среда, 31 декември 2008

G-Ice Mother Fucker

Наспрема мислењата дека Дедо Мраз е заводлив инструмент на конзумеристичкото општество и трте мрте, јас не можам да се согласам со таквите нак***ени ставови оти и таквит луѓе ќе имаат можеби деца кои ќе го живеат еден од најмоќните митови, оној на ДМ. Поради ова, а и како дообјаснување на претходниот пост, би споменал неколку причини за моето мислење дека Дедо Мраз е многу, ако не и нај, кул фраер.

Асексуелен е. Нема жена да го тера да си оди дома и да не се дружи со драги пријатели и проби свет до бесвест. А е и секуално необележан, лишен. Со што и нема предрасуди кон било кој секс и сексуалност. Кај него не постои сексуалноста.

Не верува во Бог, затоа што самиот е божествен. Добар со сите, на помош кај секого. Секој рисјан, муслиман, евреј, хинду го испоштува. Нема ни една друга божествена манифестација поприфатена од него. Он е над сите нив, не правејќи разлика. Ги сака луѓето и нивните богови. Некомпетитивен е, за разлика од него секој посран Бог тврди дека е the fucking one, а ги има иљада.

Ја сака иднината и минатото. Децата на децата на децата што ќе бидат. И ќе научат дека он ‘не постои’, но ова се додека не дојде време и не треба да им објаснат на своите деца дека он Навистина не постои. Не постојат ни божества, па? Не бара жртви, храмови и следбеници.

За неверување во Дедо Мраз нема казна. Подеднакво е прифатливо и да веруваш во неговото постоење и во неговото непостоење. Да си добар е да си награден, лош – ненаграден. ДМ никогаш нема администрирано казна за лоши деца, отсуството на подарок е казна сама по себе, не пекол, не душевно мачење. Или како вика другарка ми Тамара: “На лошите деца родителите им даваат подароци, не Дедо Мраз и тоа само за тоа за да не плачат”
Доаѓа и се појавува на начини кои се зависни од средината, како и од инвентивноста на родиелите. Мојот доаѓаше секогаш кога спиев. Посакував да го сретнам, но не се фрустрирав оти резултатот од неговото доаѓање секогаш беше таму, под елката. На жена ми и доаѓал на врата, оставајќи подароци во чевел. Но како реков и да не го видиме сами, резултатите се тука. Не бараме чуда, само мало изненадување.

Идеата за ДМ е една единствена, иако самиот има безброј слични манифестации. На крај на краиштата сите сме го виделе, седнале во неговиот скут, воодушевиле од неговото Хохохо.

Не бил осодуван, депортиран, разведен, прекорен. Нема пасош, нити лична. Нема здраствена, нити чековна. Нема ништо што ќе го обуслови, нешто кон кое ќе биде благонаклонет, или зависен. Ама си има дом, изглед, виткост и вредност.

Од сите наши измислици он е најсовршениот, и најчовечниот мит, а сепак најмалку веруваме во него. Ги следиме слепо командите на безчовечните бози, а он ни е смешка.

Преку Хохохо од такво лицемерие! Дедо Мраз е (можеби) единстевното што го обединува овој свет, не крстоносниот бог, или богот судител на неверниците или свети осрам, туку тој – најсовршенот мит, човечност лишена од сите човечки, земни маани, надарен со најчовечноста – недискриминација и ултимативна доброта. Па што ако истат е материјално манифестирана, тоа и не е различно од цртежите на лицата небесни, нити реликтите земски.

Затоа драги мој Дедо Мраз ти честитам Нова Година со претходниот ми мој мини наратив што одамна ти го спремив, ама годинава ќе те чекам и на тортичка. И заеби ги тоа сељаците шо парчат храна за да најдат алтани. Дој ти да скршиме ред муабет и по некоја чашка. И да си ги испружиш уморните ти нозе и запурени чорапи и ти да ми примиш топлина и дар. И тоа да е безусловно. Не барам од тебе да имаш петки, или да си најдобар еленски јавач. Само и само оваа година да си пододмориш и некој да ми те замени дур ти за прв пат одмараш и пиеш топол чај и љуто румче. Или што и да ми ти патничка душа сака. Па наздравје читање и те чекам на ...

Старецот и Детето

Тројца еднаш кон исток на мекици појдоа. Ама на тој пат никогаш не го сретнаа Старецот кој кон запад забревтан врвеше како и секоја претходна и наредна година. И се брзаше Стариот оти само 24 часа има да стигне кај сите, освен кај ова новороденче. Тројцата по старост му колеги пак кротко одеа оти ќе имаат и по тринаесет дена шанса да го видат детето со двајаца татковци. Стариот ни татко, ни мајка, ни поколенија има, ама сите ги познава оти светот го заобиколил и не се уморил. И така секоја година. Засекогаш. Осуден на повторливоста на вечниот земски живот без храмови и булевари во негова чест, со само сезонски споменици и интерес, ја повторува истата траекторија без да му скурчи фактот дека Детето кое само до запад ќе дошета и ќе биде погубено ќе добие поголема архитектонска почит и навивачи. А некој спомна и дека чул за некои слични деца некаде далеку, ама не знаеше дали има друго такво Страче. Е како?

Мртва природа

Ова е една глетка која моите очи и мојот апарат различно ја гледаат. Глетка која не гледа нас, но молчи и не остава да збориме самите. Ова е глетка која барем симболично можеби и не постои. И која не нуди ни уживање, ни возбуда. Ајде со ред.

Ова е глетка од некој град, во некоја котлина, под некоја планина видена во некој ден. И кога сите некои ќе станат: Скопјe, Скопска котлина, Црна Гора и 31 Декември, тогаш таа глетка се трансформира во: ”Блазеси ти шо можеш да одиш така на Водно”, “Ти си ненормален шо си отишол баш тој ден”, “Шо убава фотка”, “Ама си сликал, ништо не се познава”, но и во асоцијација на предизвик да се доживее (погледот, прошетката), симбол на успехот од искачувањето, метоним на самата планинска прошетка, бекство од дома, убав начин да се излуфтираш итн. И така самата глетка почнува да се полни со конотации, со што самата на некој (симболичен)начин престанува да постои, и парадоксално треба истите тие додадени значења да се отстраанат за истата да се види. И така таа станува се, освен себе си. Згора на што и не нуди доживување, зошто кога ја гледаме не чуствуваме многу за самата глетка, ами повеќе за она што го гледаме, она од кое сме дистанцирани, и би требало јасно да го согледаме . Но не е баш така. Оти ние го гледаме доживувањето во објектот, во случајов Скопје, оти таму е доживувањето и одвивањето, а не овде кај “стоиме”. Слично е и со било која друга глетка, да земеме за пример швајцарска планина. Доживувањето не е во самата планина, во нејзиното гледање не уживаме само и само во планината, ами во тоа дека ние сме дел од неа. (ние не го доживуваме гледањето ами обратно го гледаме доживувањето, или барем така мислиме).
Исто така оваа глетка не не возбудува. Таа, иронично е празна од себе но полна со нас. Па кога ќе погледнеме ние препознаваме делови од градот, нивни функции, врски, емоции. И ништо од тоа не не возбудува, не не тера да се прашуваме, не не прави љубопитни оти како реков градот кој го гледаме е полн со нас, е преполн со познатост, и недостаток на енигма. Така се чини дека само енигмата е достојна за гледање и доживување, возбуда. Земете ја пак швајцарската планина, таа е возбудлива дека е швајцарска иако можеби идентична по падините со Пелистер.

И така јас не успеав денес во мисијата да ја најдам точката од која јас ќе бидам глетаката, но глетка неконтаминирана и непосредувана од мојот поглед. Но најдов глетка која мојот поглед не ја загади. За жал, но и моја среќа истата не можам ни знам како да ви ја прикажам и прекажам. Но затоа во неа навистина уживав, па дури и подзамижан.

вторник, 23 декември 2008

Пензија до 23 години

Од по-одамна ја имам идеата дека високото образование треба да почне во 20тите години од животот, наместо веднаш после завршувањето на средното на 18. Како одминува времето се повеќе сум убеден во истото, а особено што ваквата помисла ми е дури и понагласена во сегашните образовни услови и мои лични искуства. Она на што ми се должи ваквата идеа е пред се незрелоста и неподготвеноста на многуте деца да сериозно и одговорно пред се сватат што значи високо образование (ако воопшто не е целосно обезначено). А незрелоста може да се должи на: неподготвеност од страна на претходните обрзовни инстанци (во последно време слушам дека прекорот е непедагошка мерка, а бркањето од школо е финта од претходните времиња, а да не збориме за односот на и кон даскалите) и над се на родителската извитоперена идеологија дека образованието носи благодети и светла иднина, која може да се сумира во една реченица: “Учи сине учи, оти така полесно ќе врвиш во животот и полесно ќе си најдеш работа”. Жими таквото, и Костовски има завршено факултет, а Ферус нема. Па?

Ваквиот нерационален притисок по секоја цена да се заврши школија, уште поапсурдно и нескептично се влева кај младината која нависитна смета дека високото образование е врата кон земскиот рај (или барем бегство од пеколот). И така водени, еден куп деца или веруваат во истото или како мене не ја сваќаа смислата на образованието се дур не завршат. За жал некои од денешните деца не ни бараат било каква смисла. И така, што е летаргичноста поголема, работата на образувачите е полесна, или за оние трудивите потешка. Но затоа пак квалитетот на образование стрмоглаво паѓа. За тоа помагаат и новите генерации. Ај нас што не мучеа да памтиме број на крави во ЧССР во повоениот период, ама меѓу денешнава младина има и некој кој не чуле за Кенеди и Мохамед Али.

Мојата лично-скромна дијагностика вели дека ова се должи на прескромното, да не речам никакво, искуство во и со животот. И не само на оние кои треба да бидат (до)обучени на факс. За оние малишани кои животот го осеќаат со кликот ми е страв и да зборам.

Предложено решение е слично на оние иницијаторски периоди во одредени заедници каде младото момче се пушта в шума со грст ореи и се чека да види како ќе се снајде во наредни денови, и пред се дали од него ќе биде ловец (донел елен на грб), рибар, полјоделец (се вратил со куп шумски плодови), апотекар/фармацевт (донел знајни и незнајни трефки), поет (при само враќање дошол прегладнет ама коа се свестил ја опеал Силва-на), градежник (домакнал дрва да гради стражарница) и така натаму. Но покрај очигледните разлики, постои и клучна, а која е основата на решението. Таа е – основање на специјално-наменет Фонд кој ќе им се доделува плата (ореви нали), на некој начин предвермена пензија на младите деца па дали сакале да шетаат и да среќаваат нови луѓе и култури и слично и со тоа да стануваат Челебии, Берти или Кустоа, или пак да инвестираат во нешто ( па да ги биде Фордовци-мордовци) или пак на друг начин да ги потрошат дадените парите, останува на нив. Ако од сето тоа извлечат некакво благодетно искуство, или ука –супер - ако не, нека фаќаат работа која ќе им е доволно доходовна за да си продолжат да ги приуштуваат новостекнатите , во тое 5 години, задоволства. Како и да еден од исходите на таквата одисеја е да измерат и проценат дали и какво образование им треба за, се надевам тогаш појасните, планови и очекувања. Оние кои пак ќе одлучат да се школуваат ќе бидат потенцијлен квалитет поголем, или бар посвесен и совесен, од сегашниот. На крај на краишта, амфитеатрите ќе будат бар поразлични, посодржајни со побогати млади луѓе, искуства, можности.

Арно ама за оваа утопија да се “уништи”, меѓу другото потребно е и образование на родитиелите, бар да не цмиздрат коа малото ќе влегуе шума. Но и секое жгебче да добие иста понадица.

вторник, 16 декември 2008

SKeuolgy

To Whom It May Scopcern:

I, the centre of many and even myself, am perhaps given the rare chance to speak for myself. Of what I was, am and perhaps be. By describing my self now, i shall tell you all. I have length, but not width. Nasty shape, isn’t it? Is it the geographic confinements that my cradle is in or the hasty, non-contemplative acts of my all recent creators, which made me so? And yet, even though not possessing a circumferential central spot, I do have a centre that is a centre of all. The people that I house dwell more vertically in my downtown and the surrounding areas than they do in the suburbs where they spread in surface. Naturally, for some of them it’s “first come, first served”. For others it is the price to pay for the centripetal character that I bestow upon them.

I am what my centre is.

I have many children – mis barrios - that ought to please you no less than my core does. But do they? They supply you with existence, but a mere one. And when ever you are hungry for some more you come right into my heart. You can eat in them, but you most eat out in my quintessence. My little ones offer you an article, my spotlight gives you a neomania. They serve you a glimpse of fun, I endow you with the daylight and the nightlight of amusement. They educate your little beloved ones, from where I take over your teenagers and your freshmen. And that I do not only for my people but for the offspring of my little urban brothers and sisters. And I have placed so much attention to social intelligence, that i have displaced my technology crafts at the very suburbia, with fewer exceptions. But there are always some. And when you feel that it hasn’t been your day and your ‘locale’ can’t do much, you bring your physical and mental unrest right down to me. And every ladder up in your needs ties you even more to me. Let not speak of the facilities satisfying your fine and refined needs.

My centre even speaks of who I am, or at least was and maybe still am in some one’s memories, written or spoken. I was once a Roman, and a Slavic man, and Christian man, an Ottoman, and a Muslim man. And many man, but no man alone. Some of it still being lived in your days, some of which but a reified by objects left behind. I’ve been a place and time of building, destruction, rebuilding, cobbling, decobbling, a host of many lords, and particularly none. I am a witness of times that ceased and times that merged, of a complexity of the human difference, all heading down to my centre. I’ve grown out of it but never much away from it.

Finally, I have appearance, but not looks. I am a patchwork, a net of concrete jungle with interwoven petit greenery and damp, empty spots in between. The last being multiplied times and over as you move away from my centre. I have colours, but no saturation. Thus, I posses an industry of designers, but no Creator.

I am a self-centered and self indulged microcosm. And I speak pretentiously. But that is maybe who I am without you. If I can ever abandon you. Regardless of what, I do like you to love me for what I am, and not to dislike me for what I am not. Because, I alone am not my own genesis, neither my ascension. I am what many of you never were, what some of you are, and what all of you shall ever be. And yet, what makes me so different than any of my relatives. Well, I am sure that some have heard the now classic song: “…what a difference does a day make, and the difference is …”.

The 10 I - Var Commandments

Еве како е запишано во преводот на Стариот Завет на Кралот Ѓорѓија:

1. Thou Shall not Produce Ajvar alone, but with relatives mostly.
2. Thou Shall make Ajvar on Kumbe and Kjumbe alone.
3. Thou Must “Ogovaras Sve” Live and Wild during the process.
4. Thou must make rakija brakes as much as possible.
5. Thou Must not make small amount of it or do it in a day.
6. Throughout you MUST ALWAYS BENT to His Majesty, DA PEPER, You have no right to ‘ispravis grb’ in the process, rakija is the only exception
7. By the time it is finished, you MUST have taze leb and sirence obtained, any other combination for the first taste is a blasphemy, and there fore a sin.
8. Throughout the process; if woman, you must exchange past experiences and talk about other turshijas as well.
9. If Woman, you Must 'teras u picku majcinu, site sto ne ti pomagaat a ke jadat.
AND FINALLY AND MOST IMPORTANTLY
10. THOU MUST SWEAR(kolnes) THAT YOU WILL NEVER Make Ajvar again, because it is not worth the trouble, but you Must know and feel that the process is inevitable the next, and next and next year!!!

четврток, 11 декември 2008

Бизарен случај пред Владата ја збунува полицијата

Шегаџија или критичар на власта


Веќе 15ина дена извесна непозната личност секој ден после 19 часот, но секој ден во различно време, остава по едно полно и по едно празно пивско шише на платото пред Владата на република Македонија. Мотивите за таквиот чин и се сеуште непознати на полицијата која и самата не успева да ја скрие сопствената збунетост од актот и несигурност како да се справи со сторителот. За ваквиот невообичаен чин, еден од претставниците на МВР затекнати на местото на настанот ни изјави:

“Засега со поголема сигурност можеме да претпоставиме дека една од можните цели на сторителот е да се критикува Владата поради минатомесечната одлука со која се забранува продажбата на алкохол после 19 часот. Она што се уште е нејасно е причината поради која сторителот на ова помалку бизарно дело остава и по едно полно шише од напитокот”.

Се чини дека најголемата енигма е како истиот прекршок – оставање на полно шише на јавна површина – да се третира. Дали како подметнување на хемиски ризични супстанци, обид за јавно потсмевање и нанесување срам, валкање и фрлање отпад на јавни површини или нешто друго, со што би се определил и видот на самата евентуална санкција. Во овој контекст, едно од одговорните лица ни изјави:

“Во овој момент нашите напори се насочени кон откривање на идентитетот на сторителот кој веруваме дека ќе ја расветли мистеријата како на нас така и на целата јавност”.

Но од очевидци дознавме дека тоа и не е единствената грижа на припадниците на МВР кои деноноќно дежураат околу објектот но не само со цел да се фати сторителот, туку и да се спречи уништувањето на еден од доказите. Имено според нивните кажувања во првите денови од ваквата повеќенеделна активност, самите чувари на објектот на Владата успевале први да го најдат полното шише , конзумираат и после тоа заедно со празното да ги фрлат во најблиската канта за отпад со тоа инкриминирајќи ги доказите. Дури после неколку дена еден од чуварите кои претходно не бил во ноќната смена го пријавил случајот. Од кој момент полицискиот надзор се одвива непрекинато во ночните часови во последните неколку денови. Но и покрај тоа, полицијата се уште не успеала да го надмудри препредниот шегаџија или критичар.


А во меѓувреме, решението на загатката останува дел од нашите претпоставки.

Поткопување

Другар ми Дончо е Археолог. Арно ама никогаш и не се потрудив да сватам што тоа значи. Долго време воден од своите неинтереси и предрасуди (па дури и сега) археологијата ја сметав за уште една историографска, документаристичка дисциплина, за пракса на ‘копање’ (но не и поткопување судејќи локално) со цел на реконструкција, реинтерпретација, потполнување и подизменување на “вистината”. Дрн дрн јариња. Толку е ископано, а Македонија пак е бивша и остало. Арно ама, за неспособноста , или пак досега малку направеното, во однос на промовирање на локалните наоди во светло на добивање политичка и економска наклонетост на светот кон нас, нема сега да говорам.

Интересот тука ќе го насочам кон самодговарање на прашањето што тоа археологијата прави, или не, и кои се некои од можните импликации и нужни ориентации на таквата пракса. Мојот светоглед ми налага на археологијата да погледнам како една специфична, донекаде сосировска семиотика (дијахрониско-синтагматска, која знакот го сематизира релационо со останатие, но истовремено и функционалистичка ради тоа што предметот-знак е до некаде и одреден и толкуван во однос на неговата функција.Исто времено археологијата е и идеолошка, и претставува мит на животот во потрага по својот почеток, зачеток, и тоа парадоксално преку знаците на својата смрт (мора да има гроб, нешто да се закопа за да има археологија, од друга страна таквата потрага е исто толку јалова колку и мисијата на археологијата ако застане само на таквата потрага).

Tаквата семиотика е заснована на археолошкиот пронајдок - артефакт, семиотички гледано-означител чие значење се обидува да се одгатне, контекстуслизира во рамки на не секогаш добро познат систем на останати, поврзани и неповрзани артефакти-означители. Појдовна точка во тоа е материјалноста на таквиот знак, на материјалот од кој е изработен, формата, дополнителните знаци присутни на него (пр. Одредени слики на вазна). Во рамки на опшатата археолошка тенденција – датирањето, истиот знак релационо се контекстуализира со останатите кои веќе се датирани, а со тоа и заробени во времето. Понекогаш веќе најдените се предпочетно толкување и претпоставка за она што може допрва да се открие, така што поетски гледано отстапките и случајностите не се дозволени.

Во ваквите документаристички рамки, најнагласен правец на толкување, како споменав, е функцијата на најдениот предмет-означител, функцијата и статусот на неговиот сопственик, неговата домицилна или увезена природа, одредни воено-економски врски помеѓу сопствениците и останатите и слично.

Она што мене ме збунува и ме остава во недоумица е што, и пред се колку, ваквата функционалистичко-домкуметаристичка семиотика на артефактот кажува за луѓето, нивните односи, чуства (човештвото во целина). Секако дека слика од фараонски кревет на кој некој го трти фараонот кажува за ентериерскиот вкус, половата припадност и сексулната ориентација на фараонот (ако земеме предвид дека вазно-сликарот не сакал да се позеза со фараонот) ама тоа многу не кажува за љубовта, старста, сексот. Од друга страна, не сум најсигурен дека страста на обичните луѓе била достојна тема за поетски израз.

Археологијата не нуди целовит и прифатлив одговор на прашањето: “Што точно ископаните предмети, и теориски и пред се практично, (ни) значат?. Или барем до таква претпоставка може да се дојде судејќи по нејзината локална тишина. Мене лично поинтересни прашања ми е се – како археологијата успева неповредена да го исклучи нематеријалното, она што не може да се закопа, па откопа? Што станува со незакопливото? Со нематеријално, па дури и немртво? Каде се тука вампирите, врколаците, народството? Дали со тоа што е фокусирана на материјалната култура го исклучува почовечкиот, или оној поинакучовечкиот дел од нас, а со што самата станува анти хумана? Но истовремено, таквиот стеснет интерес на археологијата го поставува и прашањето дали има воопшто нешто надвор, отаде материјалноста.

На крај на краиштата, дали некој ги прашал закопаните дали сакаат да бидат откопани? Дали откопувањето на свети гробови, на заедници кои верувале дека одат во вечниот задгробен живот, не е сквернавање? Но ми се чини дека откопувањето и не ги вознемирува мртвите толку колку живите. Како реков на почетокот, откритието на еден нов фараон се слејува во општо човечко знаење, достапно за сите, но најзначајно за оние кои најмногу политички и економски (политички како промена на книгата историска и ставот комшиско-светски, економски како туристичка примама) ќе профитираат. За жал, такво ‘вознемирување’, како реков поткопување, не гледам дека има кај нас, што пак до некаде ја доведува ‘копачката’ пракса под знак прашалник.

сабота, 6 декември 2008

Пазарен академизам

На текстот што следи му посакувам да биде само првиот од редицата во категоријата која ја нареков Аналоргии, а која како кованица би требало да алудира на видот однос помеѓу темите понатаму третирани (за кои се надевам дека непостои површна очигледна сличност, инаку идеава нема причина да опстои), а со тоа и да го обележи приодот кон нив. Од друга страна сексуалната конотација на оргијастичност му ја давам како општа позадина која се надевам ќе ја изрази атмосферата на нерегулираност, нејасност, хаотичност, или не се зане кој пие кој плаќа што би рекол народот. Аналноста пак е израз на тоа што таквите ситуации не здесуваат што би се рекло од позади, не во позиција на готовс и свесност, ами народно – сите го Пу**ме.

Пред извесно време го затворија авто-пазарот, велат имало многу нелегални работи, штета претрпела државата огромна, не се плаќал данок, се губеле огромни пари слеани во црна или каква и дае е економија. И тоа баш кога мене истиот ме потсети до некаде на нашиот академизам – во случајов сватен и третиран како систем на високо образобание. Јазк. Нејсе. Како пазарот ми наликува на нашето високо образование е во следните нешта:

Иако примарно важи за ауто-пазар, на истиот се нуди се. Понуда која може да се спореди со дисциплинарната разноликост на ниво на универзитет, но споредба која не завршува таму. Така, иако главната понуда на домот на високото образование е знаење, стекнување нови, развивање на стари способности и слично, академија не запира таму. Па така покрај споменатите нетолку материјални вредности, се нудат и други поматеријални и не толку академски работи, кои и какви изнајдете сами.

Она што е посуштествено (барем според мене) за понудата е нејзиниот партикуларен, фрагментиран, непотполн, незавршен карактер. На пазар се таксаат делови кои подоцна ќе станат дел од целина, често целина чија функција е зависна од тој, како и од веќе постоечките делови. За разлика од што, во академијата ваквата холистичка релација е покомплицирана и доста нејасна. Прво делот може да означи многу различни работи – една област во рамки на студискиот карикулум, студиите во целост во однос на идниот соцоиекономски живот, самата образовна институција како дел од државен систем на институции, па дури и самиот студент како дел од различни динамични целини, и истиот како недовршеност (во процес на создавање) во поглед на нецелоста на неговата личност, образование и подготвеност за вклучување во постобразовните процеси.

Во овој поглед, на потполнување, се чини академијата се соочува со поголем предизвик од пазарот. Од една страна ако знаењто е делот што се нуди, истиот може да се вклопи во повеќе од една целина (слично како и одредени авто-делови), но од друга страна употребата на таквиот дел не е гарант за завршеност, заокружување.

Така, ако образованието е делот, а студентот целина, некои од таквите целини се исполнети веќе со недостатоци, што неколку екстра делови не би ја закрпиле. Второ, самиот дел е во себе полн со недостатоци, и дупки, што самиот понекогаш тешко влегува било каде. Од друга трана со пазарскиот дел барем може механички да се постигне целина.

Во овој контекст сметам дека клучна разлика е свесноста за потребата и веќе изготвениот акционен план. Така, пазарџијата точно и прецизно знае по што тргнал и веќе во главата испланирал и пресметал што му треба, каде да го најде и како потоа да го примени. За жал, многу образованти немаат не само јасна туку никаква слика ни идеа што тоа бараат, што им треба, што треба да постигнат со тоа. (ваквите саморефлексивни прашања се преретки во образовното искуство). Пострашно е тоа што и по добивањето на делот (образованието), истиот ретко се во состојба прецизно и јасно да го ефектуираат. Меѓутоа удел во таквата неспособност има и академијата. Кој знае, може би една од причините, покрај веќе постоечкото знаење на пазарџискиот купец за одредената целина на која и фали делот по кој тргнал, е тоа што тој самиот плаќа за него. Додека во многу случаи на академекот му плаќа некој друг. Или пак едноставно, а како во друга прилика ќе проговорам, студиите треба да се почнат после 21 година.

Друга извесна сличност во ваквото стопанисување е “Купената роба не се враќа”. Арно ама механичкиот дел лесно се заменува со нов, после доколку така милува купецот, жолчна кавга со продавачот. За разлика од него дипломецот нити сака нити пак има можност своето стекнато (не)знаење да го даде на рекламација, згора на што истото тешко (барем институционално) се надополнува. Бизарно, ама монтипајтоновски забавно, е да се помисли еден дипломиран “нешто” да оди и се жали на својата диплома, ама на квалитетот на хартијата од која истата е изработена. Токму на тема диплома може да се направи најблиска врска со пазарот. Ако земеме дека истата е главниот артикл на образованието, истата како секој авто-дел се одликува со повеќеупотребна вредност. Честите посетители на авто пазар знаат дека еден единствен акумулатор неверојатно брзо се прилагодува на потребата и во еден ден тој може да биде наменет и за Опел, и Југо и камион, па дури и косилица за трева. Слично нему, и нашиве дипломи, без разлика на струката, се носат секаде, и каде им е место и каде се изместени. Економисти конкурираат во медицина, музичари во администрација итн. Али тоа е општиот zeitgeist.

Друга сличност е државната неконтрола врз двете. Не станува збор за затварање, управување или цензурирање на академијата од страна на државата, но повеќе спроведување на стандард и механизми за осигурување на квалитет и укинување на состојбата на целосна квантификација на образовниот пазар. Во обата случаи, и академија и авто-пазарот, државата губи иако на различен начин. Во случај на првото, загубата не е директна, ами е уочлива подолгорочно и се однесува на тоа да преку контрола на квалитетот се обезбеди сигурно создавање на висококвалитетни средства, инструменти (наречете ги кадри) кои понатаму ќе бидат гарант за понатамошно квалитетно производство – дали на идни едукатори или пак кадри кои ќе учествуваат директно или индиректно во производство на поинаков (не толку интелектуален ) производ. Страшно е што во случајот пазар – загубата е само материјална.

Во однос на неконтролата, не само државна, а во поглед на понудувачот, шиткачот, работите не се различни. На пазар продава секој кој има нешто да продаде, у школо пак понудувачите се исто така најразлични по образовна позадина, способност, возраст, педагошка филозофија, карактеристики, геополитичко потекло на дипломата, се до споствениот став, произлезен од суета, на сопствено превреднување. Накратко, стопанисува кој стигне. А мотото “Купувачот е во право” не важи ни ваму ни таму. На пазар таквите обврски се нерегулирани, во академијата купецот, како видовме, или не знае што купува или истото не може ни да го врати, а богами нити да купи нешто поразлично.

Ваквата извесна дезориенираност, но повеќе не посотење на јасни претстави, очекувања и барања, па и сомнежи кон понудата, е повеќе типична за знанствениот купец, но она што е блиско до двјацата, а во погелд на интересот на одредени поединци се плескавичари и шетачи. Како на пазар така и в школо има одредена група која е таму ради прошетката, плескавиците, муабетите, спектаклот.

Во однос на разликите пак, нај уочлива е половата демографија, која е во поголем дисбаланс во полза на мажите во случајот пазар, арно ама на пазарот има и одредена поголема еднаквост во однос на застапеноста на деловите кои подеднакво конкурираат и имаат шанси да се продадат. Неоргиналните, малку позаоблените, повеќезамастените се во истата трка по дом, без да се повикуваат на нивната специјална положба, или карактеристика која треба да им овозможи пропорционални шанси за успех.

Како споменав, една од основните цели на пазарот е да надополни извесен познат недостаток, да се заокружи целината или постоечката надогради. За жал академијата има поневозможна мисија да надополни повеќе недостаоци, дури и оние несвесните. И сето под ризик никогаш да не ја постигне целовитоста на еден мотор со нови бранинци, работилница со нов сет чекани итн.

Најиронично во сето ова ми изгеда тоа што авто-купецот не само што знае што таксал ами и најискрено му се радува на истото како на мало дете, додека децата на на-уката наместо радост гаат тага и огорченост од понудата, некои праведно, но повеќето не (само се жалат на факултетскиот тежок живот и профите кои ги гњават). Што е и донекаде разбирливо во однос на нивната незрелост и неподготвеност за потфатот.

Колку би било супер кога академекот бар малку ќе се метне на пазарџијата со значајна разлика. Да го продава делот, не себе си, и тоа со чесни човечки намери да го понуди оној дел што најмногу соодветстува на бараното (но за ова и барачот треба да знае што му треба), и тоа пред се неоптоварен од бремето и помислата на профитот.

На крај, јас не сум против автопазарот, напротив. Истиот е последица и еден вид револт кон оние што треба, а не се одговорни, и како таков целосно го подржувам неговото постоење. На крај на краишата тоа е пазарот на ниската класа, а ако некои институции сакаат да го забранат, тогаш или нека ја забранат ниската класа или нека и помогнат да изнурне од таквата, сепак достоинствена, “нискост”.

Од друга страна пак ваквата споредба на двата хаоса не е единствена, истата може да се спрведе на многу други примери: a) кванташки пазар каде се делува на ангро исто како и милијардите дипломци годишно, б) детска градинка, каде децата ги тинтраат по секоја цена – да споменам само неколку. Ми се чини дека сите примери се само структуралистички израз на она што би се нарекло underlying problem (проблемот во основата, ако е еден) чие согледување, коментирање, и дискусија е секојдневна тема на секого, секаде и во секоја прилика.

четврток, 4 декември 2008

Rain

Како мало освежување помеѓу минатите и идни сказанија, а воедно и благодарност за неговиот денешен спектакл, го споделувам овој мој троа постар еулогичен текст(не баш сум сигурен дека ова е соодветниот превод од англиското eulogy).


Rain. The most perfect melody of nature endowed with all five senses capable of engendering a variety of human perceptions and reactions. It brings out the best tunes out of everything it lays drops on. Just think of the epic sound of the howling tress in E-major, or the soft, almost unhearable, sonnets of the blossoming flowers in C-minor, or the tinkling, brass voice of the aluminium window sills. It combines every static unit on the planet and transforms it into unique symphony whose spectacle is that of a divine theatrical scene. The unseen beyond the visible. Transparent, yet leaving traces that are too hard to remain unnoticed. Just like God. Having no form, but creating many. Stirring all flora and fauna with one simple touch. And its taste is far beyond the physical substances it gathers on its way down from the celestial womb. It is a taste of tranquillity, harmony and life. On the top of what it smells not of itself, but of everything it touches, of the rapidly growing plants in spring or the dormant trees in autumn, of the dog that tries to dry itself, of the girl’s hair it falls on, of the mountain it covers, or the city it purifies. In one word; if possible, it cherishes the most natural in all senses of this world. In every single of its constituents. Every, except the humans. The only true appreciators among them, are probably the poets. Even the agriculturalists do not hold such unspoiled opinion, but care about it only as a means to an end. A means of life support. All others are but one huge category of what can in a word be named as ‘tourist’ – hedonists who are likely to either moan about one single rainy day during their summer holidays, or complain about the unbearable summer heat, to which the rain is an instrument of salvation. Or those people, unfortunately the majority, whose faces become long while their clothes are naturally getting wet. Finally, in the light of one Japanese philosophy: “The more you run away and try to hide from the rain, the more it catches you”. – you may as well try to enjoy it.

среда, 3 декември 2008

Фем-она-низам

(Is Any Resistance a FameTale)

Како и секоја друга човечна работа, така и мојов следен коментар е фин шприцер од 50% еднакви посто на чуството на накурченост (простете ми поради половата некоректност) околу пренагласеноста и извиканоста на феноменот феминизам, а од друга страна 50 повотрно еднакви проценти индиректна инспирација од проаборционистичките думи кои можат да се затеканат во овој интернетскиот простор, меѓу кои најзалужена е онаа на фемгерила, кај која најлмногу впечаток ми остави остриот, инаку праведен (барем од точка на идејна согласност) јазик. Е токму овој шприцерај како и констатацијата дека станува збор за јазик ме натераа да поставам неколку прашања поврзани со феминизмот и моето сегашно чуство идно расветлување.

Прво, поради прескромното познавање мене самиот поим ми е матен. Иако работни дефиниции има многу (сет на идеи, верувања, политички движења, теории, филозофии итн.) чија појдовна и завршна точка се еднакви права правата, недискриминација, фамилија, репродукција, сексуалност и ...Згора на што како и секаде постои препирка околу поприфатливото толкување на што претставува кршење на правата, што сексуална злоупотреба итн. И баш како во други дискурси постои постојана борба на интерните значења (во овој случај феминистичко натегање семантиките и прагматиките на централната проблематика) и екстерните – значенско-реторички судар со анти-феминистите. Ама сето ова не ми кажува премногу за одредени работи кои ги сметам за лично понејасни и значајни[1]. Некои од нив се: 1. Дали феминизмот е борба, реакција, протест, конкретна програма? Или? 2. Ако е борба, дали е за или против (простете на ваквото црно-бело)? Но пред се борба против кого? Мажите? Мажот? Останатиоте жени не-феминистки кои не се согласуваат? Жените кои го немаат гласот? Што станува со жените кои не ја препознаваат дискриминацијата, која можеби е гледиште на другите? Дали во борбата треба да се вклучи, искористи или победи мажот?[2] И многу други.

Но пред се сметам дека највитално прашање е “На кого му е наменет фемнизмот?”, а следствено и на тоа колку мисијата е остварлива?

На ова прашање ме наведоа две работи. Прво, неколкуте скромни студии кои ги прочитав, а кои се блиски на темата, дотолку повеќе што се дело на едни од поизвиканите теоретичарки на феминизмот. И второ, одредени постови кои можат да се сретнат на нетов[3]. Она што ги обединува и двете е токму она што го споменав – јазикот. Од една страна истиот изразува одредени намери од типот да се дефинира женско пишување, иако и авторицата не баш исото јасно го дефинира и објаснува[4], друга вика дека жената е заробена во систем на доминантна машка логика кој е моносексуален и во кој постои само јазикот на мажот итн. Но она што е најочебијно е начинот на кои се кажани ставовите, особено која некој, од типот:

Во постколонијализмот, најмногу поради промената на доминатната парадигма на полови односи како реакција на одредни социо-политички промени, иако во рамките на доминантно-маскуларен систем на мисла и однесување во кои сеуште фалусот е... , доаѓа до...(само измислен цитат)

Апстрактноста, академизмот и вербатизмот на ваквиот начин на изразување се чини може да го разбере само колешката од соседната клупа, поради што ваквиот теориски феминизам е во голема мера само јазик, недостапен за многуте во чие име се води борбата за еднакви права[5], на јазично и симболично ниво.

Бреееејјј! – што би рекол трендо, та после вакви исцрпни думи за општата, историски заснована, подредена и субмисивна ситуација на жената и после таквиот либерализирачки дискурс кој ќе ја подигне свеста на ‘виско-образованата’ Ромка[6] за ургентаната потреба од егалитаризација помеѓу половите најмногу преку истоветниот пристап кон сретствата за создавање на симболично значење, за производство и недискриминативна комуникација, која после сите овие думи има да истрча на улица и да го шутира рамче заради тоа што единствениот пристап кој и го овозможил е до кујната, дворот, тезгата на пазар. Их!

Но, се чини дека друг проблем на јазичниот феминизам е создавањето слика на патронизам и онаму каде не постои свесност од таквата потреба. Конкретно зборам са случаите во кои жената не перцепира состојба на неправедност и сл. Така, баба ми на селко и пред да се омажи си знаела дека миење садови, ручек, и останати куќни обврски, кои не помалку придонесуваат во опстојувањето на семејството, се нејзин домен. За разлика од што сите одлуки од витална важност се во рацете на дедо ми. За неа, тоа е така, така било и ќе е. Во овој контекст, феминизмот е непомалку самозаљубен и патронизирачки од некои од неговите противници – конкретно проаборционистите со аргумент дека е императивно да се застане во одбрана на нероденото дете оти тоа само не можело дда се брани. Ај за детето, ама баба ми може и не САКА или мисли дека некој треба да ја брани.

Слишен на овој е и примерот во кој млада ‘руралка’ ќе се сретне со образованиото во поголемиот град, акт кој треба навидум да и го прошири светогледот, да и ги разбранува дотогашната свест и сомнеж. И баш таму ќе сретне некој гомнојадец ко мене шо ќе почне да и го подпраашува доминантните постановки, однесувања итн. Па ќе почне да ја закача со прашања од типот:”Оти мори не му даиш на брат ти дома малу да помие садови?” и сл. Арно ама кој сум јас да рушам нечии цврсти осноови на традиција и да кројам нова? Иронијата е во тоа што таа еден ден ќе стане по диплома високо образована женска особа која (доколку и кога) враќајќи се дома ќе се врати на подредената позоција за која станала посвесна и по-огорчена во меѓувреме. И шо сеа?

И ова не е редок случај, особено во сите заедници каде позизијата е јасно и гласно пред-детерминирана. А ако како дополнителна обусловеност се јави и некој друг систем на организација во која жената е истот така подредена на мажот, е тогаш ни образование, ни најречитата феминистка, а ни пушка не ќе и ја извади виледата од раце додека го чека својот маж да се врати во ниедно време без и да смее да го праша каде бил.

Друг вид на проблем се чини е пак свесноста на некои жени за својата позиција на претежно сексуален објект,( нели првично на машкиот поглед па и натаму) но без тоа да им пречи, да ги прави помалку жени, или човечки суштества итн. Згора на што истото свесно прифаќање на позицијата, и однесување според истата, се изведува како стратегија на успехот.

Проблеми има многу, и мене ми е жал што ќе придодадам уште некој, а нема да понудам решение ни за еден. На крај на краиштата, јас и не треба тоа да го правам. Не сум феминст, не знам што тоа значи. Дури, а на што се гордеам, не сум ни шовинист, нити пак вршам дискриминација. Ако не верувајте, прашајте ја жена ми. Но пред да ми скурчи од пичување би додал уште нешто.

Ако вака погледан феминизмот е пуст јазик, чудно како истиот не се бори за еднаквост на половите но во јазикот кои тие го разбираат. Пцовките на пример, од една страна се полово маркирани – на лексичко и прагматичко ниво курот е статистички позастапена единица, а стероетипот вели дека машките повеќе пцујат, меѓу другото и поради својата поагресивна природа. Мене ме интереира дали ова е воопшто проблем и кому да му се упати? Да се апелира кон жените повеќе да пцујат ради балансирање(некои то го прават)? Или да се замоли феминизмот да даде историски осврт во кој преку пцовките во кои доминира машкиот полов орган ќе се потврдат новните теории за пенишизоидна доминација.

За пред крај да се вратиме на пивото, како реков и околу него може да се развие дискурс од идеи, нивни артикулации, практики, односи итн. Но се додека се млатриме која е што, истото ризикува да остане подзинато со шамси да се расипе.

И конечно, јас не се обидувам да ја нападнам ниедна пракса, активност насочена кон пред се човечки права, не само на жената, освен стериланата пракса на вербатозни реакции. И далеку од тоа да сметам дека некои од феми-гласноговорничките не ја познаваат тематика темелно и знаат сопствените анализи и согледувања доста реторички-препредано да ги срочат. Мене ми е само преку кур од помпезноста на микрофонот кој го користат исто како што и преку тн’н дека жените се по дифолт дескриминирани. Искрено, иако скромно образован, наоѓам предизвик и мали препреки да ги следам таквите дискурси и слично, ама за жал пак ќе кажам - ЈА не сум таргетот.

[1] На крајот на краиштата и тривијлана работа како пивото околу себе генерирано соодветен дискурс. Можеби аналогијава е оскудна но мене ми има смисла која би ја причувал за крај.
[2] Свесен сум дека многу од моите ставови ќе бидат сватени или барем протолкувани шовионистички, ама тоа и ми е целта, да го поставам прашањето (иако овде е рано) каков феминизам постои надвор од интерпретацијата, јазикот?
[3] Истите не ги наведувам поради две причини – не сакам некој да ми се увреди и второ – ме мрзи пошто ова не е академска студија.
[4] Искрено, си сакам ја одредена омеѓеност и прифатлива јасност, и токму поради ова (а и друго) сметам дека Дерида се спрдачи.
[5] На ова може да ми се замери дека јас не сум разбрал дека ова е само торија која потоа станува дел од практиката итн. Баш ме интереира како конкретно ваквиот вид бладања стануваат јаве.
[6] Сум, иако не сакам да бидам политички – етички некоректен, само сакам да ја нагласам бесполезноста и апсурдот.

четврток, 6 ноември 2008

Уште сосема малку Лондон 6

И како за крај уште неколку прибелешки.

Не можев да не забележам дека во секоја втора меана, ресторан и слично, едно од најприсутните цвеќиња е зaмијокула, долги и до метар единечни стебленца кои растат густо, и на кои има две редици (наредени цик-цак) листови со сјајна темно-зелена боја. Не бара многу светло нити вода. Токму поради неангажирањето или минималната потребна грижа и ангажман истото е погодно за чување од една страна, а од друга тоа ја објаснува неговата присутност.

Она што вџашува е најчестата локација на која може да се сретне во споменатите места – ќош, лево од влез на веце, забутано местенце итн. Освен што ваквата поставеност говори и за крајно презрив однос кон самото цвеќе, и отсуство на концепт за декорација, од друга страна истата поставеност, укажува на неискористеноста на неколку од функциите што цвеќето може да ги изврши, како на пример: криење на голема флека на ѕид, или пак сокривање на бившо дупче за шајка. Ова пак во крајна линија може да се земе како само поразителен однос кон цвеќето кое е таму само затоа што можеби не знае каде на друго место да биде, или ни самото нема појма зашто е баш таму, исто толку колку што таква претстава има и неговиот поставувач.

Ваквиот однос и не баш зачудува кога ќе се земе предвид дека доаѓаат луѓе, кои своите четири годишни деца сеуште ги буткаат во количка, наместо да им удрат по некоја и ги пратат по цигари и весник. И исто така, од луѓе кои на 7 степени носат бермуди, кратки и летни алишта, трчајќи, возејќи велосипед, или пак најекстремните, само пешачејќи. Знам дека навикнатоста на такво студено време не треба да зачуди, исто како што и не би зачлудило ако истите луѓе би испоцркале во скопски јули. Иако знам - не ми се помалку ненормални.

И знам дека претерувам и преобличувам, и во одредени “недостатоци” додавам и измислувам детали. Арно ама сето ова не го замислив како документаристички патепис, па веродостојноста да мора да биде огледална. И знам дека имам предрасуди и генерализации, ама јас и ги сакам и ги поддржувам предрасудите. Предрасудите се она што сме ние, тие не означуваат, идентификуваат, разликуваат и не прават луѓе (за ова можеби некој ден ќе посветам подетална студија).

И за крај, како што кажав на почетокот и претпоставив, дека ова ќе биде осврт, коментар, на еден во многу нешта расцепкан, фрагментиран, деконтекстуализиран Лондон. Како велат – не сум го запознал, доживеал и почувствувал вајбот, и не сум ја видел the great picture. Но она што сакав, а не го видов, или подобро сфатив, кој е тој Лондон што Маркс го фрли на улица и го однесе во смрт, кој е тој Лондон што го спиздил MacGowan, каде е Лопндон што Германците не успеаја да го уништат...?

Премногу пластови, премногу Лондони, а со тоа луѓе во и со него, и никој како оној на кој му намигнав, а кој е несвесен за моето присуство, нити пак податлив кон мене, остана убрзан, ритмичен и исто како и сите кампови на глобалниот капитализам – ладен.

Софиско интермецо за Лондон 5

Пред да продолжам со географската тема Лондон, би сaкал да направам што викаат Енглезите "detour" и кажам неколку работи на кои ме инспирираше Софија.

Штотуку сватив, да не кажам каде, дека нашите срцеви удари и холестероли се највкусни, а нашиот стрв најстрвен (a воедно и ја сватив циничната идеа за валутност, валутна вредност). Сето ова се должи на разликата во стандардот изразен преку разлика во цените.

Тука едно пивце чини 70 денари, исто толку и чаша ракија или вино. За разлика од што, на далечниот запад (не толку географски) со тие 0.90 фунти не можете да си ги приуштите ни капките што случајно му паднале на шанкерот додека точел. Стандардна цена 3 фунти, на минимален оброк 5. Економски контескт во кој изразот да лижеш пијачка природно живее и се развива. За разлика од што 70те денари те убедуваат дека и не мора да го лижеш баш тоа пивце, може истото да го правиш и со наредното.

А што се однесува до оброкот, во петте фунти е вклучено количество на месо чија потрага претставува пристојна задача и за најзнаменитот жител на Бејкер Стрит (Шерлок Холмс) заедно сосе метрополитен полис. Што не е случај кај нас каде кога ќе нарачаш месо, најчесто го гледаш од далеку, а не редок е случајот кога цела кафана учествува со своето воодушевување во глетката на тањир полн месо што често и кран е потребен да се транспортира до празните мевови.

Е сеа, каде е тука холестеролот? Ај шо едно пивце не оди никаде само, освен по појачање, ами и месни друшки си бара. Ко што велиме ние ред ова ред она (а тука е и почетокот на крајот на ограничувањата, а со тоа и зародиш на стрвот и поотварање на кутивчето).

...И да скратам, искрено поради мал инспиративен недостаток... со истите пари (неверојатна заблуда) ем ќе се најадеш повеќе ем напиеш. Со што се внесуваат повеќе масти и остали материи кои организмот треба да ги свари а со што и повеќе се троши. Арно ама, за да остане и троа сеир (само нанесен мазохизам или не) за нас, цело време би се сладеле со помислата дека ние подобро, повкусно сме се накркале (кој знае дали изразов со своето култоролошко бреме постои во англосаксонскиот свет). А и поефтино.

На крај на краиштата и прашање е дали вештачки одгледаниот гумен патлиџан кој со 0.2 посто партиципира во сендвичот на Енглезот е бајаги поздрав од белите јастучиња на запотеното, а природно угоено, ребренце испружено субмисивно до компирчињата кои подрипнуваат во купот (иии да ти Е***, морници ми полазија).

Башка, и повторно морам да нагласaм, Eнглезите немаат основна почит кон храната изразена преку најглорификаторскиот акт - мезето (за доказ видете ги сите оние англиски бљувотини од филм каде Хју Грант им упаѓа на луѓето на вечера во која со супер сонична брзина се разменуе солта и навидум слуша одговорот на поставеното од куртоазија прашање. Истото може да се спореди и со гранд-мастер делата на ју кинематографијата каде и по цели епски епизоди се одвивале на маса – Џекна, Кустурица, и остали).

А сеа назад кон Софија.

Тука, прво што милуе очи е позбавеното темпо на движење, саботни прошетки, пошироки плоштади полни луѓе особено со оние кои испоседнати на клупи делкааат по некоја бира. Млади панкери, скејтери, постари заљубени (мислам дека Бугарија е ретко место каде пивото се вклопува во романтичен контекст на самоизолираност на одредена клупа во парк) и за мене најсимпатичната глетка на две постари женички (да речеме една од 60ина, друга 40ина) си седанале во парк со саботниот пазар во неизбежните карирани торбички, си вадат по едно пивце од истите, го отвараат, мала дигресија, едно декрашендо за здравица и продолжуваат со муабетот како да не запреле: “Ем ас мислја че, а като ти говорјах од преди, оти тове човек не е...” Е не сум знаел дека пивото носи ваква романтична носталгија во себе за времиња кои до пред малку и кај нас беа. Башка што тука може да се купи во секоја божја минута после седум.

Друго што ми се вмеша во вниманието и погледот е висината на ВЦ шољите која е за видливи 20ина сантиметри повисока од нашите. Причината за сега ми е енигма и таква сакам да остане за да не го изгуби моментот на магичност. Ама можам да замислам како пониски луѓе (деца или луѓе со низок раст) вриштат исфрустрирани пафтајќи со ноџињата наваму натаму: ”Татооооо, елај да ме симнеш и избришеш ми газо”. Што вика другата група, помислете сами.

Вчера имав можност да јадам едно политички некоректно конструирано јадење. Се вика Добра жена (келнерката на шега ми кажа дека нјама таква, ама сум сигурен дека истата шега ја прави со секој нарачател на јадњето од машки пол). Истото би се опишало како три мали (во големина на шака од не прененормално развиено дете од две години) парчиња месо скриени под планина (и тоа од оние млади верижни, високи, во кои секој момент се потстркалува по некое зрно грашок) од мешан зеленчук. Некоректноста ја гледам во не-еднаквиот сооднос на месо со зеленчук. Ако се повикаме на историските факти (дали се навистина такви пресудете сами) првото спаѓа во доменот на активности на мажот, додека зеленчукот како и децата се задача на жената. На овој начин присуството на месото во мали количини го прави повредно, поценето, а со тоа можеби и потешко да се произведе (улови), што пак, извинете на израз, гаењето зеленчук претставува пичкин дим.

Е сеа, кај е мојата заверничка хипотеза? Оброкот се вика "Добра жена" ради тоа што: а) работела повеќе за да има многу и различен вид на зеленчук, или затоа што б) има разбирање за нееднаквоста на плодовите на трудот и не ставила онолку месо колку и зеленчук?

Лично мислам дека второто повеќе оди во прилог на хипотезата за полова нееднаквост изразена преку вредноста и видот на партиципацијата во дневниот оброк. Дека работите не се баш така кристално одвоени и јасни говори и прашањето: “Во такви услови на живеење (маж-ловџија, жена пољопривредник) кој цртал на ѕидовите на пешерите или живеалиштата?” – а) мажот кој знаел како изгледа актот на лов, па тоа го правел за време на викенд како слободна активност, б) жената која врз основа на форензичарска реконструкција на донесениот улов, а збогатена со поетска фантазија, и имагинација го величала својот маж преку нацртаното дело (ова имплицира од една страна дека жената е првиот поет-уметник, ама и ја имплицира нејзината субмисивност, или можеби лукавост изразена преку задоволувањето на егото на мажот, па секогаш кога тој нема да уловел, таа го тешела покажувајќи ми ја сликата и обраќајќи му се со зборовите “Ете, гледаш дека можеш, си можел и пак ќе можеш мој голем ловецу”), или пак уметноста е в) плод на она што би се нарекло првите гејови кои бивајќи слаби и во тело и дух не ги земале на лов туку ги оствала дома, а пошто ипак биле мажи не им давале да вадат кромид, па земале да цртакаат по ѕид (ова е и доказ и импликација за првото графитирање).

Па, толку!

Back in London 4

Поради неможноста да го спојам следново со претходното (интермецото), а во дух на мојата драга која милува да каже “употреби закачалка”, истото ќе го оставам така откачено, да виси и зависи дали ќе закачи нечие внимание.

Па, во центарот на Лондон се движат пре-пре-пре брзо (a ова го кажува човек кој оди бррррзо). И ова мене лично ми пречи поради две работи: а) самозаљубеноста во мене која подвикнува “Зарем некој да се движи побрзо и попантерски од Тебе, Тако?” и б) на моменти се создава толку згусната толпа на луѓе што е невозможно а да не се судрат или удрат во тебе, токму она што го мразам, а е најнагласено на бесплатни концерти, Охрид во лето, пат кон ВеЦе во скопски саем за време на Таксират (барем овде не толку ме буткаат) и слични ситуации. Она што пак ме чуди е кај К** брзаат сите овие луѓе? Превозот е експресен, со помош на кој ќе стигнат in no time. Зарем немаат бар малку концепт за сиеста, мањана, натенане. Изгледа дека немаат, како што и немаат поим дека светот нема да пропадне ако побрзаат. Чудаци-брзаци. Дополнителен доказ, а како на еден наврат и имам споменато, е дека немаат концепт за мезе*.

Меѓудругото и поради тоа што многу брзаат и се трудат да завршат побрзо и можеби уштедеат време. Арно ама мезе без време не иде. Башка што мезето е поопфатен концепт кој подразбира и одреден приод не само кон храната, туку и кон луѓето, моментот, светот. Да ти ги **** спидерите.

Сеа малку назад кон болниот локален контескт. Во самиот град има многу малку гранапчиња, а уште помалку кои продаваат алкохол кој не смее да се конзумира на јавен простор, но за разлика од МК, алкохолот може да се купи и после 7. Арно ама, во поголем дел од гранапчињата не може да се купи само едно-единствено пиво, или пак три од различен вид, туку само пакување од 4 од истиоит бренд. Неверојатно сладок спој на најсуров капитализам и државно (законодавно) лицемерие. Државата ги заштитува малолетните, и другите ризични и подложни групи, (како што го заштитува и јавниот ред и мир), ама во рамки во кои на големите производители на алкохол не би им спаднала продажбата.

А кога сум веќе на оваа тема – пиво, едно нешто заслужува особено внимание.
Иако нити сум горд пивопија, нити метапивар (познавач на напитокот), лично, искуствено сметам дека British Ale (нивното типично негазирано пиво) е преценето. Истото, барем оние 15ина вкусови кои ги пробав, е водлесто, со крајно неубедлив вкус и мирис, нити дистниктивно горки, нити посебно благуњави, башка не-карбонизирани, негазирани. Сето ова ми се претстави и како чуден спој, но над се како еден парадокс помаѓу стереотипната британска ексцентричност (барем како митолошки наратив) и крајната сивост, монотонија, неодреденост, кроткост, медиокритетност на пивото. Кој знае, или и британството е медиокротетско или работава е “Влакнеста груда, али пич** у душа”. Или со поинаква слика претставено – англиски фудбалски хулиган (аргесија, мажественост, бестијалност), пијан во раката држи напиток нешто појак од млеко, ама помалку празен со густативна содржина. За ова може да се откорнат културолошки дебати на кои местото им е во некое подобро време.

*Овде морам да напоменам дека лично германците ги сметам за шампиони во немање концепт за мезе. Погледнете им ги порциите (коленица во казан зелка), јадењцата (колбас кој нема баш месо) и пред се начинот на кој тоа го проголтуваат како свињи.

Лондонско интермецо 3

Во местото каде денес на 29ти Октомври 2008 пиев кафе (кафетерија со име Либра или Либре – толку ми значеше) на повеќето од ѕидовите имаше испозакачено слики на кои на секоја една од нив имаше и прикачено, подобро речено висеше или наметливо подвиснуваше по една картичка со основни информации за сликата и неколку дополнителни информации: автор (Алекс Димопулос), име на дело, име на проектот (кој беше наречен mood) и (сајбер) место-сајт[i] каде може да се најдат, разгледаат и повеќе слики и секако – купи некоја од нив.

На прв поглед интересно ми се виде (при)спојувањето, што би се рекло англиски blend in на еден изложбен просотор, галерија – место за приказ и живеење на “уметноста” (духот и духовноста) со кафуле како место пред се посветено на социјалниот живот и социјализацијата, релаксацијата, карналноста. Два простори кои во минатото биле толку одделени што можеби некогаш, а не верувам толку оддамна, нивниот спој бил и незамислив и недозволив. Таквата одделеност како и значењето и доминантната улога на едното наспрема другото може да се провери преку инверзија на приспојувањето – не галерија во кафуле, ами обратно кафуле вметнато во галерија. Пијуцкањето и часкањето за време на отварање на одредена изложба (најчесто во помала галерија) е и традиција и пракса но само една вечер, додека од следното утро изложбениот простор, а што е посотјано забележливо во големите галерии, е строго и физички одделен од кафетеријата и суверџилницата кои се посетуваат за време на пауза или на самиот крај. На овој начин, при ваква организираност, пиењето кафе или пиво во изложбениот простор не само што е недозволено, но обратното (дозволата) меѓудругото[ii] би резултирало со истиснување на уметноста надвор од (дискурзивното) внимание, би ја направило второстепена, би го ставила кафе муабетот во прв план, би покажало непочит кон авторот, делото, и кршење на однапред определените правила според кои сликата треба, може и мора да се конзумира. Од друга страна сликата во кафуле не бара постојано и доминантно влијание, повеќе е вкамуфлирана како дел од декорот, и може да биде оддишка (дали од досаден муабет, желба за прошарување со поглед или друго) за оној што би се заинтересирал да ја подогледне подетално. (во галерија нема подпогледнување, едноставо ти се дава во поглед, затоа и најчестата поставеност на набљудувачот и сликата се тет-а-тет, прав агол). И друга разлика е тоа што сликата во кафулето не е табу (барем не во денешно време) и непристојност за разлика од обратното – кафе во галерија.

Арно ама како велат Б’лгарите “Тези слика не е слика” ами је артикал, материјален комодитет даден на понуда, достапен за купопродажба (за постетување на нив висат информации кои водат кон целта на deal). И како такви истите се обезсличени[iii] и не можат да се доживеат поинаку освен како мтрви објекти, парчиња облека, телешки бут на кој виси цена. А за иронијата да биде послатка нити пак се нешто посебно. На сите од нив е дадена намерно замаглена (blurred) фотографска слика/претстава на одредени предмети и пејсажи. Лично мене ваквата “уметност” ни малку не ме интригира, збунува и интересира поради тоа што истата е пример на она што јас скромно и лично го именував како уметност на технологијата на претставување на формата затоа што во преден план е истакната photoshop можноста на камерата или веројатно монтажата а претставени се замаглени форми, од кои и некои и не препознатливи, кои се изземени од било каква видлива позадина или видлив визулен контекст. Е сеа може да се каже дека јас не се разбирам од ултрамодерниот израз ама мене и баш ми је гајле за нечија камера од иљадници, некреативност и пред се безсодржајност од милиони и баналност од трилиони.
Ете каде тера доминото. И лошите слики се на продажба (иронично како не-слики). А и не треба да чуди. Оваа кафечиска галерија се наоѓа веднаш до влезот на еден луксузен, но пред се ултраскап (за нашиот леб наситен) хотел кој во својата цена вклучува задоволување на примарни, примордијални услови на сон и чистота. Се друго, дури и оние модерни а сепак пониски во хиерархијата потреби и желби се на платниот список – ТВ, весник, интернет. Епа обаче, ем опрче ем информативно изолиран, или плати или клати.

[i] Истиот е www.alexdimo.com
[ii] Велам меѓудругото затоа што верувам дека може да се наведат и многу други причини за неможноста од таква релација.
[iii] И без лице и без лик.

Барак О’Рама

Се извинувам поради прекинот на Лондонскиот фељтон, но ова не се додржуваше.

Нити сум експерт, ни познавач, ни пасиониран слeдач (заинтересирант) на МК, а камо ли на меѓународната политичка сцена, во која сега веќе вчерашна топ вест е победата на Барак Обама на председателските избори во Америка. Арно ама не можев да се воздржам од ваков мета коментар инспириран од низа коментари на темата кои ги бев чул. Имено:

1. “Сакав да победи Барак Обама затоа што е црнец (но и порди тоа што ги мразам белците).”
2. “Победата на Обама е очекувана и логична и претставува историски момент ради тоа што порано црнците беа робови, а сега улогата е сменета. Не им даваа да гласаат, а сега имаат црн претседател”.
3. “Проклета Црнчуга.”
4. “Лично повеќе сум за Обама затоа што тој е близoк на Академијата и академските кругови.”
5. “Мислам дека е подобро за нас дека тој победи.”
6. “Не е добро за Македонија. Тој е со Грците.” (Други пак велат, мислам дека Грците се со Русија итн. )

На прв поглед воочлив е конфликтниот сооднос на горенаведените ставови (1 наспрема 3 и 5 наспрема 6). И тоа е добро. Особено ако таквата дијалектичност резултира со напредок (квалитативен) не само во ставот но и во однесувањето и делувањето. Но се плашам дека тоа е воопшто можно поради неколкуте суштествени квалитети кои ги обединуваат, им подлежат на ваквите ставови.

Прво, самите ставови се амбивалентни, нејасни и над се недообјаснети. За кои тоа белци (во 1) станува збор? Што значи и какви импликации (пошироки) има тоа што тој е црнец? Кои сме тоа ние за кои неговата победа не е од полза, не ни оди во прилог? Што тоа значи дека е со Грците? Или пак дека е човек близок на академијата?

Производителот на последново тврдење не само што пропушта својот став да го контекстуализира во рамки во кои би можел да говори за одредени импликации – дали близоста на Обама значи развој на образованието, едукативна подлога (дадена од и сочинета од членови на академијата) на политичката развојна платформа и делување – но многу позначајно, а како причина за претходното, тој и не покажува запознатост со политичкиот контекст на Обама (во рамки на Америка), но и не успева истиот (преку победата на Обама) и неговото значење да ги преведе, адаптира во локален контекст. Да предвиди или претпостави каков одраз победата и платформата би имале во домашната политика.[i]

Потоа, некои од тврдењата се нагласено емотивни (1 и особено 3 кое е исполнето со негативна емоција – расизам). Резултат на што е недостатокот од рационална аргументација, но и приемчивост. Ова донекаде ги прави празни (повторно во смисла на недостаток на рационализирана содржина и убедливост). Побитно од што, како мене ми се чини, е тоа што се туѓи. Од една страна туѓи затоа што припаѓаат на една колективна целина[ii] од која тие токму поради својата незавршеност, недореченост, недообјаснетост (а со тоа и нецелосност), претставуваат само еден фрагмент, ехо на таквата целина[iii]. Можеби пострашно од ова е што истите овие фрагменти се само преземени, земени здраво за готово[iv], и само репродуцирани, без да се испитаат, преиспитаат, интернализираат и обележат со лични печати (ако такви постојат), интерпретираат. [v] А можеби најзаплашувачки е тоа што се вкоренуваат, вплетуваат и претставуваат како принцип на однесување.

И за крај би додал дека истите вакви тврдења се наивни, неиздржани и само-неразбирливи. Како поткрепа на првото мже да го земеме вториот исказ. Истиот е наивен и историски непоткреплив (далеку од тоа дека тркалото на историјата толку се превртило да доминираните во едно доба станат господари во друго) но конкретно поради тоа што:

а) Победата на Обама не подрабира дека црното население во САД по автоматизам ќе ужива поголеми привилегии и права (легислативата, донесувањето закони, и останати витални институции и функции се уште можеби не се наклонети кон афро-маериканските граѓани, ако воопшто се наклонети кон граѓаните);

б) прашање дали победата на Обама може да се протолкува како триумф над анти-расизмот (тој нема да може да ги укине идеологиит како ККК кои доаѓаат од народот – веројатно потомогнати) или пак истата победа може да се вметне во рамки на ново лициемерие и заговорништво според кое првата виолина на САД е црна, но каква (ако тоа е битно) е бојата на диригентската палка, која можеби од секогаш била зелена?

За жал многу од прашањата не се поставуваат, а уште помалку се одговараат. Во однос пак на самонеразбирливоста покрај погоре споменатата туѓост, може да се земе и импотентноста во снабдување на соодветно дообјаснување. Прашајте само било кој од таквиѕте карактери да ви дообјаснат што тоа сакаат да ви кажат и би добиле или второодделенски одговор: “Затоа што”, или циркулерен одговор или ирелевантен. Накратко сумирани, таквите одговори се реторичка нула.

Е сето ова мене ме потсети на Рама маргарин. Како? Прво, сите знаеме што е Рама, дека е тоа растителен маргарин, дека е најдобар на свет и дека треба да се проба. Арно ама ретко кога кој се запрашува што е тоа маргарин, каде ли тоа расте, (од точно кои растителни состојки се прави), како и колку е добар за нас (дали можеби дава повеќе потребни протеини или ги подмачкува коските, или можеби кај мене предизвикува алергија), и така натаму. Арно ама и овие тврдења за жал се земаат здраво за готово исто како и ехото на Бам-Бам-Бама. И истиве не толку се страшни , маката од изедениот маргарин ќе се види – болка во стомак, повраќање, арно ама маката од Бам-Бам ехоизирањето за жал некогаш и не се забележува.

За крај би додал дека потпевнуањето на Рама џинглот од страна на внука ми пред три години не така страшно, таа сеуште е дете и има време да го осмисли, изгради и провери својот став, но и да научи да ги испита другите. За разлика од неа ехо-производителите на на почетокот споменатите ставови имаат помали изгледи да ги сторат истото. Особено, а иронично, што станува збор за членови на она што се нарекува академска средина. И за уште поголема иронија и жал, само еден од 6те е од онаа страна на клупата – студент.

Јас не сум ни против ни за Обама, само против ваквата необразованост, некритичност, кокодакање наспрема пасионираната подготвеност (емотивно пред се) да се брани таквото ехо. И за жал. Исто како што и рекламните тврдења ни прострујуваат некритички, така се однесуваме и со други, навидум поважни работи. Барем таквата некритичност е конзистентна. Оти повеќе од веројатно е дека важи и обратното.

Толку за сега, А на Барак му ја честитатм победата од празна куртоазија.



[i] Мора да признаам дека овој говорник не е единствениот што прави таков пропуст, но истиот е издвоен поради тоа што неговиот исказ, како и исказот 5 е јавно медиумски пренесен.
[ii] Како и да ја наречеме, - колективен дискурс, идеологија – тоа не би влијаело на аргументите насочени кон односот и пред се активноста на оној кој се потпира и повикува на таквиот сет на искази. Истат целина може да се свати и како група на веќе изготвени и достапни идеи, верувања и гледишта кои опслужуваат повеќе цели – кохезија, идентитет, контрола, меѓу другото. Уште нешто вредно за споменување е мојот став дека овој концепт не го подразбирам како единствена, целосна, завршена, конечна единица, но како кажав сет на делови кои можат да се прегрупираат.
[iii] Интересни прашања во кој контекст би биле дали целината е некогаш воопшто достапна како таква (не само преку своите фрагменти), како и кому? И после се дали и како тоа би ја сменило ситуацијата на ехоизирање?
[iv] Во овој мој коментар се надзира извесно гледиште на идеологијата (Маркс, Алтисер) во однос на несвесноста, но јас лично не сметам дека тоа се должи на некаква тајовитост или сублиминално делување, но повење незаинтересираност или популарно летаргично куроболие.
[v] Вака, а во склоп со претходно кажаното, изразувањето на ваквите идеи може алегорично да се претстави како кокодакање – сите кокошки тоа го прават, не знаејќи зошто, имитирајќи ги останатите, бивајќи убедени дека така треба, и пред се гласно.

среда, 5 ноември 2008

London 2

Меѓу првите впечатоци и оние преспаните, но не и целосно преипитани, неколку ствари и глетки ми го откраднаа внимаието. Во градот иако има многу што-нешта има и такви шие очигледно отсуство (во Лондон), а наспрема нивното преочигледно присуство на други места (особено МК), ги прави и имтересни за размислување и романтично енигматични.

Како прво, нема улични кучиња и мачки. Првите се или уредно вдомени или уште поуредно отстранети од биолошкиот, а дфа не зботиме социјален, живот на граѓаните. Вторите пак почесто ја имаат втората судбина, и не многу им пружаат шанса за кохабитација. Барем вака ми беше кажано од страна на неклоку локалци. Мене лично ми е чудно поради тоа што не сум навикнат на таква глетка на обескучен и обезмачен град. Ако ништо друго барем би го зачистувале градот од дел од органското ѓубре – парчиња сув леб, недојаден сендвич, огуљена коска и слично. Во овој случај истото е најверојатно (под)платена задача на комуналните работници. Во овој контекст стои и аргументот дека истите се преносители на заразни болести. И ако е така тогаш кантитие за ѓубре и контењерите се Меки на бактериите. Арно ама во Лондон (освен во резиденцијални зони и кај големи угоститтели) такви канти и контењери нема. Ова мене лично ми укажува на постоењето на добро развиена санитарна мрежа и грижа, дека глувците се отстрануваат на не-евоилутивен, дарвиновски начин, најверојатно хенмиски. (да се потсетиме биохемиското оружје е забрането заради човечкото добро, овде повторно пак се користи за истото добро – како кога одговара). Истот така, ова ми укажува и дека не може да се начекаат призори од типот смачкана мачкина лобања која чека 3 дена да биде исчистена, и дека нема цепачи кои своите расни џукели (според воспитаноста) ги силат на помалку расните, ама и дека нема мјаук или лаеж, нема деца во парковите како викаат мац-мац, или мајки кои ги прекоруваат децата да не одат кај валканото и бесно куче, дека...
Но она што највеќе ми прободе очи е тоа дека графитите не се честа глетка во градот. Забранети се и може да се видат на многу малку места. Па добро, да имаше контењери, можеби ќе имаше и некој графит повеќе. Но затоа имаат куп галерии, музеи и институции, каде визуленоста е онаа доминантна, официјално прифатлива и промовирана, која го збои јазикот на парите. Во кој погледот и гледањето се зависни и се вреднуваат според капиталните и капиталистички диктуми[i]. Слободата на грфитот и неговата беслатност, отвореност, либералност се укинати. А иронично се сеќавам како еден графитџија работеше на своето последно дело токму карши Британската Амбасада во Скопје. Но можеби пострашно е што, а не сакам да помислам, дека можеби нема кој да ги изработи графитите.
Онаа супкултура[ii] наречени панкери, судејќи барем на оние на кои налетав во и околу центарот, се далеку од мојот романтичен идеал на пред се агресивен (дури и поради ирационални или нему непознати причини) лик чиј поглед не сакаш да го сретнеш, а чија појава предизвикува страв, неизвесност, презир (негација на се она што си ти или го претставуваш) затоа на што неприпаѓачот на неговата група –ти – тој гледа како на свој угнетувач. А ти на него гледаш како на челн на девијантна групација која сака да ги поткопа здравите темели на заедницата итн, итн, итн. [iii]
Накратко, има искра, чуствена, несигурна помеѓу вас.
Е токму вакви панкери, кои ја предизвикуваат таквата реакција, НЕМА. Пред некој ден, во навидум андерграунд паб, во не толку централен Лондон, три од неколкуте пива во мене физички се подсудрија со двајца (бар на изглед) панкери на патото кон тоалетот. Јас поминав низ нив, физички разделувајќи ги. На моето свртување со цел да си ја оправдам состојбата и постапката доживеав поразителен призор. Двте фаци поднаведнати глави и со подигнати рамења ми се извинуваа како наивни првачиња. Или тоа беа оргинални fake панкери или Панкот навистина го има доживеано својот парастос. Колку и да не сакам да верувам во последното, нешто ми раѓа сомнеж.
Во Лондон има многу, за разлика од СК, плоштади. Многу, ама многу мали. Така да изразот square не знам дали се однесува на милиметри или сантиметри. Од една страна е убаво што има неколку места за одмор, оддишка, мала средба. Од друга страна тоа е и проблемот – многу, мали, децентрализирани, разединети плоштадчиња. А знаеме дека агората е и социјално и социјализирачко јавно место каде луѓето не само се собираат да слават, слушнат или поддржат (говорник, кандидат, настапувач, миленик) ами и да изразат револт, незадоволство, протест. Е како? Секој засебно, на посебен плоштад со синхронизирана иконографија, сценографија кореографија и пренос од главниот плоштад? Разединети? За жал таквата просторна расцепканост, фрагментираност (барем мене) ми делува дестимулативно за помасовна обединетост и акција.
А помеѓу плоштадите, или на самите нив, коњаници. Херој до херој. Како постојано потсетување и сведоштво на гордата историја, на жртви кои бараат почит, и жртвување. На револт, но не насочен помеѓу двата плоштади (меѓу два коњаника), но револт насочен кон туѓи коњаници од надвор. Она што не помалку остава впечаток е и унифицираната, козистентна коњификација. Не толку дека коњите се од иста раса колку што нивните јавачи се припадници на иста багра![iv]. Зад ова стои основата на обединетост, но и строга регулација на тоа кој, каков коњаник смее да подигне (зад кое пак стои една цврста идеологија). Нема да навлегувам во детскораскажување на што сакам да кажам – кој сватил сватил – само ќе додадам дека во Лондон не видов ни еден јавач на слон, камила или носорог.
За сега толку. Ди!
[i] Она што сакам да кажам е дека не само што ви9е плаќате за однапред изготвена програма и рута низ која ќе ви профрчат милиони стимули кои по 30 минути ви ја прават главата хаос, згора на што ако поската водич (извесен save and short cut navigator) кој нормално го плаќате за да ви ја долови уметноста во и зад рамките на еден одреден (читај доминантен) начин, но на крај завршувате со тотално лудило – продавница за сувенири ов која најчесто ги купувата најнеполезните стври што пота фачаат птачина или пак плаќате за репродукција која вам всучност ви претставува материјален доказ за вашето минорно присуство. И така вие сте се проуметнале.
[ii] Не се единствените кои би можеле да се доведат во врска со графитирањето, но тоа и не ми е целта – да ги претставам како пионери или абсолутни мастери на умешноста на затоплување на сивиот ѕид.
[iii] Ваквата културално-идеолошки конфликтна определба може да оди во бескрај. Она што го сметам за најрелевантно, покрај конфликтот, дека од една страна панкот, особено скинот може да се дефинира како субкултурен фашизам на младите со изразена националност, но од друга конфликтот не е само меѓу расен или етички, многу повеќе меѓу класен. Во овој случај моето гледање би било блиско до поконзерватините британски моралисти. Но повторно целта на спомнување на панкерите како се гледа е друга.
[iv] Овој израз го заменува понеутралниот група, заедница, и не е алегорија кон вагабонтизам или МК портал.

вторник, 4 ноември 2008

Of London, to London, from London 1

Caution: Повеќе од веројатно е дека не го запознав вистински (сите преплетени слоеви и пластови) пошто дури и за едно навидум едноставно јадење се потребни минимум 3 дена – да го пронајдеш, уживаш, свариш и исфрлиш – и само тогаш кога органски си се простил, оддалечил, разделил, истото може да ти стане меморија, обмислено минато, далечна (а со тоа и помалку емотивно набиена епистема), но и сегашност, близост и ситоврменост, накратко - да се доживееш обмислено како дел од него, но и него како дел од себе. Затоа, поради невозможноста да се вткаам, јас ќе тргнам од моите лични перцепции и нешта што ми прободеле очи и за жал ќе го гледам и коментирам низ има/нема призма[i], а не автохтоно како доликува.

Патот во должина, според слободна оцена од 30ина км, од аеродромот до реони бликси на центарот, е преполн со резиденцијални зони и отворени зелени простори. На почетокот таквите предградија, а како дел од првичното емотивно искуство, ми изгледаа breath-taking. Најверојатно ме понесе разликата, не-искуството, несекојдневниот (за мене) призор.
Колку за опис и доловување – ниска градба на куќи (до еден спрат) со кафенотрула вишна цигла на фасада, иста таква фасада и на оградите, речиси и да нема front-yard, додека back-yardот е недостапен за мојот поглед. Коли паркирани пред куќите, често на улици кои се паралелни на главната по која се одвива сообраќајот. Ретко кога по некој паб, продавница или бензиска го прекуниува долгиот ред на таквите истоозгледни градби. Втор тип на организација на просотрот, наспрема опишаната праволиниска, е постигната со изолација (со помош на густа зелена ограда и потенцирана преку знак за забрана за влегување) на една до повеќе куќи или пак истите се се изолирани со тоа што се само малку поповлечени од главниот пат и се неправолиниско распоредени и групирани во една визулено кохерентна единица[ii]. И така во должина од 20ина км линиите куќи или групите куќи се за момент прекинати од зеленило[iii] од пољани, паркчиња, шумички итн. А во последните 10ина км, куќите се само спрат повисоки.

Чичано, романтично, фабулозно! Жими таквото. После 30ина минути возење, целата таа доминантна тотална цигла фасадираност ме потсети на Pink Floyd-овото Another Brick in the Wall (ако воопшто има каде да се вметне). Зарем никој, а не верувам дека е така, не ја забележал природата на таквото едноличие, монотонија и целосна пре-пресликаност. Па ја би полудел да живеам во Радишани, а се преку Јаја до Центар да ми е исто. И исто и исто секој ден, секој пат, секој живот. Се надевам дека животите на тие луѓе зад тие фасади не соодветствуваат со нивните куќи.

Во текот на целиот овој пат се возевме со група англиски школарци. Неверојатно како и колку ова северњациве имаат мека, слаба и ретка коса. Судејќи низ песната “Во коси да ти спијам” , во нивните коси е како да спиеш во ефтин, пред распаѓање мотел на периферијата, изложен на постојана промаја. Нејсе. Поубедлива култоролошка разлика ми беше постојаното чуство на страв и несигурност дека ќе се опнеме у секое возило од спротива, особено при влегување во кружен ток од лево. Total roller-coaster experience (пошто инди-паки шоферот го пичеше ептен здраво). За истово (кулутолошки обусловените ралики) говори и свирењето на колите кога прво главата ја вртиш на лево при поминување улица. За што се прашувам дали таквото возење на различната, “непревилната” страна на улицaта е политичка одлука или резулатат на нешто друго. Но пред се дали таквата навика ја има обусловено, адаптирано и истренирано нивната визулена перцепција особено кон визуленото внимание насочено за нив кон десно, наспрема лево кај нас. И дали и како таквата навика има ефект и врз визуелната перцепција општо? Не верувам дека на Исус му го гледаат другиот образ, арно ама интуитивно сметам дека може да се изнајдат други, пошироки импликации. А се додека истите не ми се укажат, ќе останам само на оваа првична забелeшка и енигма.

[i] Една од муките и на структуралната антропологија.
[ii] На овој начин кршењето на праволиниското рамо-до-рамо организирање претставува организаторски принцип.
[iii] На така поволната и влажна клима која овозможува таква зеленост и во студени денови стварно им љубоморам.

четврток, 16 октомври 2008

Гората црнее, суратот си трае

Сите знаеме за црногорските протести против признавањето на Косово од страна на нивната влада. Меѓу тоа, околу истот чин се поврзани серија прашања и дилеми како: Дали станува збор за Срби, српски лојалисти, заведена про-српски ориентирана група (Тешко дека се заведени 10 000 луѓе, или машала на умешноста)? Зошто, освен поради закоравениот и принципиелен српски став, анти-косовските чуства најчесто се речиси синонимни со ‘српство’? (патем српскиот став колку и да е неправеден, нечовечен, штетен, може да се земе како еден од најпринципиелно, систематски следените).[i] Зарем, нема антикосовски Црногорци? Кои се тогаш нивните стравови и верувања што ги натерале да излезат и агресивно истакнат одреден политички став? Сите овие прашања верувам заслужуваат, и некои добиваат, внимание, но оние кои јас ги наоѓам како најинтересни и релевантни за понатамошниот контекст се:

а) Од аспект на демонстрантите, прифатлива е позицијата која би тврдела дека барем тие јавно го артикулирале своето мислење. Проблематично пак тука е мотивот и усмереноста на таквиот еден олимпизам, (на важно е да се каже), а дали тоа ќе промени нешто во соодносот на конфликтните интереси на протестантите од една и признавачите од друга стана нека покаже времето или друг коментар. За тука и сега е битна ‘акцијата’како постоечки и видлив израз на незадоволство и несогласување.

б) Од аспект на Владата, метаставот на незадоволните е огорченоста од фактот дека Владата (која можеби ќе се обиде понатаму да ги оправда своите одлуки) не им дозволила учество во донесувањето на одлуката. Не лесно може да се претпостави дека еден можен исход од таквиот пристап е отварање на пандорината кутија. Што ако на виделина излезе општото несогласување на мнозинството со една институција која со потегот (а како и секој политички) привлекува една, а одбива друга група? Што ако постои јавно анти-косовско, анти-српско, анти-црногорско чуство? Опасно за Владата, нели. Затоа премолченоста во овој чекор и може донекаде да се разбере. Но од друга страна, народски кажано, народот нема влакна на јазикот и е импулсиван. Вака, парадоксално не зачудува ниту одлуката на Владата (која е особено зависна од меѓународната препорачателска политика), ниту несогласувањето на народот. Сума сумарум, вулгарно, но целото случување може да се сведе на Ако ме боцнеш, ќе подрипнам. (Дали доволно за да го извадиш трнот од мојот газ, не се знае, но со тек на време трнот може и ќе стане бенигна составка на мојот газ).

Пред да прејдам на полокалниот контескт, (иако излишно) да нагласам дека тука не станува збор некаков анти-албанизам, косовизам или слично. Ова е само повод за паралела со нашиот ни локален контекст кој се до реакцијата е идентичен. И ние го признавме Косово, и ние не бевме прашани околу тоа прашање. (како знаеме дека се почесто нашата Влада ни ја соопштува својата конечна одлука, треба да сме среќни додека и тоа го прават), ама ние и не-реагиравме, барем не ‘акционо’. Повторно, не станува збор да ја спориме конкретно оваа одлука, (иако какви сме, само вака, по форумчиња, мрчења и кафани, си ја голтаме огорченоста), ама ние не спориме ниедна одлука[ii]. Не изразуваме незадоволство, освен како такво не се земат чат-пат променадите покрај Влада, блокирање на некоја раскрсница и слично. И тоа ќе потрае троа, се додека Владата не ги прими претставниците, не ги мелиоризира нивните радикални ставови и субвенционира нивниот гнев со која реторичка насмевка. Но кога станува збор за помлади луѓе, ни тоа не е потребно затоа што тие како прилика за протест, good cause, продувавање, демократска дебата си го имаат Face book. Не ме сваќајте погрешно, како социјален јутилити со кој можеш да си го најдеш одамна загубеното другарче, или да ги задоволиш сопствените воајерски нагони гледајќи по туѓи слики, или оргијастично да збориш со неколкумина, или пратиш порака, е супер. Она што мене лично ми смета (покрај фактот што секој сличен портал го атрофизира мозокот, ја слабее социјалната активност, богами и физичка, и оди во прилог на пасивизацијата на корисникот) се оние good causes-like, ‘I do not agree, and the Government is shit’ иницијативи за ‘промена’ на одреден социо-политички факт од типот Зачувајте ја Македонија, Fuck Greece, Бидете Македонци до крај, Не го давам името, Сакам пиво после 7, Сакам и во парк после полноќ, итн. Истите не се ни очаен обид нешто да се смени, ама тоа не е до Facebook (а штета, баш може некако суратов да се искористи), ами до МК дел од корисниците кои истот како и генерациите пред нив кои се прошетуваат покрај Влада, обично на убаво време, од една страна тешко се одлучуваат да излезат на не-помасивна, ами поцелисходна активност, додека истовремено дел од нас тивко им се воодушевуваат на ‘разулавените’ Црногорци. И ретко кој помислува, во протест на двојните стандарди, да престане да плаќа струја и на клоци ги дигне насилните наплаќачи, како што тоа го направија една група на сложни граѓани, и ретко кој би сакал на клоци да го дигне најнеписмениот и неспособен градски татко, и кој пушач ректално би го ‘протресол’ Премиерот поради нјавеното огромно поскапување на цигарите после први Јануари, а да не збориме за лобирање со тапија, (при)слушање со ќеиф и останато.

Ма кој Ве *****. Ја ќе идам утре, најдобро би било после 19, да оставам неколку полни шишиња пиво пред Влада. За да видам кој ќе ги мазне. Или можеби подобро ќе соберам неколку празни, доволно за да се направи една пивска инсталација во две бои и многу отварачи. Уште и Маџиров да може да учествува, их! А мислам и дека ќе им оставам и порака.


[i] Прашањето овде, покрај себе штетноста на ставот, е дали во вакви услови нам ни е прифатлива и потребна (општо гледано) нечовечка, зверска приниципиелност или човечка, неконзистентна принципиелност како начин на организација.
[ii] Иако опозицијата редовно упатува критика кон постапките на позицијата, како сите знаеме тоа се потсетувања за нејзиното постоење и инструмент на одржување на нејзиниот имиџ. И нормално, доколку дојде на власт, ќе се занимава со истата статегија, содржини на себеоправдување и критика кон неконструктивната, деструктивна опозиција.