среда, 7 јануари 2009

Засега барам само одговор,



подоцна и ност ако треба.

Драги секретеријату за легислатвни прашања и уште подраги сограѓани,

Ја, поради чуствувата на огорченост и пред се збунетост од прекуноќните закони на оваа 6-месечна влада (кутрата си е троа постара ама се испосеруе ко месече), барам полусродна душа која може да ми подобјасни оти:

Не се продава пиво после 7, а кафанине полни до бескрај, згора на што копиљаци испод прозор уште ми вреват до немајкаде, до 2 или некош 3 пополноќ, со и без алкохол. Еве, син ми пред еден месец рече оти пеење ќе одел да гледа, а ќор пијан ми се врати, не ни виде кај дошол.

Ја и жена ми си имаме мака. Ја на кожа, она на стомак. Еми шо да праиме кога за секоја една павловиќева и линекс треба на лекар да се појде. Оти не може ко порано, кај аптекраот и толку. Сеа иди ми дојди ми за секое сврбење и затнуење. Па не бараме ни вазелин ни антибиотици.

Ни ова со лобирњево не ми е јасно. Владата не го забрани, ама го стори под толкава контрола што на лобист-поединц (ко трговец поединец) и не му се исплати да се чепка. Башка шо и Он је Македонија, нели.

А и ова со кесиве. Чунки ќе почнеме да живееме во почист, помалку кесест и пластичен свет. Ама како е можно тоа со минихартиени кеси без дршки и истите оние кеси од вчера што сега се продаваат симболично по 2-3 денари. Па зар екологијата и животната средина се симболични простори на нашето посоење?
Нејсе.

Ама што со ова “прај деца – државата ќе ти плати”. Да им се помогне на немошните е човечност, ама и тоа има граници. Јас се согласувам да им се подаде рака на сиромашки фамилии што немаат многу, ама имаат, едно две златни дечиња, ама кој К** и самите прават 3, 4, 5 ... ако немаат за тоа сретства. Башка бре стварно преку таквото нашите пари кои ни ги земаат во секаков вид – данок, осигурување, премии – да се арчат за некој си сперм-донатор. Да не збориме за неженството и абортусот.

Па и еден ред други навидум бенигни закони како веронаука во школо, па то бре го нема не у Београд него у познији средни вјек. Башка навидум имало избор, но само и само ако има повеќе заинтересирани. Па не е ова курс по германски јазик у приватно школо.

Или со пушењето. Пуши надвор, па пуши малку внатре, надвор, па внатре. Ма или ич или брич – во иста меана две подмеани, една за пушење, друга за непушење.
Или пак оној тотално оптиконски закон за пријавување, АКА кодошење. Ако работодавецот не го пријави работникот, тогаш работникот е должен да го пријави работодавецот за непријавување, во спротивно ќе биде казнет. Од кого? И двамата се разбира.

Мене околу овие и ред други ме секираат неколку работи. Прво, неконзистентноста во спроведување. По села и мали населени места ем се шитка бира ем се “ебено” работи и по полноќ. Башка шо комшијата ми кажа како видел една парламнентарна група во бифето на кино Фросина како си пушат на неозначени места. Ама пострашно ми е да замислам ваква (несфатлива и збунувачка бар замене) легислатива на локално ниво. Замислете:

Во нашите, зборам скопски оти од тука и сум, лични карти да стои – Македонец, Скопјанец. Да се знае секогаш точно од кај сме, ем да им докажеме на Охриѓани кој им праи намногу профит во кафани и по полициски ‘рутински” контроли. Башка адут плус кај Грците.

Да се казнува секој Скопјанец кој или во животот свој нема да извика: “Секс со Битолчанки”, или ќе подржува прволигаш кој не спаѓа во неговата општина. Чаирчанец да навива за Цементарница. Ауу! Недопустиво.

Да се ослободи од годишни даноци секој Скопјанец шо ќе донесе невеста нескопјанка да му измеќари. Во спротивно, казна. Нескопски зет е исто така недопустиво. Факин Матер-и-раат Брате.

Секој Скопјанец кој се сексал на Водно, а при тоа не извикал: “Скопје, радост ти ќе бидеш!” и истовремено не користел кондом да се казни со 300 евра и 3 месеци затвор пореади опасност од ширење нерасположение и преносиви болести.

Во сите скопски градинки и основни школи задолжително да се изучува скопската древна и модерна историја. Надворешните непријатели како Пиколомини (поради ватереност), Глигоров (поради штипјаност) и внатрешните како Костовски (поради неверојатен недостаток на многу нешта) треба да се осудат. Додека вистинските мали луѓе-герои и луѓе градски-бележници како: Саво, Кире, Љубе лигавиот, Џексонот, Бошко, Џанадарот, Стоилко и други, треба да се величаат и слават.

Како стимул и развој на локалната економија - специјални платежни картички со кои сите докажани Скопјани ќе имаат попуст при купувањето на локалните, а сепак национални брендови, како Дестан-ќебап, Боза од Апче, Скопско, Дал Мет пица и останати.

Еднаш месечно, Скопјани нема да смеат да ги шетаат своите миленици од тип куче, со што ќе се сочуваат бар малкуте тревните површини од риењето на нивните шепи и реата од нивниот измет. Тој ден, сопствениците ќе мора да ги трпат кучешките срања по дома.

Но она што мене најмногу ме плаши не е самата ваква ноќна мора, ами стравотиците од хоророт невиден на јавето. И затоа прашувам, и засега само барам одговор на прашањето дали е можно ова да не биде јаве? Дали е можно сограѓаните ни наши мнозински да бидат пак прелажани (идијоти) и да го изберат патакот кој ќе го назначи гратското пиле. Не сум јас ни за ружи и ѕвезди (и тија се отепани на други начини), ами сум си за себе, сите, се.

Ваш,

Ристо Симоновски
Непрокопсан и неуспан граѓанец.

3 коментари:

Pornocrates рече...

Не, не е можно.

Иако, можно е од друга страна - тогаш ќе се види дека Бранко е сељак од охридско, а не како што познатата заблуда го лоцира како Скопски сељак. Истото важи за сите други сељаци што се покондурија преку партиите. А ВМРО ги има најмногу (СДСМ барем грото се скопски педерчиња и шмизли).

И само една дополна: Скопјаните што ебат на Водно треба да се казнат ако не пеат „Скопје радост ти ќе бидеш!“ во моментот на оргазмот и ако користи кондом. Користењето кондоми е јавен непријател број 1, 2, 3 и 15 на семакедонската кауза за зголемување на наталитетот. Ширењето на преносливи болести ќе се реши откако ќе имаме слики црно-на-бело од сидашите, дрогашите, ненормалните и триперашите преку камерите што ќе ни ги начукаат. Во болниците, не во г'з (барем се надевам).

Искрено ваш, Бојан. Антиќ, во случај да сакате да ме начекате на „рутинска“ контрола.

Tako рече...

Благодарност до тебе soul-граѓанину Бојан. Ми се допаѓа 'твојата' идеа за јавнo достапна листа на ризични граѓани. И се надевам дека не си луд да одиш на Водно пеш.

Рутинска? - па тоа зависи од твоите пост-божични whereabouts, и од тоа али се 'лизгаш' или "лазиш" по скопскиве улици.

Pornocrates рече...

Не можам да „лазам“, пошто немам пари за пиење по кафичи. Немам пари за пиење по кафичи затоа што ме отпушти газдата од кур ќеиф - му се може со законот.

Ама затоа не им го плаќам данокот на невенчани. Не од инает. Едноставно неам пари. Немам пари за свадба, не па ли за казна.

Добро, пари за пиење и данок може ќе се најдат, не сум отпуштен, али сте виделе ценовник на една просечна свадба? Не е испод 1.000 евра.