недела, 12 јули 2009

Quo Vadis Academone?

Првичниот наслов требаше да биде: “Да ја свртиме другата страна”, но се исплашив дали листот воопшто има две страни.

(И како и секогаш во мој случај, текстот е постар од датумот на објава, ради мрзеливост, не друго).

Одамна ме бендиса идеата за тестирање на оценувањето во средно образование, а особено што идејата за оценување на оценувачот одамна е болна точка и во (по)високото образование. А во рамки на ваквата иницијатива која би можела да биде по-опфатна (и на грб на високото образование), би можла да се развие и оваа конкретна подиницијатива - да се сврти и другиот лист на високо-образовната диплома (не само како финале на самиот процес) и да се појасни што точно е стекнато и како – што значи титулата , како е добиена, со кој квалитет, - а не само што и кој ја здобил. (на пример – Перо Стојаноски, дипломиран инжинер). То ест, да се направи обид за квалитативно подобрување, оценување и над се издеференцирано изразување на способноста и знаењето кои ги постигнал кандидатот, а за кои дипломата е доказ. Да се излезе од формалниот опис и навлезе во квалитативна ревизија и израз на стекнатото звање.

Еден сет на можни начини да се постигне ова, а се однесува на дипломата и процесот на нејзино здобивање, би биле: ревизија на титулите (поточно процесот на нивно стекнување – цел на одредени нефункционални служби ), војна со плагијатот (кој можеби тешко, но не е невозможно да се докаже), нотарски заверена изјава за веродостојноста на авторството, ghost authorship-от како и останатите форми на плагијат да сe решаваат со полагање испит на кој би се поставувале 100тици прашања поврзани со процесот на работа и самата содржина на студиите и завршниот труд (читање, разбирање, соодветна употреба на извори, рефернцирање итн.), па потоа да се даде и оцена од тип: МА категорија 2, (категорија се однесува на видот на трудот подолу објаснет.), и индивидуална оцена во рамки на категорија, од 0-5 да речеме. Сите од кои ќе се функцаионализираат подоцна во однос на степен на прифатливост од одредена институција.

Категорија се однесува на различниот вид на работа, кој ем ја обусловува, ем објаснува специфичност на самиот процес, ем до некаде ја определува она што се вели истражувачко-научна вредност и тежина. Со други зборови, не може истражувања од типот на: “Техники на производство на шупелката во Македонија во Полошкиот регион”, (ај оваа до некаде е музоко-лошка) или “Изведба на сонатата Мачорот у чизми у Г-*ур, со додаток - опис на техника на движење на прсти” , “Mонетарната политика на средните претпријтија и анализа на годишните завршни сметки со сатистика и сликички”, “Генетски модифициран ќебап”, но и “Фемолменологијата на политичкиот наратив” да бидат сместувани во иста кошница и истоветно третирани. Е таквата разлика треба да се истакне.

Поточно, сево ова сумирано, изработка на механизам за оценување и категоризација на квалитот и видот на академцката работа. Арно ама си сватив во овие помисли дека ја сум доообро натрипан за да го очекувам ова. Од друга страна стравот и револтот ми се реални. Еден од нив е законот кој предвидува сите вработени во високообразовни институции до 2012 да се стекнат со титула доктор, Ова ме плаши дека ќе предизвика (уште по)масовно штанцање на хартии од вредност-дипломи.

Ова ме доведе до прашањето што е, што претставува титулата, звањето (МА или Д-р, побитните работи се пишуваат поскромно, нели? ) Односно да се викаш или да бидеш ***. Што тогаш значи да си формално (по)високообразуван? Дали звањето е гарант за обрзованост? Секако дека не. Дали значи дека си по умен, не! По eligible за работа, ма дај. Или поработоспособен. Подобра личност?

Некаде прочитав дека елитизацијата и достапноста секогаш ќе постојат, но во зависност од потребите ќе ја менуваат својата форма и поставеност. Така, во минатото образованието воопошто, па потоа и високото образование биле тешко достапни, сега тоа се работните места, достапни за избраните. Со ова образованието е направено незначајно, obsolete.

И ова се случува во состојба на тотлана квантификација на образовниот пазар. Образованието е одамна комодитет, но во сегашна состојба тој е безвреден. (има она што би се нарекло face value[1], површна, формална вредност – станува само материјална ознака, акустичен призвук без не само содржајно означено, но и со нејасно, со невредно означено, форма без референт, без значење. Или можеби апстрактна ознака која е нејасен восклик, извик и здив на “помалку образованите”. Луѓето го изискуваат таквиот означител (зборам за титула, диплома) оти така некој рекол, оти како велат младите “без него си никој и ништо”. Комодитет кој е безмалку празен, безличен, ако се земат предвид мотивите за добивање на епитетот (нејасни императиви на денешното живеење), но и предвид споменатата достапност (секој може до него, а што попристапно е помалку вредно). На ова се надоврзува и или матната или непостоечка контрола на пристапто (нема гејткипери, секој може да образува секого за се). Институции премногу, не се знае кој учи кој фучи. Истите располагаат со кадри од различен квалитет. Барањата (поточно условите) за стекнување се речиси изедначени со платежни барања. Уплати, па клати.

А што е со луѓето кои немаат знање и звање(ко ќе бре њих даа зове), а имаат повеќе акл и спосбност од прозваните, то ест оние кои тоа го прават од наведените императивни причини да станат некој и нешто и утопија дека со тоа ќе се подобри нивното општо и конкретно ниво на познавање и можности, но и општата благосостојба (идеолошпка заблуда од најстрашен вид). И поради таквите барања, таквите студираат нешта кои ем не им се поќеиф, ем не се во дослух со професијата, ем искрено и за К не ги бидува, само затоа што се покомодитетни.

(Да, имам став дека образованиоте треба да се елитизира, но пред се и осодржајни со значење и поинаква функционалност, и биде недостапно.)

Но сето ова не треба да зачудува особено што иде од земја во која инжинерите се најбољи египтолози, комшијата знае подобро за твојот добробит, законите се слеваат од ведро небо, а по улиците тече млеко наместо валкана вода.

Најпосле самото образование е преценето и е само начин изнуден да се дојде до диплома, workability, чија вредност и прифатливост не е определена од дидактички стандарди, туку од работодавецот. (на некој начин дипломата е пара-комодитет, форма во апстрактен систем на вредности определени од оние кои тргуваат со истите а во кој важи и фразата Your diploma is not good here за оној што го одбиваат (моето лично искуство е поврзано со тесно градост и лични интереси) но и иронично и за оној кој го примаат, пошто тој е eligible на начин на кој дипломата е иррелевантна и помалку редундантна осбено во однос на нејзината содржина. (народки кажано – тој е примен со поинаков документ)

И на крај од краиштата, итн, итн. никого не заболе, а МАестрата се котат. И покрај толку многу мајстори, па кој је бре калфа у државава? Кој е “робот”, како мајсторот би бил можел да го оствари потполно признат својот идентитет на мајстор. Вака у случајов нема ни една марионета како претставата би имала и смисла и интерес.

На крај, што па ја зборам, кога не можам да разберам дека за упис во образовна институција во државава треба желба и за по некаде и тора кеш. ЈА, кој прва генерација полагаше приемен у средно, прва генерација на драстично видоизменет приемен за факултет. Што има ја да им пречам на младите кои горат од желба да се титулираат.

И така, одговорот на прашањето содржано во насловот е: “У пичку матер, оти само пропаста има една страна”.


[1] Иако се повеќе мислем дека станува збор за exchange value со таа разлика што се менуваат муда за бубрези