вторник, 21 април 2009

Моите Стопански Кошмари

Не дека на сите не ни е позната нехуманата природа и мисија на банките, нивното крвопијство и алчност и останато....(пренервозен сум за да досликувам)...ама до сега имав мали, наречете ги братољубни или како и да сакате, сили да простам и не-речам дека банкарите се најдолниот слој на луѓе = Говна. Не гомна, оти вториов израз го покрива само физичко-олфакторниот аспект на одбивниост. Но и покрај тоа, јас во банкари не ги вбројувам сите оние шалтерски работници кои се доволно љубезни, па некогаш и поладни, и над се зависини и уплашени за работното место (а и егзистенција), кои се можеби морално исфлекани, ама кој од нас не е, нека ми се фати. Во иститие не ги вбројувам арогантните тетки од Комерцијална (или њума слични) кои лик како мене облечен у трењерка и син подостарен џемпер (а во тој единечен случај, и десетици илјади денари наменети за уплата) не го рецкаат правејќи си муабет меѓусебно за господинот кој сакала да подигне прекунивната банка 1000 евра. Згора на што истата тетка куца со два показалци. Нејсе. Ама денес искуствово ме докрајчи.

Накратко, ја ебената поштењачина оттрчав во банка да уплатам некаква си каматна разлика која банката си ја самопрогласила во меѓувреме а само пред саат-два ни јавија да не известат. А разликата си течела братко неколку месеци. Мала криза, добар домашен буџетски ребаланс и трчам до у банка. Покрај барањето истата уплата да биде извршена не подоцна од претсојниот Петок, телефонски сугерираат и да се извадел некаков си амортизационен план. Да ме Е*** ако знам шо е ама не звучи како награда, особено што нешто ќе ми се амортизира. Тако реќи, ќе га примим поглатко.

И така, културно, учтиво, (лекција 6 од живот = “Не нерврај шалтерски радник у тмурен дан”) доаѓам марфиевски на ред (во другата редица сите кои дојдоа после мене завршија пред мене) и викам “треба да платам” и тетка вика “нема проблем”, и викам ја “A, амортизационен?” (у меѓувреме ми текнува дека тоа најверојатно е елабориран список на мојот преостанат долг) она вика “на друг шалтер а сеа потпиши уплата!” Пази Овa - Потпиши уплата, на кредит кој не е на мое име, туку на мојата сопруга (пошто глупо би било да се вика сошина, или беспруга) и е нешто што го праам секој месец без проглем. Арно ама, на дотичниот шалтер не го издаваат бараниот докумет без нејзино лично и прелично присуство. И покрај моите проби, усилби и тажни фаци, како и понудата да ги донесам, приложам и заложам: нејзина лична карта, ориѓинал венчаница, ако треба и изводи, државјанство, па и мојот постар модел Нокија. Не!!!, ЛИЧНО! оти информацијата била доверлива и достапна саааамо на носителот, пардон барателот на кредитот. Секој ебан месец можеше и мојата почината баба да им плаќа, ниииикад не ме прашаа што ми е мене кредитобарателот. А сега,е сега ...Е сега сваќам како они ме Стопанисуваат, и мајката ми стопанкина.

И затоа, и само ради тоа и ништо више, на сите банкари (сопственици, менаџери и слични) им посакувам да им се сотре најмилото, а ни осигурителна ни погребално да не може да им издаде тапија, и тоа неповратно.