Жена ми петтото дело го сметаше за врв на концетот. Некој си 4-ти концерот од Рахмањинов.  Мене ми беше тапа. Шлагер, без некој драматики, променлива динамика, узбуѓење. То па то. Бар ова мое гледиште, или поточно слушиште, не е контаминирано од фактот дека Рахмањинов имал подвоен идентитет меѓу руската петторка која го отфрлила, и америкнаската средина која го инспирирала и ...блаблабла...шијем ти га џуро.Песмцата не му чини и крај. Како реков немам знаење и искуство да ја доловам комплексноста, мене или задрикуе или не по она што Ролан Барт го нарекуе пунктум , а ја го сваќам како оној субјективен, дури и неопислив, емотивно всихитувачки момент, аномалија, или разлика која ве пали. А мене овој афро-русинов ин Њу Јорк ич не ме пали. И тоа е.

Човек да се прашува со што тоа ние слушаме, со  уво или ум? Кој како. Жена ми со сите тие школовани концепти и саати поминати во изучување музика и музичка пракса, ја со сета своја покварена искреност. Поентата ми е дека  за разлика од тескт и слика овде бре (ако нема некоја проста варијација во висина, интензитет илисл, како што беше случајот со тоа русинот)  нити имаш како нити со што да создадеш некоја прича. Дури и едноставен човек може да извлече некаква приказна од Толстој или Шекспиор, секој гледа по нешто во Моне или Пикасо, има боја= има буква= има прича. Овде ништо. Е сеа можда некој ќе ми замери дека кај Рахмањинов има прича, само е раскажана полека , темелно, без многу action modes and figures, можда слично на Достоевски, али ја у стил на скопски Бетмен би одговорил: Абе не им го разбирам јазикот бе брат. Жена ми која ја сметам за една од подобрите педагози, се обиде да ми објасни дека боите, и хармониите и акордите биле вакви или онакви, ама ако немате основно познавање како мене, сето тоа звучи кинески, или ви звучи дека целото такво уживање у музика се сведува на откривање , дешифрирање на нејзината математика (ваков ситем, онаков акорд тралала). Да не мисите дека нешто не е во ред со мене. Јас можам да разберам одредени парадокси (до душа повеќе ги чуствувам), на пример можам да ја сватам и Шродингеровата мачка, иако е чуден тој мисловен експеримент, можам да сватам дека Шведска е луда, но принципиелно праведна штом е доследна на неотуѓивото право за фер судење дури и на монструм  како Брејвик, ама овие проклети акорди, јок. Сами пресуадате кој претерува.

Назад кон Рахмањинов. За  разлика од ова дело ,претходнитедела, особено првото (на тема посмртна поворка  и ламентација за животот), како и второто (прича за некоја шумска лисица), ми беа топ.  Е тука ме заебаа, и големо влијание имаа оние описи у буклетот (програмата) на темата на делото. Неверојатно моќни framing devices. За првото дело не информираше дека станува збор за посмртна поворка, и ете ти имагинативна проекција на таквата сугестија. Одеднаш почнав да ги глеам луѓето како со наведнати глави носат ковчег, па како тивко ѕангркаат вилувчињата со кои се каснуе пченица, па потоа како пристуните коментираат: Ееее што чоек беше....еднаш ја и он....за на крај (е тука авторот ја утнал работата) да заврши со: Ај ќе помине, животот е краток, и останува на нас-живите. (последново на англиски кажано е: expression of assertion of momentary victory over death in the form of consolation). Е Тука се заебал авторот. Обично на погребите накрај се завршуе со Абе една куќарка имаше бе брат, жив  клошар, не знам кој дојде, како дојде и оп денационализација. И ете  трт-мрт ене го клошаров со 4 стана, или пак “…абе од аутопазар ја земав 3 милјарди. Тој сакашеда ме заебе, за 5 ама мене може да ми се... . Е ова е потврда на тримуфот на животот. Гадна, одвратна, сурова и Животна. И никој не може да ме разубеди дека Инките и Самуарите и Австрлопитекусите се оденсувале поинаку, и дека за време на еден погреб. целосно, ментално и муабетски биле посветени на темата на смрт и на чуставата кои таа ги евоцира. Абе човек е ж иво биќе, и како што реков, си сака животот да си проживее, дури и во форма на контекстуално нексладни коментари.

Второто дело пак, чија прича пак ми ја наметна програмата беше за некоја си шумска лисица. И коа почнаа тоа свирките удолу угоре, тивко, гласно, долго, оп цуп, кратко, чиниш лијава цела шума ја прошетала и со опашката маѓепсала, па мечката задишана , па зајакот полигавен да ја фати. брејјјј...

Како кажав можда овие приказни кои ги прифатив по сугестија на лифлетот, такозвано програмче, и само ги проектирав врз слушнатото, е резултат на мојата невозможност да создадам своја. Токму и затоа сакам пак да одам, да видам што ли ќе видам без това пусуљот да ме заебе. Да пробам да слушам без да знам, да фантазирам без некој да ми каже што и да уживам во она што постои само за мене, или као би рекол еден за мене драг лик најсовршено е делото кое се одвива во сопствената глава.). А до тогаш, Панкс нот дед!”.  Бар је концизен, искрен и разбирлив, а и можеш и да тацнуваш дур слушаш.