вторник, 21 јули 2009

Царот Гратцки

Царот Гратцки 2

(од минатиот пат) И така Боро ја почнал својата приказна:

Пред пет дена од редакцијата на А1 го добив бројот на госпоѓицата Биљана Секуловска, и како што вели условот, чекав да дојде 3 часот по полноќ за да и се јавам и да ја прашам “колку бурекот у Чаир”. И дојде моментот, се јавувам јас, во страв и незнаење што ќе се случи, кога од таму слушам како некој крева и со зарипнат, но врколачки животворен, глас вели:

“Вељко ако за ова не даваш 500 евра, утре на глаа ќе ти ја качам!”.

Се збунив ја и викам: “Ама госпоѓице Секуловска, тука не е Вељко, тука е Боро.”

“Кој бе Боро, Рамизу ни еден идиотски!” - се слушна од другата страна.

“Боро Тракторот” – тивко реков јас, “госпоѓице Секуловска” – уште посмирено како искарано дете продолжив.

“Ти мене најде да ме ребрачиш у ниедно време, мајмун низаеден? Сакаш да ти фукнам прекршочна и затвор да лежиш? Тоа ли сакаш? Знаеш ли кое време е? Шо се заебаваш бе ти?” – како од цевка на најсовремен руски воен тенк испуца мојата соговорничка.

“Знам госпоѓице, ама имам една многу важна и тајна информација која само со вас можам да ја поделам, па ако мислите дека се заебавам, слободно пријавете ме. А ако се сомневате дека јас не сум за оној за кој се претставувам, слободно проверете го и тоа. Ќе ве почекам.” – видливо вознемирен и полусигурен одговорив.

“Биди на линија, мајмун еден, само да проверам, ако не си тој за кој се велиш, мамата ти ја расплакав, разбра?!” – пиемесовски надркано ми одговори и ја прекина врската.

И си реков себе си: Шо праиш бе Боро, мамлаз еден, па занеш ли со кого се чепкаш? Не само што нема да ти јави него ќе ти тропне на врата и ќе те јаде дел по дел ко дете шо јаде чоколаден кекс-сендвич, двоејќи ги кексите прво и лижејќи ја средината потоа. А меѓу два залака ќе ти се смее ко најненаситна хиена. Ама јеби га, Петка си е Петка. “

И така наоблачен, не гледам ни шанса за сонце, макар и на пишлив мајонез од Прилеп, кога ете ти после две неполни минути ми се јавува госпоѓицата Секуловска и помалку растревожено, но сè уште агресивно, ми вика:

“Слушај копиљ, ако ти не си Боро Тракторот, приватен автопревозник од Пинтија со адреса на живеење Бихаќка 10, ЕМБ 1607967450966, крвна група АБ позитив, син на Перо Комбајн и Мара, сопруг на Милка, татко на Јасмина четвртоодделенка во ОУ Рајко Жинзифов која седи во втора клупа средна редица – ти ебав матер! И што е толку итно и битно што не може да почека до утре, зевзек ниеден каналпетковски?”

“Пааа, имам една информација која би можела да Ве заинтересира, а утре заминувам рано на пат, па можеби нема да можам неколку денаа да...иии да не е касно потоа, мислам некој друг да не излезе прв иии...а од друга страна таму кај одам можно е пак да ја видам истата слика, па ако имам и помош, поткрепа знаете, би можел...знаете јас сам не можам ни да кажам ни дааа...”

“Каква пре слика пимпек еден?” – ко учителка која се спрема да му стави кец на глупо дете ми одговори таа.
“Па, слика и прилика со оној попон со посивената брада.” – здткано реков.
“Кој бе? Кирил?” – ко топ спремна ме праша.
“Не, оној младион.”
“Пимент?” – со полузачуден глас набрзина додаде.
“Мислам дека така се вика.”
“И што со него?” – индиферентно ми префрли.
“Па он е малку застранет, знаете.”
“Шо? Педер?!” – подзаинтересирано праша.
“Не. Тоа е оној другион со модерните џизми.”
“Чекај бе, не лупај сеа, кажи ми јасно, ми збориш за поп-педер или шо?”
“Не! за поп-издајник!” – отсечно кажав.
“Не дупи, а ја мислев дека им е тоа middle-name.” – саркастично ми одговори.

“Не, сериозно, зборам за поп кој тајно се среќава со политичари од други земји.”

“Ииии?”

“И, не знам што муабетат, ама според тоа кога и каде се среќаваат, не сакаат никој да знае за нив. Или бар мислат дека никој не знае. И мене тоа на арно не ми мириса.”

“А ти као знаеш се, нели?” – уште посркастично, но овој пат и провокативно ми дофрли.

“Па, јас госпоѓице Секуловска, знаете работам како превозник и често патувам, и не можам да си дозволам да спијам ни во мотел, па мора да се снаоѓам по секакви, извинете на збор вукојебини, знаете. А истите се толку богу-иза-леџа шо таму и трева да расте и талибанци да се кријат никој ни ги знае ни умее, знете.” – посамоуверено и одговорив.

“Добро, добро, ај продолжи. И не ме викај така - госпоѓица Секуловска, за сите над вас сум јас Ива.”

“Па вака, јас имам и некои слики од мобилен ама најдобро да ви ги дадам лично и ви раскажам се во четиири очи. Знаете, телефони, прислушкување, сведоци тнртммнтр, и така натаму.”

“И ти би ми ги дал онака, од чиста мира, ко демек ти си некој добар дух, некоја ебана прескромна добра вила самовила која само помислата дека помогнала во зачувувањето на македонската политичка стабилност и безбедност и е доволна, нели?” – наеднаш повторно спопикантски ми одговори.

“Па, нее, не дека ја сум цвеќе за мирисање. Мислам очекувам мала награда, ама ништо прегламурозно од тоа да сум творец на веста на годината.” – во сличен стил и одговорив.

“Колку бе брат?” – без стотинка размислување ме праша.
“Пааа, 500 евра би свршилe работа.”

"Чек, чек чек! Ти мене ме дупиш или шо?! – видно вознемирен со истанчено трпение како банкарски работник за момент ме прекина Царот Коце. Нешо ти сакаш да си забавен или?"

"Имајте трпение само уште минута Царе да ме дослушате, па после оценете сам." – реков јас и продолжив со она што тогаш Ива ми го кажа:

“Добро! Кога и каде сакаш да се сретнеме. И има да ми кажеш се, немој само да си ме заебал оти лета глава.” – преладно како бос од Њу Џерси ми преложи госпоѓицата Секуловска.

“Па да се сретнеме на некое место каде никој не би не познал.” – неуверливо предложив.
“НИКОЈ Не би ме познал!?! – извика Ива – па ти си луд!!!”


“Верувајте ми! Или барем слушнете го предлогот.”
“Каде?” – испукаа таа.
“Ајде во Чаир, кај Џамијата, во бурекџилницата каде што бурекот чини 50 денари.”

“Како!? Како, како, како, какоооо!? КАаадеее!?” – започна Секуловското цунами завртувајќи само еден мал скромен полукруг во радиус од милион километри.

“Паааа, во онааа бурекџилница каде штоооо бурекот е пееска?!” – како жртва која знае дека сигурната смрт и е само почеток на маките пропелтечив.

“ШТОООООО!?!, МОЛААМ! Ти ли бе мајмун мене најде да ме репчиш копиле едно! Поп-моп, Слики, Бурек за 50 денари?! МА ќе ти ебам матер ја све по список?!” – загрме како судниот ден, наци диктатор во еуфорија и разулавена и прељубена скопјанка заедно.

“Ама зошто?” – крајно некоректно и невино прашав.

“ЗОШТООООО! ЗаШшштооооо! Е затоа што ќе видиш, - постхумно смирено ми одговори – оти сум голтала ја и поголеми риби од тебе, мајмун ни еден. Бурек за 50 денари!!!У цел Чаир нема поскап бурек од 40, маму ти ебем, па дури и оној сараевскион. А ти прашуј зошто сеа коа ќе ти имбам матер до јаја. Само почекај.”


“ХАХАХАХА! Добра приказна, нема што, Ива, поп-педер. Ејјј махер си – со солзи во очите проговори царот Коце - Само што не ти верувам.”

“Но имам доказ.” – рекол Боро.
“Доказ, каков доказ?”

Во тој момент, Боро го одвитка едното згужвано парче хартија и го подаде кон царот:

“Еве царе, Прекршочна пријава и покана за суд од Биљана Секуловска лично.”

Го пофатил пусулот царот зачуден и рекол:

“Аиии!!! Абе ти стварно.”
“Стврно, стварно, ами како” – рекол Боро.
“Види, види. -рекол царот. Ем луд ем храбар. Аууу! Машала. Добро, ами што е со третата задача?” – со подвиткана веѓа и десен дел од усната прорекол царот.
Во тој момент, Боро извадил уште едно стуткано парче хартија.
“Е шо?!? Ќе ми извадиш уште по една пријава од Шеќерка и Латас?” - pотсмешливо рекол царот.

“Не честитит царе. Ова е нивниот спој.” – рекол Боро.
“Спој? Каков спој.” – со крајна зачуденост прашал царот.

“Еми царе, знаеш, думав јас за деловите што треба да се спојат. И белки не се лесно споиви. Знаеш Царе, не е тоа ко сол и вода па едно во друго да се стопи, нити ко масло и вода, едно да не се меша во друго, ами барем во исти ѕидови се. Ами дури и Елтон Џон и Парис Хилтон, или ако милувате Куба и Америка се поспоиви од Латас и Шерека. И како ми се чини ова е единствениот начин.”

“Кој бре начин?” - kажал царот и во тој момент почанал да го одвиткува стутканото топче хартија, и на првата страна најгоре со ракопис полош од просечно прваче, прочитал:

(Вaљда) Убавицата и Сељакот
а под тоа пишувало - приказна од Боро Трактор.

“Ваљда?!?!” – рекол царот зачуден.
“Па ваљда Царе, оти ако нејзе ја кажам за убавица, шо останува за Анџелина Џоли?”
“Прав си – се согласил царот. Ами приказна?! шо е сеа со ова приказна” – доадал Коце.
“Епа царе, како реков, се чини тоа е единствениот начин. Иии ако имате уште малку трпение ќе ви ја прочитем, ако милувате.” – повторно треперливо несигурно одговорил Боро.
“Хммм!!!”, се задункал царот и рекол: “Еми ај почни, ама ако не ме бендисува ќе ти летне главата и онака.”
Подголтнувајќи, Боро ја почнал својата приказна
:

(крај на вториот дел)

Царот Гратцки

Царот гратцки 1

Си бил еднаш еден Цар со име Коце Грацки. И бил тој цар на сите улици, булевари, пазари и јавни површини, со кои стопанисувал само тој. Ама ги имал тооолку многу , што неможел сам да ги работи и морал некои од нив другому да даде да ги води, раководи и плодотвори. И ги сакал Коце сите свои поседи како сопствени чеда. Ги сакал сите скоро подеднакво, ама најмногу од се ја сакал најмалата си ќерка со име Ко(н)цесија Петка. Но дошло време и нејзината рака на тендер херојски да ја даде.

И објавил Коце, царот гратцки, оти ќе ја дава раката на неговата најмала и најдрага ќерка. А јунакот шо мисли дека може да ја има ќе треба првин да исполни неколку услови. Прво, на царот Коце да му донесе бира, ама не било каква ами како што сам царот велел: “бира ладна-ладна, така ладна шо ко ќе ја фатам да ми жежи, ама убаво да ми е”. Потоа, втората задача била уште потешка - во 3 саатот од полноќ да ја дознае цената на бурекот во Чаир, и то лично и персонално од Биљана (А1, а сите факинг) Секуловска. И третата, чунки најтешка, да ги спои Латас и Шеќеринска.

И врвеле така јунаци градски, полуградски и малоградски, и некој не успеал да ја исполни ниту првата задача, оти штом ќе се обиделе бира на царот да му донесат, патот од кооперацијата до неговата канцелариска престолнина бил доволен бирата да се потстопли и на царот гадно да му биди. Дури самиот цар се откажал од вербата дека грч-ладна бира ќе пие, а камо ли дека некој достоен јунак за ќерка си ќе најде.

Арно ама, еден ден во канцеларијата на царот градски, влетало едно големо, незграпно момче со приградски изглед: со позајмен, преиспеглан костим кој најверојатно го носи прв пат, со коса која за прв пат се запознала со запците на чешелот, и со мирис на сапун кој се стопил од правта на неговата секојдневна физичка работа. Во едната рака носел два неугледно превиткани, од пот полунатопени листови хартија, кои по влегувањето ги бутнал во џебот. На самиот влез во канцеларијата момчето се свртело и рекло:

“Дајте ме само 15 минути и ќе видите дека вистина зборам и дека ќе се вратам. “

И ете ти го Боро Трактор, очи в очи, со царот градски, кој го прашал:

“Кој си бре ти?”

Пружил Боро рака кон царот градски, и рекол:

“Дозволете ми да Ви се претставам, честити царе урабана легендо. Јас сум Боро Трактор, приватен автопревозник и вешт манипулант со сите превозни средства од познатите категории, и дојден сум тука да ја добијам дозволата за вашата ќерка Концесија.”

Го погледнал Коце низбрадно, и со потсмев го прашал:

“А како планираш тоа да го направиш кога ниеден од условите немаш исполнето?”

“Царе мој - рекол Боро - ми се чини оти јас сите ги имам веќе исполнето, но дозволете да ви докажам,” - му рекол и му подал една цигара од позлатена табакера со впечатлива гравура која велела “За Коце, царот градски”. Пофатил Коце да се послужи со цигара, а уште не ја ни доближил до устата кога Боро извадил упаљач со цел да му ја запали и направил едно “штраaааaнк” и од упаљачот бликнал толку голем пламен што не ја запалил само цигарата, ами троа раката царева ја подазпекол. И рикнал царот, што од болка што од шок, бајаги подналутен, со глас од кој глави сами паѓаат:

“Што стори бре сељачино безглава?!”

А Боро, со своите 196 сантиметри кроткост и 110 кила покорност и скромност, смирено му рекол:

“Па ете, го исполнив првиот услов.”

“Кој прв услов бре, мајмун низаеден?” – се развикал царот.

Во тој момент, Боро посегнал во својот набабрен десен џеб од костимот и во зажежената рака царска бапнал една ладна лименка пиво, и потем го прашал царот:

“Како пивото, царе?”

Подналутен, насамарен и зачуден, царот одговорил:

“Е жежи, ама убаво ми е.”

Потоа се насмевнал царот, и рекол:

“Мудро го ова изведе, но што со другите два услови?”

Охрабрен Боро, земал столче, седнал карши царот и рекол:
“Ако ми дадете 5 минути, ќе Ви докажам дека и тие сум ги исполнил.”

Со неверување, климнал царот со глава и рекол: “Еми ај да чујам.”

И така Боро ја почнал својата приказна:

(крај на првиот дел)