сабота, 20 април 2013

Кога историјата стана забавна


Пред неполна недела мк владата или кој и да крие, задскрива, или ѕирка под тоа име,реши да постави карусел на градскиот плоштад, токму на оној истиот кој некако килаво на своите плешки го носи товарот на проектот Скопје 2014. Мене тоа ме збуни како и многу други, и  пошто извесно време нема, или не сум наишол на некакво толкување на чинот, претпоставувам и луѓето и социјалните критичари с е уморни и им је преку глава, ја решив да се позабавам, и забавувам и/или заебавам со темата:  Како да се објасни акотот на поставување на вртелешка на Скопскиот градски плоштад (дали е можно да се разбере и објсани акотот на поставување вртелешка ансред плоштад? кои намери и цели таа симболизира? Зошто вртелешка ТОКМУ на плоштад?)

 Реакциите на луѓето,



 се движат во опсег на: прифаќање , на контесктулана несоодветнсот,  па се до  одбивање да се коментира настанот поради абсурноста, или би се рекло необјансивоста на актот. Од една страна рекциите во однос на несоодевеноста на физичкиот контекст се издражани, исто како и оне реакции кои акотот го толкуваат како последна манифестација на  апурдноста и лудилото на проектот Скопје 2014, проект кој негодувачите го гледаат, и со право,  како симбол на тоталитариситчлката политичка моќ.  Јас овие гледишта, како оние на задоволните гражани немам намера нити имам право да ги спорам, секој има право на сопствено мислење, дури и ммислењето да му е позајмено (на крај на краиштата Влчасте е добра колку што се грижи за народот.) На сето ова јас самкам да додадам две нешта: идеополитичка несоодветност и можни причини за овој збунувачки акт.

 Што е нашиот плоштад?

Зошто оваа содржина (карусел) е несоодветна за нашиот плоштад ? Прво нашиот плоштад е најголемата фабрика под отворено небо во светот за произведување на национална историја. Некој би додал национално-културна, но ниту е културен начинот на прозиводство, нити пак културата е централен фокус на проектот. Зошто фабрика? Метафорично, заради тоа што за разлика од светот каде ратификацијата на историјата и нејзините значења (што сака да се каже, потенцира и слави преку актот на подигање споменик) се одвива геолошки и дисперзивно. Спомениците се јавуваат еден по еден на различни места, не сега, тука и (не дај боже) за секогаш. Потоа начинот на кој се изведува акцијата е типични фабрички (читај пазарно-капиталистички) , во етапи, со рокови и очекувања , и таргети за идна потрошувачка,  не толку сегашна затоа што некои тука и сега ain’t buying the shit. Аналогијата не е најразработена, но чуствувам дека има потенцијал.

 Што пак е карусел?
Каруселот е типична забавна панаѓурска содржина наменета за децата. Тој е дел од циркусиката култура карактеризирана со сензација, спектакл, воодушевување, забава, телеснот.  Симболично може да го толкуваме и како карнивелситички феномен, но не толку како обд да се инверзираат социјланите улоги и односи (питачот да стане крал, а кралот питач), туку како обид истите да се стагнираат, остават по страна, за момент заборават.

Она што буни е зошто е поставен до содржини кои што треаба да се мртво сериозни (нели историјата е прикзана на мртвите раскажана од устата на живите), треба да ја раскажуваат осмислената веризјиа на историјата,  треба да помогнат во националното осознавање,  треба да предизвикуваат недвоиви возвишени чуства на сакање на татковината, патриотизам, Содржини кои треба да претсават недвосмислен систем на строго утврдени односи.

Вака нити каруселот е карусел, онака сам без други содржини како: пукање во патки , гаѓање дебел човек што седи на даска над буре со вовода, нити пак спомеництите се целосно споменици. Каруселот е иствремено пародија на самиот себе, изземен од конекст на панаѓур,  а на спомениците како да им е одземена политичката моќ. И на крај пак останва прашањето врз основа на што некој одлучил да направои ваков фрик шоу,фантастична травестија,  да на лебедите на плоштад им бапне едно грдо пајче?

 
Засега имам три скромни објсанувања:

1.    Симболично и сублиминално: историјата е едена игра во која учествуваме сите без разлика на возраста.  Но секој учествува со својот капацитет. На исто место одат старите да ги величаат таму оспоменичените великани, но и децата наивно да си поиграат. Вртелешката е инструмент за да едно патриотско семејство добие се што му е потребно: политика и патриотизам за постарите, игра за помладите кои во играта непрестано ќе бидат изложени на сликите кои ќе им ја формираат идната нацинал-политичка совест и оттаму произаезени ставои. Накратко,  сублимонално влинание врз  потсвеста на децата, кое после пубертетот ќе се манифестиора во политички послушпна совест.  Или учиме низ игра: историска лекција низ игра.
 

2.    Лефтерно и моќно: кур ми е двор мие. Или намера која оди во прилог на total and VULGAR DISPLAY OF POWER (http://www.youtube.com/watch?v=jnRP77QN59w) што е во дослух со се останато, односно со останатите манифестни форми на приказ на моќта (тотална политичка и медиумска доминација, буџет, песни о ора за отаџбина ...).

 
3.    И најневеројатно: немање концепт, или имање верба дека одлуката е правилна, дека на дворот на фабриката за создавање историја под отворено (плоштадот) и треба и една играчка за деца. Оваа одлука најверојатно ја донеле ликови кои никогаш не ги играле низ маало, или пак мажи кои си играле со куклички.


Некој вели и дека целиот проект е финансиски бериќетен. Каква ли диполма има таквиот карактер? Освен ред нови дилеми имам и неколку прашања:

Дали некој може да погледне низ очите на сегашните деца и ми каже како тие ќе реагираат на нашите носталгични наративи за тоа каков беше и ШТО беше плоштадот пред да стане фрик шоу? Дали децата како и ние кога сме ги слушале постарите како раскажуваат за прошетки, корзоа, метропол виршли со екстра сенф, ќе се смеат на наивноста на нашите спопмени на коцка, калдрма, бивши лондон, новогодишните тезги? Или овие деца ќе бидат исто така збунети исплашени како и ние сега? Или полошо, тоа ќе им биде прифатена и живееана реалнсот?
 
А на прашањето што би направил со 160.000 евра колку наводно чини вртелешката? Би одговорил радикално

Нема коментари: