Ова е глетка од некој град, во некоја котлина, под некоја планина видена во некој ден. И кога сите некои ќе станат: Скопјe, Скопска котлина, Црна Гора и 31 Декември, тогаш таа глетка се трансформира во: ”Блазеси ти шо можеш да одиш така на Водно”, “Ти си ненормален шо си отишол баш тој ден”, “Шо убава фотка”, “Ама си сликал, ништо не се познава”, но и во асоцијација на предизвик да се доживее (погледот, прошетката), симбол на успехот од искачувањето, метоним на самата планинска прошетка, бекство од дома, убав начин да се излуфтираш итн. И така самата глетка почнува да се полни со конотации, со што самата на некој (симболичен)начин престанува да постои, и парадоксално треба истите тие додадени значења да се отстраанат за истата да се види. И така таа станува се, освен себе си. Згора на што и не нуди доживување, зошто кога ја гледаме не чуствуваме многу за самата глетка, ами повеќе за она што го гледаме, она од кое сме дистанцирани, и би требало јасно да го согледаме . Но не е баш така. Оти ние го гледаме доживувањето во објектот, во случајов Скопје, оти таму е доживувањето и одвивањето, а не овде кај “стоиме”. Слично е и со било која друга глетка, да земеме за пример швајцарска планина. Доживувањето не е во самата планина, во нејзиното гледање не уживаме само и само во планината, ами во тоа дека ние сме де
Исто така оваа глетка не не возбудува. Таа, иронично е празна од себе но полна со нас. Па кога ќе погледнеме ние препознаваме делови од градот, нивни функции, врски, емоции. И ништо од тоа не не возбудува, не не тера да се прашуваме, не не прави љубопитни оти како реков градот кој го гледаме е полн со нас, е преполн со познатост, и недостаток на енигма. Така се чини дека само енигмата е достојна за гледање и доживување, возбуда. Земете ја пак швајцарската планина, таа е возбудлива дека е швајцарска иако можеби идентична по падините со Пелистер.
И така јас не успеав денес во мисијата да ја најдам точката од која јас ќе бидам глетаката, но глетка неконтаминирана и непосредувана од мојот поглед. Но најдов глетка која мојот поглед не ја загади. За жал, но и моја среќа истата не можам ни знам како да ви ја прикажам и прекажам. Но затоа во неа навистина уживав, па дури и подзамижан.
Нема коментари:
Објави коментар