понеделник, 6 јули 2009

Повеќенаменски Објект

Ако на плоштад се гради црква, или чамија, за истата ќе е потребен и соодветен паркинг плац за кој реално нема место, но многу поважно од политичка гледна точка е што едните ќе останат неудоволени, такореќи самопрогласено дескриминирани. Затоа сметам дека најсоодветно, политички коректно архитектонско решение, ако веќе се изведува, е повеќе-наменски објект. Идеално ќе беше истиот да е холографски, па да бидат задоволни и оние кои го сакаат плошатдот as it is.

Во недостаток на таквата технологија, самиот објект треба внатрешно да биде прилагодлив, ефикасно и брзо, да ги задоволи барањата на различните групи на интерес на начин што секоја група ќе си ги донира реквизитите и сценографијата соодветна на нивните настани. Така во големиот склад-магацин на објектот ќе има и платна со арабески и со фрески и во зависност од потребата ќе бидат употребени овие или оние. Дојде ли вереме за молитва, цап – тргај то столоите, олтаро и клавај тепих, и обратно. Накратко, да не дубам, објектот треба да биде еден вид на холивудско студио подготвено да ги задоволи сите. И не само верски групи, но и спортски и музички и групи од друг карактер. Така во складот би се нашле и вештачка трева за фудбал, и тезги за саем, и полици за книги итн. Целиот објект внтрешно би требало да биде поделен на два големи простори и 10ици помали.
Двата големи би служеле за поголеми манифестации: верски на пример, за никој да не се налути. Иако искрено агендите и не им се поклопуваат – празниците се во различни денови, молитвите во различен дел од денот итн. Двата големи хали и би имале засебни влезови и излези, за да не дојде до физички судир. Башка шо истите може да се искористат и за политички митинзи. Ептен кул би било кога Баце у една од салите би рекол: “Од другата страна на ѕидот господа се наоѓа стравот, немаштијата и танана”, а у другата хала Гујо вика: “Нашата програма ги надминува овие ѕидови дами и господа и ги вклучува и оние кои се навидум само ѕид далеку од нас”. Друга предност што на исто место може да се одржат митинзи за сите општини, места, села, згради и останати територии за кои постои политички интерес. Рецимо – од 4 до 5 саат, Хала 1 , Кандидат за општина Свирипичино на СДСМ. Згора на што за секој посетител би се обезбедила и влезница, платена нормално од страна на партијта. И при влез – цк, молим лепо, влегле толку и толку посетители, а не да се кошкаат: “Ние имавне иљадници, они едвам двајца.”. Број на посетители молим лепо.

Но да се вратам на претходните – вернициве. Мислам дека некои од помалите салички треба да бидат – коцкарница, јавна куќа и дрогирашница. Со, се разбира ексклузивен арамжман: Секс на втори спрат, комар и алкохол на први и за крај, простување на вашите гревови на приземје.

Што се однесува до помалите сали, тие ќе бидат отстапени на користење на помалку бројните интересни групи, се разбира. И за крај, на надворешната страна пак на објектот треба да има гооооолем, кружен ролер костер, а најгоре градина и други капацитети за детски игри и забава. Ем децата да се надвор од внатрешниот загушлив свет на возрасните, еме бе батко прав жив штит. Ако некој се накурчи и реши да бамбардуе, ваљда ќе помисли два пати.