четврток, 11 септември 2008

Деца се секса по цел ден

н н М к он ј р ѓ ново он н лобо “.

Не ова не е ни грешка нити шифрирано пишување, туку тоа е првиот стих од нашата химна напишан со мојата стара тастатура. Ако ни ова не е доволно да се открие нејзината пред-судбина, тогаш на тацна – почнаа да ми откажуваат типките и тоа по следниов редослед: “д”, “е”, “а”, “с”, “ц”, “т”. Ама нормално ден за ден. Кога ми откажа “д” –то, а во услови на секојдневна повеќечасовна потреба од компјутер си реков не е страшно, наместо инфинитивна глаголска форма да направи, ќе сменам во индикативна – прави, а ако треба да се согласам при пишана кореспонденција, наместо да, ќе кажам така е. Арно ама, откажа и е, а со него и дедо, медо, и дејгиди млади години. Но јас упорито продолжив. Си реков ќ* ти ибам матер. Е тогаш гром од ведро – а. Не верувам дека и најучениот, а ни некој како Глоријан би можел непречено и без тешкотии пишано да комуницира без овие три букви, башка А. Па не можам ни да се потпишам, ни Александар ни Тако ни ништо. Нити можам да го употребам, барем за мене, еден од нај корисните текст-маркери од едната страна ...а од друга. Па, да му се сневиди зарем тастатурава ќе ме присили еднострно да ги гледам и прифаќам работите. Но, откако откажаа и останатите букви, и моето тастатурно семејство толку се намали, почнав да размислувам што тоа не можам да сторам без нив и највеќе од се што можам.

Ај што како последица на тоа достапниот ми за изразување фонд на зборови се намали драстично, него и на меил акаунт не можев да се логирам, на ни еден од трите кои ги имам. Па ај некако копи пејст од други документи. Си играв опасен криминалец кој на полицијата им испраќа писмо кое ќе ги насочи или оттргне од вистинскиот пат, а при тоа неговиот идентитет да остане неутврден со помош на тоа што писмото ќе биде составено од исечени весник фрагменти. Арно ама нити сум криминалец нити имам трпение за такво пицикато, башка во филмовите се праќа едно писмо. Згора на што, што ако при селекција на текст-фрагментот довлечкам и нешто што не треба.

Па си реков, да си посурфам. Арно ама пола сајтови да ми ги снемало од меморија поради подолготрајна неупотреба, или краткјотрајна, како сакате. Е сеа само замислете си што све не можете да втипкате у браузер: олимпијада, фудбал, УЕФА, cooking, sex, murder, rock ‘n’ roll, beer (for ‘hmelj’s sake), auto, dildo etc. Мислам дека е јасно какви огрничувања има и она што може да се каже и она што може да се чуе. Но едно е сигурно, во така ограничени услови, требаше да ја прочитам една од ретките целосни пораки што тасатурата можеше да ми ја упати: “Пуши к*р” и мењај ме за нова.

Истото го сторив по неколку дена, ама неколку мисли ми останаа во глава. Зарем е можно во азбуката да постојат помалку и повеќе важни букви? Кој е прагот (2, 3 , 4 букви) после кој комуникацијата е невозможна, а изразот на мислите ограничен? Која е онаа буква без која сите, или секој од нас поединечно не може? На последново јас имам одговор, но би сакал да го чујам и вашиот.