сабота, 20 април 2013

Кога историјата стана забавна


Пред неполна недела мк владата или кој и да крие, задскрива, или ѕирка под тоа име,реши да постави карусел на градскиот плоштад, токму на оној истиот кој некако килаво на своите плешки го носи товарот на проектот Скопје 2014. Мене тоа ме збуни како и многу други, и  пошто извесно време нема, или не сум наишол на некакво толкување на чинот, претпоставувам и луѓето и социјалните критичари с е уморни и им је преку глава, ја решив да се позабавам, и забавувам и/или заебавам со темата:  Како да се објасни акотот на поставување на вртелешка на Скопскиот градски плоштад (дали е можно да се разбере и објсани акотот на поставување вртелешка ансред плоштад? кои намери и цели таа симболизира? Зошто вртелешка ТОКМУ на плоштад?)

 Реакциите на луѓето,



 се движат во опсег на: прифаќање , на контесктулана несоодветнсот,  па се до  одбивање да се коментира настанот поради абсурноста, или би се рекло необјансивоста на актот. Од една страна рекциите во однос на несоодевеноста на физичкиот контекст се издражани, исто како и оне реакции кои акотот го толкуваат како последна манифестација на  апурдноста и лудилото на проектот Скопје 2014, проект кој негодувачите го гледаат, и со право,  како симбол на тоталитариситчлката политичка моќ.  Јас овие гледишта, како оние на задоволните гражани немам намера нити имам право да ги спорам, секој има право на сопствено мислење, дури и ммислењето да му е позајмено (на крај на краиштата Влчасте е добра колку што се грижи за народот.) На сето ова јас самкам да додадам две нешта: идеополитичка несоодветност и можни причини за овој збунувачки акт.

 Што е нашиот плоштад?

Зошто оваа содржина (карусел) е несоодветна за нашиот плоштад ? Прво нашиот плоштад е најголемата фабрика под отворено небо во светот за произведување на национална историја. Некој би додал национално-културна, но ниту е културен начинот на прозиводство, нити пак културата е централен фокус на проектот. Зошто фабрика? Метафорично, заради тоа што за разлика од светот каде ратификацијата на историјата и нејзините значења (што сака да се каже, потенцира и слави преку актот на подигање споменик) се одвива геолошки и дисперзивно. Спомениците се јавуваат еден по еден на различни места, не сега, тука и (не дај боже) за секогаш. Потоа начинот на кој се изведува акцијата е типични фабрички (читај пазарно-капиталистички) , во етапи, со рокови и очекувања , и таргети за идна потрошувачка,  не толку сегашна затоа што некои тука и сега ain’t buying the shit. Аналогијата не е најразработена, но чуствувам дека има потенцијал.

 Што пак е карусел?
Каруселот е типична забавна панаѓурска содржина наменета за децата. Тој е дел од циркусиката култура карактеризирана со сензација, спектакл, воодушевување, забава, телеснот.  Симболично може да го толкуваме и како карнивелситички феномен, но не толку како обд да се инверзираат социјланите улоги и односи (питачот да стане крал, а кралот питач), туку како обид истите да се стагнираат, остават по страна, за момент заборават.

Она што буни е зошто е поставен до содржини кои што треаба да се мртво сериозни (нели историјата е прикзана на мртвите раскажана од устата на живите), треба да ја раскажуваат осмислената веризјиа на историјата,  треба да помогнат во националното осознавање,  треба да предизвикуваат недвоиви возвишени чуства на сакање на татковината, патриотизам, Содржини кои треба да претсават недвосмислен систем на строго утврдени односи.

Вака нити каруселот е карусел, онака сам без други содржини како: пукање во патки , гаѓање дебел човек што седи на даска над буре со вовода, нити пак спомеництите се целосно споменици. Каруселот е иствремено пародија на самиот себе, изземен од конекст на панаѓур,  а на спомениците како да им е одземена политичката моќ. И на крај пак останва прашањето врз основа на што некој одлучил да направои ваков фрик шоу,фантастична травестија,  да на лебедите на плоштад им бапне едно грдо пајче?

 
Засега имам три скромни објсанувања:

1.    Симболично и сублиминално: историјата е едена игра во која учествуваме сите без разлика на возраста.  Но секој учествува со својот капацитет. На исто место одат старите да ги величаат таму оспоменичените великани, но и децата наивно да си поиграат. Вртелешката е инструмент за да едно патриотско семејство добие се што му е потребно: политика и патриотизам за постарите, игра за помладите кои во играта непрестано ќе бидат изложени на сликите кои ќе им ја формираат идната нацинал-политичка совест и оттаму произаезени ставои. Накратко,  сублимонално влинание врз  потсвеста на децата, кое после пубертетот ќе се манифестиора во политички послушпна совест.  Или учиме низ игра: историска лекција низ игра.
 

2.    Лефтерно и моќно: кур ми е двор мие. Или намера која оди во прилог на total and VULGAR DISPLAY OF POWER (http://www.youtube.com/watch?v=jnRP77QN59w) што е во дослух со се останато, односно со останатите манифестни форми на приказ на моќта (тотална политичка и медиумска доминација, буџет, песни о ора за отаџбина ...).

 
3.    И најневеројатно: немање концепт, или имање верба дека одлуката е правилна, дека на дворот на фабриката за создавање историја под отворено (плоштадот) и треба и една играчка за деца. Оваа одлука најверојатно ја донеле ликови кои никогаш не ги играле низ маало, или пак мажи кои си играле со куклички.


Некој вели и дека целиот проект е финансиски бериќетен. Каква ли диполма има таквиот карактер? Освен ред нови дилеми имам и неколку прашања:

Дали некој може да погледне низ очите на сегашните деца и ми каже како тие ќе реагираат на нашите носталгични наративи за тоа каков беше и ШТО беше плоштадот пред да стане фрик шоу? Дали децата како и ние кога сме ги слушале постарите како раскажуваат за прошетки, корзоа, метропол виршли со екстра сенф, ќе се смеат на наивноста на нашите спопмени на коцка, калдрма, бивши лондон, новогодишните тезги? Или овие деца ќе бидат исто така збунети исплашени како и ние сега? Или полошо, тоа ќе им биде прифатена и живееана реалнсот?
 
А на прашањето што би направил со 160.000 евра колку наводно чини вртелешката? Би одговорил радикално

вторник, 12 март 2013

Путер-модел, или човечноста на едноставниот избор.



Денес  инспириран од посетата кај мојот стоматолог, повторно се навратив на идеата наречена путер модел на пазарното и човечкото општество  воопшто.  Мојот путер модел вели дека порано, во толку кудениот социјализам кога мајка ми ќе ме испратеше по путер имаше еден единствен путер, кој го купуваа сите, и селани и граѓани и сиромашни и не толку сиромашни (богати и буржазија немаше, нејзина замена беа државните директори, секретари и слични). Ние тогаш не бевме маркет сегменти, туку муштерии на кои им се праваше муабет, путерот не беше нашиот класен маркер туку нашата задоволена потреба.  Го кудат социјализмот оти на сметка на задоволени материјални потреби ги запоставуваше или пак вешто постиснуваше другите, политички потреби. Но во денешно време, дури е полошо, пазарот и политиката се здружија и ни ебаа мајката онака еноставно како еиднствениот путер од 80-тите. ПАзарот и политиката имаат многу заеднички нешта - и двете создаваат вештачки потреби за да ги задоволат, и се разбира профитраат на сметка на задоволената потреба,  и тоа без разлика дали потребата-понудата  е  нова при пејд услуга или нов амандман. Нема многу разлика, луѓето и на двата пазари (пазарот на материјални добра и оној на политички добра и услуги) се само маркет сегменти кои се убедуваат дека понуденотот е најдобротто за нив, се друго е штетно, расипано и неквалитетно. И дават пазари функционират благодарение на кризни моменти , и принцови на бели коњи кои знаат, умеат или барем имаат чесна намера да ја решат кризата, но не како во бјаката еднаш за секогаш, ами од денес до утре.

Ништо од ова што говорам не е ново, секако дека многу го имаат кажано и уочено претходно, ама мојата мраза не ми налага да се замарам со цитирање истомсилиеници.

И беше се така едноставно, онака меланхолично како иде овој евергрин (обратете внимание само на повторливоста на носталгичното ехо):

 

 
Еден путер, едно пире, една плескавица.  А сега луѓето се избезумени, преплашени, оти на човек му трбе пред се сигурност, нешто да се потпре.  А пазарното, па и политичкото оштество тоа не им го овозможуваат. Тие им нудат многу исти,  и над се неквалитетни,  опции.  Многу избори ја укинуваат единствата битна одлика на изборот: разликата, релевананта и значајна. Но такава може да постои самио меѓу два , евентулано три избори. Така функционира и човекот. Човекот сака едноставни работи, и мал избор до две. Такава е сигурноста која ја нуди бунарниот систем , или евтиното или скапото. Луѓето оперитраат едноставно во две до три димензии, им треба напред-назад, лево десно и горе доле и толку. Чабе физиката се труди да открие нови димензии. Луѓето не знаат, нема да знаат што да прават со нив, нити како да се снајдат. Исто како што јас не можев да се снајдам денес која пломба да ја одберам на забар, најевтината (250 денари) , средната (450) која всушност беше речиси средна по цена, али тија 150 денари ептен  натежнаа кон најсакпата која чини 600 деанри. Ама на крај дедо мраз победи и ме убеди да се почастам пломба со нанокомпозит (израз кој не ми значи ништо ама е така наштиман да на уши ми дава сигурнсот во квалтитетот на пломбата) , а порано мојот прокелав забар у школо само ќе ми кажеше: Александар сега ќе ти ставам пломба, и после одев да си играм, нормално.

Ама сега, сега никој од нас нема ни време ни волја за игра , сега сите ние вака го конзумираме простиот избор на путерот:

 

Некој си Јануар, со додавки од Март 2013

Денгубење со 100 на саат


Неодамна, како што и споделив со некој од вас (http://www.facebook.com/appcenter/candycrush?fb_source=dialog_permission#!/aleksandar.takovski/posts/10151767886144606) , повторно се фанцинирав од феноменот на неправење ништо, денгубење,  и целосно зајабување на умствентиот капацитет.  Сега веќе пообмислено го поставувам прашањето во пообемен , дури и дрзок контекст.


Дали начинот на живот наречен денгубење не е значаен  дел и прорпатна причина на нашата социполитичка кризна ситуација?


Секое утро во автобус од 40 патници во кој се возам, 37 не прават ништо, и тоа го прават во две форми. Едната е тотално пасивна (спиење, зјаење низ прозор со поглед некаде дааааалеку над  хоризонтот во некои конкретни добитни и пред се wishfull thinking комбинации и шеми од типот  “Aбе да може да се согласи шефот...ај 50 ќе дадам за колата, 50 за децана....и некако ќе ја наредам....).  И вториот тип на неправење ништо е обично од страна на најчесто жени (немам сексистички намери во идентификација на познатиот факт дека жените се поговорливи наутро, и преку ден и отаде денот) и тоа жени кои наутро како и секогаш се расположени да низ долг, кружен, сезнајковски  и политичкин крајно не-ефективен начин  ја дискутираат и оправаат ситуацијата наша насушна. Е токму овие жени и оние поспани сопатници  кои значаен дел од животот го поминале во автобус.  

Е сеа, ве молам внимателно проследете ја следнава ја следнава математика: 15 години секој ден се возат со автобус, 3-4 саати на ден од скопје до гостивар и назад, што соодветствува со неверојтани една ипол до две години, или ако сакате 500 денови поминати во патување, или пак 12000 саати поминати во дремака, муабет, и денгубење.  12 000 саати исполнети со ехо на лични интереси и сезонски муабет-трендови (денешниот ручек, болеста  на блискиот, годинешниот одмор, ) актуелни настани и пропратни општествени ставовои (избори, еврозвизии, кризи, скандали) , 12 000 саати исполнетои си израз на незадоволство, несогласување, чаршиска критика и постојано чуство на огорченост, на неправење ништо. А на истиве карактери,  одморот од три недели на лето, со ист дневен распоред и предисцениран провод им е краток. А замислете, некои од овие мажи и женички се учителки, админситративки, докторки, судиии. Учителки кои , во дух на позатата круша под криуѓа паѓа, а учителката ни е втора мајка , не можат да родат нити златен делишес нити асли дете голомеше, ами само исто такви, пасивни,  не злонамерни,  но сепак мрчаторки и мрчатори кои како и нивните учители се склони својот  ‘Know it all’ став да го изразат на секој начин освен ефективниот преку активност и спротиставување. Така, истите овие цинични патници на кои не им одговоара цената на струјата после 5 саат идат дома да му ја залегнат, а не да протестиаат пред Регулатотррна. Така нивното мудрување против неправдата е само тема да го скртат 2 часовното патување.  И на карај пак излегуваат на избори и го даваат нивниот и онака нем глас за целиот безгласен хор на промени, дела и подобра иднина.

Е сеа, јас може претерувам што синдромот societal ill го гледам во за некого неповзрана манифестација на вакво денгубење, но некако ми делува дека таквата пасивност, таквата индиферентност, има и те како врска со образованието, како формално така и неформално. Оти ако на образованиот човек, особено во вакво интересно време му е здодевно, тогаш нешто труе од се некаде.  Иако нискиот квалитиет на образовнанието и неговата пазарна комодификација е дел од проблемот, тоа не треба да ги обскуражи оние кои сакаат да се самошколуваат, или барем преку и онака бедното образование да ја стекат навиката за читање. Рака на срце, дневните весници и не се баш најпордуктивно-едукатиовната  литература, ама чисто се сомневам дека ликовите на моите сопатници го цедат потенцијалот на интернетот, па што сметките поради  даунлоадот  им се се преголеми. Ма јок, можам дрско да се кладам дека најголем сајбер успех им е фејсбук профилот.

На  крај на краиштата, нити може да има здраво општество нити некава извесна иднина кога онаа така наречана средна класа (веќе ги набројав неколкуте профили),  две  од десет работни години поминуваат во денгубење, очајување, и постојана критика ....на крај на краиштата една проичитана книга нема да го смени светот, но денот ќе го направи поподнослив, интересен и вреден да се повтори.  На крај на краиштата, реакцијата на многумина би била: Што можам јас да сменам ако и го прифатам овој крајно левичарски совет на Тако?. Епа Тако смета дека за почеток помалку мрчење, и помалку време поминато и во слушање и говорење...

 

 Епа мајсторе, ја сеа слегувам.